Стефанија Гаштарска, прва македонска балерина во Бољшој: „Болката е заштитен знак на балетот“

Си имала ли некоја повреда досега?

Сум имала повреда на тетивата, зглобот и сериозна повреда на коленото. Но, за среќа, сето тоа остана во минатото.

Дали внимаваш на исхраната?

Под внимавање ако се подразбира диета, не. Ама секако се хранам исклучиво здраво, вегетаријанка сум и внимавам во текот на денот на телото да му дадам сè што му е потребно за да може да ги издржи јаките тренинзи што ги имам секојдневно.

stefanija-gashtarska-prva-makedonska-balerina-vo-boljshoj-bolkata-e-zashtiten-znak-na-baletot-16.jpg

Да не беше балерина, ќе беше …

Тенисерка или актерка.

Си имала ли некоја романса со партнер од сцената? Има ли доволно мажи балетани?

Романса сè уште сум немала. Секако дека има доволно, во светот, балетан е многу ценета професија.

stefanija-gashtarska-prva-makedonska-balerina-vo-boljshoj-bolkata-e-zashtiten-znak-na-baletot-02.JPG

Колку во Македонија се цени балетот?

За жал, немаме таква традиција и толку сериозен пристап кон балетот и општо кон културата како што имаат во Русија. Но, искрено се надевам дека тоа ќе се смени и ќе се цени повеќе во иднина.

stefanija-gashtarska-prva-makedonska-balerina-vo-boljshoj-bolkata-e-zashtiten-znak-na-baletot-09.jpg

Што си посакуваш за 5/10 години отсега?

Посакувам да станам првенка во мојот театар од соништата: Бољшој Театарот.

Фотки од Стефанија:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Астро ќоше со Ксенија Николова: „Лав сум во хороскоп, a подзнакот Девица е виновник за мојата органи... „Мојот знак е Лав и во многу мои димензии го препознавам. Љубовно низ животот на...
Бале Брзи (72) е херојот од Скопски маратон, истрча 42km во македонска народна носија: „Трчам уште о... „Го имаме неформалниот победник на маратонот! Не трчаше за медал, туку за Македо...
Браво за нашите млади таленти! Стефани од Гостивар, која црта со кафе, вино и низа техники, ќе ја им... „За портретите многу се важни контурите, сенките и целокупната изработка, а, пак...
Јулија Мациевска за CRNOBELO: „Не излегов од дома една година откако Андријана замина во вечноста“ „Внуката Стефанија сега има 26 години и е дипломирана актерка. Се радувам што из...
Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
Бока Конга за CRNOBELO: „Прстите болат по настап, ама тоа е знак дека си дал сè од себе - имало и по... „Балканот го освоивме, а веќе сме закажани и низ Европа - Австрија, Швајцарија, ...

Најчитани неделава