Андријана Пејковска: „Планинското јавање ми е лек за душа, коњите се фасцинантни суштества“

Сметаш ли дека во Македонија коњите добиваат соодветна нега и третман?

Добро знаеме дека во Македонија најчесто ги користат коњите за запрежни коли, носење на дрва во планинските предели, па и за орање на ниви. Многу често можеме да ги видиме по улиците слаби, прегладнети и изнемоштени.

Наместо да им се пружи обострано уживање и задоволство во природа, луѓето ги користат коњите само за лични потреби без каква било милост кон нив. За жал, надлежните во нашата земја сè уште ништо немаат превземено околу овие работи.

andrijana-pejkovska-planinskoto-javanje-mi-e-lek-za-dusha-konjite-se-fascinantni-sushtestva-13.jpg

Затоа ние (Hedon Riding) се трудиме со вакви тури да им го пружиме тоа уживање да е обострано и да ја почувствуваат повторно природата без да извршуваат тешки задачи.

Тие коњи ги користеле за носење дрва од по 250-300 кг по коњ, па сакавме на некој начин да им олесниме и на коњите и да им помогнеме и на локалните жители да ги зголемат финансиските добивки со помалку труд, а во исто време да помогнеме во зачувување на шумите и намалување на нивна експлоатација.

Со ова придонесуваме за развој на самото место и од економски и од туристички аспект. Исто така, пробуваме да направиме и промоција на езерото Локув, до кое како што споменав може да се стигне само со пешачење или коњ низ шумски предел, кој на некои предели е и стрмен.

andrijana-pejkovska-planinskoto-javanje-mi-e-lek-za-dusha-konjite-se-fascinantni-sushtestva-16.jpg

Зошто јавањето на коњ е лек за душа?

Живееме во општество каде сме задушени и преокупирани од секојдневните обврски и сакаме бегство од реалноста, а најдобар начин за тоа е преку уживање на природните богатства кои ги нуди нашата држава. Едно од најдобрите уживања кои можеме да ги добиеме во природа е преку планинско јавање на коњи кое ни овозможува без голем напор, да ги совладаме и високите планини кои сме сметале дека се недостижни за нас поради недоволната физичка спремност.

При самото седнување на седло, човечкиот инстинкт ве тера да ги совладате сите стравови што ги имате и да верувате во себе, а воедно тоа го пренесувате и на вашиот коњ. Чувството да се биде на коњ е смирувачко, но во исто време ве прави да се чувствувате и моќно, како да сте способни да ги освоите сите препреки кои се наоѓаат пред вас.

Самото јавање ве тера да заборавите на сите грижи и да се ослободите од стресот.

andrijana-pejkovska-planinskoto-javanje-mi-e-lek-za-dusha-konjite-se-fascinantni-sushtestva-05.jpg

Зошто одморот поминат со коњ и под отворено небо е најдобар одмор?

Слободата што ја имаат коњите за совладување и искачување на различни терени, е незаменлива со ниедно моторно возило. Особено јавањето на коњи во близина на село Требиште, е едно од најдобрите искуства што може да го добиете, бидејќи турите што се организираат пред сè се приватни и во група од максимум 6 луѓе, што овозможува пријатно и интимно дружење со најблиските со кои сакате да поминете време во планина.

Секое мое одење во тој предел се чувствувам како да јавам на 4 различни локации. На почетокот на патеката сè уште се чувствува белегот на луѓето и нивните ниви кои наликуваат како оние од народни приказни. Потоа следи предел со папрати кој ви дава чувство како да се наоѓате во некоја џунгла.

andrijana-pejkovska-planinskoto-javanje-mi-e-lek-za-dusha-konjite-se-fascinantni-sushtestva-07.jpg

Од „џунглата“ се навлегува во предел кој наликува на прашума, каде што патеката станува прилично стрмна и е опколена со разна вегетација. Крајот на патеката е како од приказна. Од прилично длабока сенка и стрмна шума, се излегува на голема рамнина со висока трева, а во прв поглед е ледничкото езеро Локув.

Ретко кој предел може да ги понуди сите овие убавини собрани на едно место кои будат чувство на задоволство и мир.

andrijana-pejkovska-planinskoto-javanje-mi-e-lek-za-dusha-konjite-se-fascinantni-sushtestva-06.jpg

Топ 3 места во Македонија на кои би однела посетители од странство …

Како локација најблиска до Скопје, секако ќе ја одберам Матка каде што може да се избега од градските горештини и да се ужива во природните убавини на кањонот.

Неизбежен за посета е и Охрид кој е светски познат како Балканскиот Ерусалим, а како трета локација би го одбрала Лазарополе со цел посетителите од странство да го почувствуваат возобновениот селски живот и убавините со кои располага овој предел.

andrijana-pejkovska-planinskoto-javanje-mi-e-lek-za-dusha-konjite-se-fascinantni-sushtestva-09.jpg

Што му недостига на туризмот во Македонија?

Жално е што ние Македонците многу малку го цениме и негуваме руралниот туризам. Интересно е тоа што странците бегаат од големите градови и наоѓаат мир во места какви што Македонија има еден куп.

Природните богатства со кои располага Република Македонија се непроценливи и недоволно искористени. Почнувајќи од најниските котлински точки, потоа езерските површини, па сè до планинските врвови има безброј знаменитости коишто пленат со природни убавини. Наместо да бегаме сè повеќе во големите градови со цел да успееме, треба да почнеме да обрнуваме внимание и помалите градови и села, како и на природните богатства кои се во нивна близина.

Слабата едукација на локалното население, која ја добиваат само од невладиниот сектор, за искористување на нивниот потенцијал кој го имаат во самото место не е доволна како помош за развој на туризмот. Сепак потребни се и финансиски средства и олеснување при бирократијата, даноци и давачки кој ги плашат да почнат да го нудат тоа што им е во нивниот „двор“.

andrijana-pejkovska-planinskoto-javanje-mi-e-lek-za-dusha-konjite-se-fascinantni-sushtestva-13.jpg

andrijana-pejkovska-planinskoto-javanje-mi-e-lek-za-dusha-konjite-se-fascinantni-sushtestva-08.jpg

andrijana-pejkovska-planinskoto-javanje-mi-e-lek-za-dusha-konjite-se-fascinantni-sushtestva-15.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Нема бенефит од доењето, постои само ризик од недоење“: Наташа Ц. Тодосовска, специјалист за доење ... „Сите слики од доење кои ги гледаме на социјалните медиуми се најчесто од мајка ...
Бобан Алексов живее 6 години во Данска: „Заминав 'на слепо', работа најдов случајно на Фејсбук, живо... Боби Алексов (37) од Скопје, 6 години живее во Оденсе, Данска. За себе вели дека...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Вики Чадиковска за стилот и убавината: „Се будам во 5 часот со цеден лимон и вода, се откажав од сла... „Тања Кокев го изработи фустанот за еден важен семеен настан и буквално ја прене...
Педијатар специјалист Звезда Спасовска: „Детето треба да става играчки во уста за имунитет, лекови з... „Покачената температура е еден од најчестите симптоми кај децата кога се болни. ...
Симона Петреска, мотиватор и животен тренер: „На минатото треба да гледаме како на учител, а во живо... „Во еден период мислев дека постојам само за да ги задоволам луѓето кои беа прис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg