Бока Конга за CRNOBELO: „Прстите болат по настап, ама тоа е знак дека си дал сè од себе - имало и повреди“

„Балканот го освоивме, а веќе сме закажани и низ Европа - Австрија, Швајцарија, Германија. Реакциите се фантастични - не очекував толку брзо да се поврзат со енергијата. Но, луѓето реагираат спонтано, без предрасуди - ако чувствуваат ритам, се движат. Тоа ми е најголемиот комплимент“, вели за CRNOBELO.com Бока Конга, кој почна со настапи низ регионот и Европа.

boka-konga-za-crnobelo-prstite-bolat-po-nastap-ama-toa-e-znak-deka-si-dal-se-od-sebe-imalo-i-povredi-01.jpg

Бојан Стојанов или Бока Конга, со години е задолжен за едни од највеселите забави кај нас. Кога тој ќе почне да чука на конгите, гостите се креваат на нозе, почнуваат да играат, сакаат уште и го тераат да се врати дури и откако ќе заврши неговиот настап.

Низ годините настапувал во многу клубови, на свадби, приватни забави и реакциите се секаде исти. Но, такви се и реакциите низ европските градови, каде што тој почна да настапува неодамна.

Па сега, освен во Македонија, во звукот на неговите конги и енергичните настапи можат да уживаат и во Виена, Белград, низ неколку германски градови.

За својата кариера, љубовта кон тапанот пред да почне да свири на конги, но и колку се разликува балканската и европската публика од домашната, тој ни раскажа во интервјуто:

По долги години настапи во македонските клубови и на приватни забави, конечно реши да „попуштиш под притисокот“ и да почнеш со настапи и надвор. Која беше причината?

Искрено, не беше притисок колку што беше природен чекор.

По толку години свирење дома, почувствував дека е време енергијата што ја носам да ја споделам и надвор од Македонија.

Луѓето постојано ме прашуваа кога ќе настапуваме во Белград, Виена, Загреб… и во еден момент си реков - зошто да не?

Музиката нема граници.

boka-konga-za-crnobelo-prstite-bolat-po-nastap-ama-toa-e-znak-deka-si-dal-se-od-sebe-imalo-i-povredi-16.jpg

Веќе имаше настапи низ регионот, најави за нови низ Европа. Какви се првите реакции на тамошната публика?

Да, целиот Балкан го освоивме, а веќе сме закажани и низ Европа - Австрија, Швајцарија, Германија.

Реакциите се искрено фантастични. Не очекував толку брзо да се поврзат со енергијата.

Луѓето реагираат спонтано, без предрасуди - ако чувствуваат ритам, се движат. Тоа ми е најголемиот комплимент.

boka-konga-za-crnobelo-prstite-bolat-po-nastap-ama-toa-e-znak-deka-si-dal-se-od-sebe-imalo-i-povredi-13.jpg

Дали и публиката во Белград, Виена реагира со истата страст штом ќе почнеш да удираш на конгите?

Апсолутно да. Можеби културите се различни, ама ритамот е универзален јазик.

Во моментот кога ќе почнат конгите, нема разлика дали си во Скопје, на Балканот или Европа - сите се на нозе.

Колку е тешко еден час да го држиш истиот ритам, да си супер расположен и да не им дозволиш на гостите да седнат?

Мојот сет трае околу еден час, понекогаш и повеќе.

Физички е напорно, нема лага, ама адреналинот те носи.

Кога ќе видам дека никој не седнува, јас добивам уште повеќе енергија.

boka-konga-za-crnobelo-prstite-bolat-po-nastap-ama-toa-e-znak-deka-si-dal-se-od-sebe-imalo-i-povredi-03.jpg

А колку те болат прстите по настапот или после толку години, болката е занемарлива?

Има болка, нормално, ама навикнуваш.

Тоа е „слатка болка“. Знак дека си дал сè од себе.

boka-konga-za-crnobelo-prstite-bolat-po-nastap-ama-toa-e-znak-deka-si-dal-se-od-sebe-imalo-i-povredi-10.jpg

Како почна да свириш на конги? И каде е тука тапанот, за кој многумина не знаат дека ти е подеднакво голема љубов?

Музиката ми е во животот од мал. Тапанот беше првата љубов, со него почна сè.

Подоцна дојдоа конгите, како природно продолжение.

Двата инструмента ги чувствувам како дел од мене.

boka-konga-za-crnobelo-prstite-bolat-po-nastap-ama-toa-e-znak-deka-si-dal-se-od-sebe-imalo-i-povredi-22.jpg

На што е потешко да се свири - на конги или тапан?

Секој инструмент си има своја тежина.

Тапанот бара дисциплина и прецизност, конгите бараат чувство, душа и контакт со публиката.

Зависи што сакаш да кажеш со музиката во моментот.

boka-konga-za-crnobelo-prstite-bolat-po-nastap-ama-toa-e-znak-deka-si-dal-se-od-sebe-imalo-i-povredi-05.jpg

Ти се случува ли да мораш да „одглумиш“ расположение кога не ти е денот? Дали те крева добрата атмосфера?

Да, се случува - ние сме луѓе. Ама штом ќе излезам на сцена и ќе ја почувствувам публиката, сè друго исчезнува.

Атмосферата мене ме крева исто колку што и јас правам да ја кренам нејзе и нив.

boka-konga-za-crnobelo-prstite-bolat-po-nastap-ama-toa-e-znak-deka-si-dal-se-od-sebe-imalo-i-povredi-06.jpg

Низ сите овие години, сигурно имало некоја убава и неубава случка што нема да ги заборавиш... Кои се тие?

Убава се моментите кога цел клуб пее, снима и игра заедно, а јас гледам дека сме сите едно.

Неубава - повреди и премор, кога телото вели „стоп“, ама срцето сака уште.

boka-konga-za-crnobelo-prstite-bolat-po-nastap-ama-toa-e-znak-deka-si-dal-se-od-sebe-imalo-i-povredi-11.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Катерина Шехтанска за стилот и убавината: „Не одам никаде без патики, со балет и фастинг лесно го на... „Имам среќа што брзо симнувам килограми, иако, брзо и качувам. Од никаква х...
Владо Јаневски за CRNOBELO: „Татко ми почина кога бев млад, песната што му ја посветив не ја пеам на... „Не се сметам за заводник. Јас секогаш сум требал да се помачам за девојките што...
Антониа Гиговска за новиот албум: „Роберт го замисли целиот проект, круната е за него - Киан ја обож... „Имаше многу интересни моменти на снимањата, па на спотот за „7 дена, 7 ноќи“, с...
Хрватскиот комичар Винча за CRNOBELO: „Мајката на сопругата се гордее кога се шегувам на нејзина сме... „Па што ако некој се навреди, тоа е сосема нормална човечка реакција! Такви...
Стефанија Насеска имаше ревија во Кина: „Ми дадоа лично обезбедување, публиката се туркаше да се фот... „Кога на режисерот на ревијата му ја раскажав инспирацијата за мојата колекција,...
Наталија Данаилова за родниот град: „Во Богданци зад куќата имам рид, се будам со песната на птиците... „Прва асоцијација кога се говори за моето родно Богданци е природата т.е ридот, ...

Најчитани неделава