Андријана Пејковска: „Планинското јавање ми е лек за душа, коњите се фасцинантни суштества“

23-годишната Андријана е вљубеничка во коњите, која вели дека на турите со планинско јавање ги имала најубавите мигови како средба со питома срничка, откривање на предели со недопрена природа во Македонија и што уште не.

andrijana-pejkovska-planinskoto-javanje-mi-e-lek-za-dusha-konjite-se-fascinantni-sushtestva-01.jpg

Андријана Пејковска има 23 години и е дипломиран машински инженер. Моментално работи во ревизорска компанија како ИТ ревизор, но е вљубеник во коњите и природата.

Таа веќе една година се занимава со планинско јавање на коњи и се усовршува во тоа од ден на ден.

За CRNOBELO.com таа открива од каде е оваа нејзина страст:

Од каде љубовта кон коњите и јавањето?

Коњите претставуваат едни од најелегантните животни кои во исто време изгледаат моќно, но и смирено. Од секогаш ме фасцинираше конекцијата којашто се има помеѓу коњот и неговиот јавач, па љубопитноста ме натера да пробам дали е навистина така како што и изгледа од страна.

Првото искуство со јавање на коњи го имав пред околу 6 години кога и го потврдив мислењето коешто го имав претходно.

andrijana-pejkovska-planinskoto-javanje-mi-e-lek-za-dusha-konjite-se-fascinantni-sushtestva-02.jpg

Топ 3 совети за сите кои првпат во животот се качуваат на коњ …

Нормално е да се има чувство на несигурност и страв при првото качување на коњ, но многу е важно да сте сигурни во себе, бидејќи таа сигурност ја пренесувате и на коњите. Бидете опуштени или барем пробајте да се опуштите, само така ќе можете да го имате правото искуство.

Исто така, не заборавајте дека вие сте тие што го контролирате коњот, а не тој вас. Како трет совет, би напоменала секогаш да се носи удобна облека при јавање, како и заштитна кацига, со цел да имате пријатно и безбедно јавање.

andrijana-pejkovska-planinskoto-javanje-mi-e-lek-za-dusha-konjite-se-fascinantni-sushtestva-12.jpg

Најинтересна случка за време на некое јавање …

Како најинтересна случка до сега, можам да ја издвојам блиската средба со мало срниче кое беше доста љубопитно да види кои се новите посетители на нејзиниот дом. Беше доста питома и за чудо не беше плашлива, најверојатно бидејќи беше сè уште малечка.

andrijana-pejkovska-planinskoto-javanje-mi-e-lek-za-dusha-konjite-se-fascinantni-sushtestva-03.jpg

Најнемил настан за време на јавање …

Треба да се има предвид дека и коњите се живи суштества, па знаат да реагираат различно на ситуации. Имаше ситуација каде што еден од јавачите со кои заедно бевме на тура го промени однесувањето на коњот на кој јаваше. Во еден момент коњот се вознемири и почна да прета, со што јавачот мораше веднаш да се симне од коњот.

Потребно беше коњот да почувствува сигурност од страна на јавачот за да можеше повторно да се продолжи со јавање.

andrijana-pejkovska-planinskoto-javanje-mi-e-lek-za-dusha-konjite-se-fascinantni-sushtestva-14.jpg

Кој предел од Македонија ти е омилен за планинско јавање?

Најомилен предел за планинско јавање ми е во западна Македонија, на планината Дешат поточно во близина на село Требиште кое се наоѓа на неколку километри оддалечено од Ростуше. Бидејќи е заштитена област, односно национален парк, единствен пристап до областа е само со коњи и пешки, но тоа е и најдобриот начин за да се прикаже и доживее оваа природа.

Овој предел е претежно е покриен со букова шума, каде се забележуваат и доста стари стогодишни дрвја. На оваа планина се наоѓа и езерото Локув кое се смета за најниско ледничко езеро во Македонија, на надморска височина од 1565 м. Интересен факт за овој предел е тоа што тука живее и познатиот балкански рис кој е единствен од овој вид во светот.

Турите со коњите ги организираат луѓе од Скопје во соработка со локалните жители на Требиште кој може да ги најдете на Инстаграм или Фејсбук и кои нудат тури за посета на езерото Локув. Патеката до езерото е обележана и во должина од околу 8 километри.

andrijana-pejkovska-planinskoto-javanje-mi-e-lek-za-dusha-konjite-se-fascinantni-sushtestva-11.jpg

Колку си приврзаник на руралниот туризам? Омилени села во Македонија?

Тишината и мирот коишто можат да се почувствуваат во село или на планина, не може ни да се замислат кога сме во град. Во зависност од обврските кои ги имам, гледам секој викенд да избегам надвор од Скопје и да заминам на планинско јавање или во посета на некое село.

Како најомилено село морам да го издвојам селото од каде што потекнува дедо ми, односно Ново Село во близина на Прибилци, Демир Хисар. Потоа Лазарополе и село Зовиќ, Мариово.

andrijana-pejkovska-planinskoto-javanje-mi-e-lek-za-dusha-konjite-se-fascinantni-sushtestva-04.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Нема бенефит од доењето, постои само ризик од недоење“: Наташа Ц. Тодосовска, специјалист за доење ... „Сите слики од доење кои ги гледаме на социјалните медиуми се најчесто од мајка ...
Бобан Алексов живее 6 години во Данска: „Заминав 'на слепо', работа најдов случајно на Фејсбук, живо... Боби Алексов (37) од Скопје, 6 години живее во Оденсе, Данска. За себе вели дека...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Вики Чадиковска за стилот и убавината: „Се будам во 5 часот со цеден лимон и вода, се откажав од сла... „Тања Кокев го изработи фустанот за еден важен семеен настан и буквално ја прене...
Педијатар специјалист Звезда Спасовска: „Детето треба да става играчки во уста за имунитет, лекови з... „Покачената температура е еден од најчестите симптоми кај децата кога се болни. ...
Симона Петреска, мотиватор и животен тренер: „На минатото треба да гледаме како на учител, а во живо... „Во еден период мислев дека постојам само за да ги задоволам луѓето кои беа прис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg