Владислав Илиќ, македонскиот стенд-ап комичар кој настапи на BBC за животот во Лондон: „Мора да си издржлив или градот ќе те скрши“

Сигурно ги има многу, но која е најсмешна шега што ја имаш кажано за време на твоите настапи?

Во светот на комедијата, има шеги кои ги именуваме како „ЗЛАТНИ“ – шеги кои никогаш нема да застарат. Не би можел да одвојам една, бидејќи различни шеги функционираат во различни формати. Многу е потешко кога читате виц да се насмеете гласно, полесно е да го кажете тоа пред група луѓе.

Шега која е во тренд со Англичаните за сега е: A woman made me come here, multiple times, in one day.

vladislav ilic stand up komicar koj nastapi na bbc vo momentot koga prestanav da se grizam sto mislat drugite za mene stanav pozitiven magnet za publikata 2

Може ли да се живее како стенд-ап комичар во Лондон или мора да се работи и уште некоја работа паралелно?

Повеќе од девет години работам како изведувач со уште една работа со пола работно време. Не можам сè уште целосно да се издржувам од комедијата, но мислам дека и тоа брзо ќе стигне.

Лондон е многу скап, а стенд-апот не секогаш е добро платен. Таа е лошата страна, а добрата е дека можеш да настапуваш секоја ноќ.

Има различни стенд-ап настани во Лондон, секоја ноќ. Доколку сте дисциплинирани и талентирани, можете да станете многу добар, многу бргу. Другите артисти не го можат тоа.

На пример, актерите во просек добиваат три до пет работи годишно. Едноставно, малку работно време. Исто така, треба да имаат среќа и да се добро платени за да не мора да работат како келнери или оператори на повици додека ја чекаат следната работа.

Актерите кои работат само како актери во Лондон е многу ретка појава.

Тоа целото „дојдете и остварете си ги соништата” е малку како илузија. Верувам дека музичарите подобро се снаоѓаат, гледам многу млади музичари кои се трудат и некои од нив се многу добри.

Како и да е, неверојатно е тешко, особено сега со политичката клима, додека се случува Брегзит, кога ви е потребна дополнителна документација и не сите се среќни да гледаат странци.

Кои се предности, а кои недостатоци да си странец во Лондон?

Никој не те суди за тоа кој си, огромен град и скоро сите се странци кои доаѓаат во Лондон. Предност е да можеш да дојдеш тука и да се изградиш повторно, од темели, во најдобрата верзија за себе.

Недостатоците – Лондон НЕ е пријателски град. Доколку не познавате некого или немате некаков контакт, може да се чувствувате многу осамено и изолирано, особено при првото пристигнување.

vladislav ilic stand up komicar koj nastapi na bbc vo momentot koga prestanav da se grizam sto mislat drugite za mene stanav pozitiven magnet za publikata 3

Отсекогаш ме интересирале реакции на луѓето на одреден вид на професии. Владислав, кажи ми како луѓето реагираат кога ќе им кажеш дека си комичар?

Избегнувам да го споделам тоа, бидејќи тогаш се чувствуваат непријатно, мислат дали шегите што ќе ги кажат нема да бидат доволно смешни пред еден стенд-ап комичар.

Некогаш им кажувам и веднаш прашуваат: „Ајде кажи ми некој виц”. Тие се луѓето поради кои мислам дека Земјата е пренаселена.

Некои го прифаќаат тоа најнормално и со нив имам убав муабет и се смееме.

Кои се најдобрите, а кои најлошите работи да се биде стенд-ап комичар во 21 век?

Да почнеме со лошото. Платформите како Твитер и Инстаграм им даваат моќ на луѓе кои ги злоупотребуваат овие алатки да објават злобни и безобразни работи за тебе, користејќи анонимни профили. Тоа е незрело и кукавично однесување и е втората причина зошто мислам дека Земјата е пренаселена.

Доброто – повеќе луѓе се заинтересирани за стенд-ап, а глобализацијата нè приближи сите како луѓе и се јавува интернационален интерес за комичари од Балканот и источна Европа.

На Малта еднаш имав настап пред осумстотини луѓе, ги слушав како се смеат сите во еден глас и тоа беше најневеројатното чувство во светот. Искрено, еден од најдобрите мигови во мојот живот. 

Постои ли нешто за што никогаш не би се шегувал?

Општо не се шегувам со нештата каде шегата може да се сфати како омаловажување на некоја мала и ранлива заедница. Дома на пример имаме навистина невкусни шеги за Ромите, шеги кои искрено никогаш не сум ги разбирал.

Не се чувствувам подобро смеејќи се на туѓа сметка, кога шегата се базирана на нив како раса. Овие луѓе се третата причина зашто мислам дека Земјата е пренаселена.

Со ова прашање ќе го завршиме разговорот, што е она што тебе најмногу те смее?

Голем обожавател сум на слапстик хуморот. Од Чарли Чаплин до Мистер Бин и Џим Кери, навистина уживам во овој тип на хумор и секогаш се смеам до солзи, посебно Чаплин бидејќи ме навраќа во топлите сеќавања од детството кога за прв пат гледав еден негов скеч.

Исто така уживам во хумористичните навики и несвесните движења на животните. BBC има покриено доста документарни програми за животните низ целата планета и има безброј сцени од хумористични моменти.

Толку се слични во нивното однесување на нас што понекогаш помислувам дека размислуваме исто како нив. 

Ако имам шанса да се реинкарнирам во животно во другиот живот, би сакал да бидам пингвин.

vladislav ilic stand up komicar koj nastapi na bbc vo momentot koga prestanav da se grizam sto mislat drugite za mene stanav pozitiven magnet za publikata 1

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Јелена Розга за CRNOBELO: „Мислев ќе се срушам од убавина кога публиката ја пееше ‘Гинем’ на цел гла... „Утрото пред концертот имав некој чуден страв, па ѝ се јавив на другарка ми и ѝ ...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...
Хелена Роза по 4 години се врати од Нов Зеланд: „Заминав на 39 години, завршив факултет и сега со со... „2022 ми беше една од најубавите години - конечно зедов дозвола за возење мотор ...
Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg