Денис Давитковски живее во Прага: „Чесите те ценат кога го учиш нивниот јазик, а стариот дел од градот Прага ми е во срце“


Денис Давитковски живее во Прага: „Чесите те ценат кога го учиш нивниот јазик, а стариот дел од градот Прага ми е во срце“

Денис Давитковски (26) од Куманово е дипломиран актер на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, ЕСРА – Скопје, кој пред четири ипол години се пресели во Прага, продолжувајќи со своите студии по актерска игра на Факултетот за драмски уметност, ДАМУ. 

denis davitkovski akter i reziser cesite se truda koga im zboruvash na niven jazik a stariot grad na praga otsekogas mi bil i kje mi bide omileno mesto 8

Денис во моментот работи како фриленсер-актер, за првпат застанува во позиција на филмски режисер и во тек е снимањето на неговиот втор краткометражен филм. Покрај глумата и режијата, обожава да патува и верува дека сите нови места, различни култури и јазици со кои бил во контакт пред сè го збогатиле како човек, а потоа и како актер.

„Годините поминати во Прага ги паметам како ролеркостер возење. Секоја година претставува посебна приказна, каде лично го засведочував процесот на трансформација, на она созревање по кое сите трагаме. Најважно од сè е тоа што сите овие години ми помогнаа да созреам и поубаво да се запознам себеси, а со тоа и светот во кој постојам“, споделува Денис.

denis davitkovski akter i reziser cesite se truda koga im zboruvash na niven jazik a stariot grad na praga otsekogas mi bil i kje mi bide omileno mesto 4

Тој во Прага запознал различни луѓе, од различни уметности. Со сите тие контакти имал можност да ја пронајде и спознае убавината на филмот. Иако последнава година е посветен на филмот, сепак театарот отсекогаш бил и ќе биде негова прва љубов.

И двете уметности ги чувствува за блиски, како да се наоѓа на своја- територија, каде што ја согледува припадноста, а токму таму се крие инспирацијата и возбудата што го следат низ животот.

denis davitkovski akter i reziser cesite se truda koga im zboruvash na niven jazik a stariot grad na praga otsekogas mi bil i kje mi bide omileno mesto 3

„Првите години од животот во Прага правев споредба помеѓу животот во Калифорнија, Македонија и други места кај што имав можност да живеам и патувам. Во моментот Прага ја чувствувам како свој дом. Ми се допаѓа нејзиниот дух, исполнет со младост и забрзан пулс, но истовремено и старост и мистерија. Брзиот начин на живот и целиот тој огромен хаос и темпо се нештата на коишто и ден денес се восхитувам. Од друга страна, тука има и премногу туристи и целиот тој начин на живот не доаѓа од самите Чесите. Тие не се многу отворени луѓе. Да бидам искрен, по толку години тука повеќето од моето друштво се странци“, раскажува Денис.

Стариот град отсекогаш му бил и ќе му биде едно од омилените места во Прага. Постојано губење низ малите улички и откривање на нови места е нешто што ја прави Прага таква каква што е. Иако Чешка е исполнета со природа и некои места изгледаат нереално убави, како што открива Денис, тој самиот постојано се навраќа на градот, кон забревтаниот живот, малите кафулиња, трчањето по метроа и трамваи…

denis davitkovski akter i reziser cesite se truda koga im zboruvash na niven jazik a stariot grad na praga otsekogas mi bil i kje mi bide omileno mesto 5

„На почеток на пандемијата, Чешка супер се справуваше и беше една од подобрите држави, но пребрзото скратување на рестрикциите доведе до значително зголемување на бројот на заразени и стигнавме до црвена зона. Во спротивно од сите негативни случувања што се случија изминатата година, карантинот и не беше толку лош. Се преселив во стан со уште четири луѓе од кои еден е кинематограф, фотограф, танчар и режисер. Дечките за среќа имаат дел од сопствена филмска опрема, така што затворените денови и полициските часови не нè сопреа да бидеме креативни и да работиме“, се присетува Денис.

Една од подобрите работи што ги направил од самиот почеток е учењето на чешки јазик, а исто така и голем чекор за рушење на сите бариери. Во спротивно, Денис верува дела би било многу потешко.

„Чесите се радуваат кога некој се труди да зборува на чешки и воспоставуваат друг однос доколку им го знаеш јазикот. Една од тешките работи да се биде Македонец во Прага е постојаното аплицирање за виза и сите документации што следуваат со тоа“, открива тој.

denis davitkovski akter i reziser cesite se truda koga im zboruvash na niven jazik a stariot grad na praga otsekogas mi bil i kje mi bide omileno mesto 6

На Денис, Прага му овозможила многу нешта. За него претставува можност каде почувствувал дека секој ден се отвораат нови врати, ако претходно „тропнеш“. Додава дека има преголема конкуренција, странски проекти, учење на јазици… сето тоа води до уште поголем борба за работа и труд. Постојано се инспирира од сите луѓе, од кои произлегуваат нови можности.

Во блиска иднина, Денис има во план да се запише на филмска академија во Ирска, но со ситуацијата уште не му се брза. Покрај двата краткометражни филма, работи и на алтернативна театарска претстава и навистина се радува што и покрај пандемијата сè уште има можно да биде креативен и да го работи она што го сака.

denis davitkovski akter i reziser cesite se truda koga im zboruvash na niven jazik a stariot grad na praga otsekogas mi bil i kje mi bide omileno mesto 2

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Владимир Петровиќ - “Мали од Наше Маало”: Прва љубов ми е девојчето од градинка, а потоа глумата Пред 17 години на екраните се појави серијата „Наше маало”, која до ден денес бу...
Ангела Маслова, охриѓанка од Алјаска: во лето на 0ºC децата се по кратки ракави и имаме 24 часа сонц... Сосема случајно на Инстаграм, наидовме на прекрасни фотки од наша девојка која ж...
Игор Џамбазов: Не, немам ќерка! Го знаеме како актер, водител, шоумен, а можеби и никогаш не сте знаеле дека сак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg