Анастасија Паневска, истражувач и асистент во областа на биохемија и молекуларна биологија во Словенија: „Македонците може да студираат бесплатно“

Анастасија Паневска од Куманово во моментот е асистент на Биотехничкиот факултет во Љубљана и работи како млад истражувач во областа на молекуларната биологија и биохемија. 

anastasija panevska mlad istrazuvac vo oblasta na biohemija molekularna bilogija makedonskite ucenici mozat besplatno da studioraaat vo slovenija 1

За CRNOBELO.com го сподели своето искуство од студентските денови, ни откри нешто повеќе за работните ангажмани и за убавината на Словенија…

Уште за време на средношколските денови знаеше дека образованието ќе го продолжиш во Словенија. Своите додипломски студии ги заврши на Биотехничкиот факултет во Љубљана, потоа продолжи на мастер студии по молекуларна и функционална биологија, а неодамна ги заврши и своите докторски студии по молекуларна биологија и биохемија.
Можеш ли да ги извлечеш најбитните моменти од годините кога целосно беше посветена на науката и студирањето?

Всушност, самото мое заминување на студии во Словенија беше спонтано и случајно, пропратено со огромна поддршка и жртва на мојата мајка, на која сум ѝ неизмерно благодарна.

Несвесно се впуштив во таа авантура и сметам дека најбитниот момент на целиот тој пат, покрај поддршката од мајка ми, беше и мојата исклучителна упорност како и фактот дека не се откажувам. Така успеав со голем труд и неверојатна внатрешна сила, да се изборам со сите препреки, кои во мојот случај беа навистина големи.

Вложениот огромен труд во текот на моето студирање, учеството во разни истражувачки проекти, уште во текот на студирањето, ми ги отворија вратите кон науката, а високиот просек ми овозможи добивање на стипендии. Така ја запознав и мојата денешна шефица и менторка за мојот докторат, која ми беше и сè уште е мојата најголема поддршка.

Дел сум од еден исклучителен тим на нашата катедра, кој навистина претставува реткост во научната сфера, бидејќи секогаш искрено и цврсто се поддржуваме, работиме заедно и така остваруваме неверојатни резултати.

Работата во текот на докторатот подразбираше целодневна работа во лабораторија и надвор од неа, во текот на работната недела и преку викендите, а многуте патувања пак и учества на различни конгреси, доведоа до многу клучни познанства и отворени врати за соработка во светски рамки. Сепак најважно од сè беше љубовта и чувството на радост, бидејќи го работам тоа што го сакам и бидејќи секој ден е различен, со нови предизвици и нови решенија.

anastasija panevska mlad istrazuvac vo oblasta na biohemija molekularna bilogija makedonskite ucenici mozat besplatno da studioraaat vo slovenija 11

По завршување на твоите мастер студии во 2016 година почна да работиш како млад истражувач во областа на биохемија и молекуларна биологија. На какво истражување работите во моментот?

Од почетокот на мојата кариера како млад истражувач работам во областа на биохемијата и молекуларната биологија. Конкретно се занимавам со протеински инженеринг со помош на кој продуцираме протеини, кои специфично препознаваат одреден тип на клетки. По специфичното препознавање, преку интеракција со липидни молекули, протеините создаваат пори со кои предизвикуваат уништување на клетките.

Овој механизам има огромна апликација како во медицината така и во биотехнологијата. Во моментот сме фокусирани на развојот на овие протеини како биопестициди од нова генерација.

Истражувањето резултираше со меѓународен патент, повеќе научни трудови и многу награди. Морам да повторам дека работам со навистина исклучителен тим на колеги, прекрасна менторка, а сега и шеф која за својата работа со мене доби награда Ментор на годината, која ја доделува Младата академија.

anastasija panevska mlad istrazuvac vo oblasta na biohemija molekularna bilogija makedonskite ucenici mozat besplatno da studioraaat vo slovenija 9

Освен што работиш како истражувач, во 2018 година доби асистентска позиција на Биотехничкиот факултет во Љубљана и беше прогласена за најдобар асистент. Какво е твоето досегашно искуство на ова поле? Се препознаваш ли себеси во љубопитноста на студентите на кои се трудиш да им го пренесеш знаењето?

Уште во 2016 год. започна мојата работа со студенти, преку лабораториски вежби, па до индивидуална работа со нив на различни истражувачки проекти и дипломски трудови.

Од 2018 добивам асистентска позиција, каде што мојата работа со студентите е уште поинтензивна. Со нив се дружам на различни предмети како што е биохемија, биоинформатика и молекуларна биологија на клеточната мембрана.

Навистина уживам во работата со студентите, кои честопати имаат многу оригинални идеи, неверојатно интересни прашања, па така ми овозможуваат да и јас растам и учам со нив. Се трудам да го препознаам нивниот потенцијал и да ги насочам понатаму.

Сметам дека е од огромна важност да се даде можност на студентите, што повеќе да научат и уште од самиот почеток на нивното студирање да добијат можност да се вклучат во истражувачка работа.

Со нив имам и повеќе од добар однос, бидејќи не многу одамна и јас бев во нивната позиција, па така сметам дека можам уште повеќе да ги разберам и да им помогнам.

Од оваа година сум и ментор на втора година на нашиот факултет, што значи дека сум уште повеќе инволвирана во нивниот целокупен развој на сите подрачја кои ги нуди нашиот факултет.

Така на пример, преку организација на различни настани со нив, како што се денови на кариерата, каде што студентите се во директен контакт со различни компании, им помагаме да го прошират својот круг на познанства и да бидат поспремни за нивното прво интервју за работа.

BeFunky collage

Македонците имаат можност бесплатно да студираат во Словенија. Можеш ли накратко да им објасниш на идните студенти како се одвива постапката и што е пресудно за да можат образованието да го продолжат таму?

Македонските ученици имаат можност за бесплатно студирање на сите државни универзитети во Словенија. Точките кои студентите ги добиваат при уписот се пресметуваат од просекот на оценки во трета и четврта година средно училиште и успехот на матура (за додатни натпревари, дипломи, пофалници не се доделуваат додатни точки).

Сите информации за упис на Универзитетот во Љубљана се објавени на интернет страната на англиски, а дел и на македонски јазик. Тука спаѓаат и податоците за квотите за странски студенти како и сите анализи, податоци и ограничувања од уписите од минатите години.

Со помош на тие податоци секој ученик, врз основа на својот успех во средното училиште, може да процени каде се неговите можности за прием најголеми.

Доколку им е потребна додатна информација или помош, потребно е да напишат електронска пошта во контактниот центар на Универзитетот, каде што редовно и брзо одговараат.

По приемот секако потребно е вложување на голем труд и што е најважно голема самоиницијативност за понатамошен успех. Тоа значи дека е важно студентите да покажат желба и да се трудат да се вклучуваат во различни проекти надвор од задолжителниот образовен дел.

Тешкотиите се нормални, особено на почетокот, но тоа не треба да ги обесхрабрува, напротив треба да ги поттикнува и со голема желба и упорност да продолжат понатаму.

Доколку имаат можност би им препорачала, да го учат словенечкиот јазик преку читање на списанија, гледање на емисии и преку активен контакт со личност која го зборува јазикот.

anastasija panevska mlad istrazuvac vo oblasta na biohemija molekularna bilogija makedonskite ucenici mozat besplatno da studioraaat vo slovenija 2

Се надевам дека млади луѓе ќе ја искористат оваа можност. Но, Анастија, сите сме затекнати од ситуацијата што скоро година ипол трае во светот. Кажи ми како Словенија се справува со пандемијава?

Како и во другите држави, здравствените работници се преоптоварени со исклучително тешката работа и напорните смени. Но, благодарение на нив, здравствениот систем ги издржа и најкритичните моменти на епидемијата.

Присутно е големо незадоволство меѓу луѓето поради строгите ограничувања, но исто така и голема свесност и општествена одговорност. Вакцинацијата е започната и се надеваме на што побрза колективна имуност.

anastasija panevska mlad istrazuvac vo oblasta na biohemija molekularna bilogija makedonskite ucenici mozat besplatno da studioraaat vo slovenija 10

Веќе со години си во Љубљана, веројатно ти се познати и најскриените улички и локали. Можеби Љубљана ја сметаш за твојот втор дом, после Куманово. Каде ја пронаоѓаш убавината на градот додека ограничувањата беа најстроги?

Љубљана е прекрасно место, исполнето со многу убава природа, романтични улици и паркови. Така што, честопати уживам во едноставните прошетки низ овој град и магичната енергија која ја има.

Единствениот недостаток е магловитото време, кое уште повеќе доаѓа до израз преку зима. Но, тоа не ме спречува да го користам своето време за велосипедизам низ градот, како и за искачување на Рожник и Шмарна Гора.

Со нетрпение ја дочекав пролетта, за градот да го добие препознатливиот зелен сјај и да уживам во зајдисонцето од Љубљанскиот град.

anastasija panevska mlad istrazuvac vo oblasta na biohemija molekularna bilogija makedonskite ucenici mozat besplatno da studioraaat vo slovenija 8

Да се надеваме дека наскоро, пак ќе се вратиме во нормалата која почнавме да ја забораваме. Но, каква беше Љубљана пред корона вирусот? Каков е животот таму, со кое темпо се живее…? И како тебе ти изгледаше секојдневието?

Темпото на животот е брзо, слично како и во другите поголеми европски градови. Љубљана сè повеќе станува туристички град, па така во текот на летниот период можат да се слушаат различни светски јазици низ градот.

Моето секојдневие преку неделата е доста едноставно, бидејќи поголемиот дел од денот го поминувам на работното место. Големата педагошка и истражувачка ангажираност ми земаат многу часови, но сепак тоа е нешто во кое истовремено уживам.

Истражувањата неретко бараат многу повеќе од 8-часовно работно време. Во преостанатиот дел од денот се трудам да одвојам време за медитација, спортска активност, добар филм или книга.

anastasija panevska mlad istrazuvac vo oblasta na biohemija molekularna bilogija makedonskite ucenici mozat besplatno da studioraaat vo slovenija 12

На сите ни е познато дека Словенија изобилува со прекрасни места, кои се твоите омилени?

Навистина Словенија има многу прекрасни места, но моите омилени дефинитивно се Горишка брда, кои ја претставуваат Словенската Тоскана и долината на реката Соча, која е препознатлива планинска река со небесно сина боја и инспирација за многу литерарни дела.

Иако ретко се враќаш во Македонија, што е она што го забележуваш кога ќе се вратиш тука и ти смета? Кои се клучни разлики што ги имаш воочено помеѓу Македонците и Словенците?

Обично најмногу ја забележувам, и воедно тоа е нешто што ми пречи, негрижата за животната средина, која никако да се искорени од кај нас. Се надевам дека пандемијата барем малку ќе ги освести луѓето дека зачувувањето на природата е во нашите раце.

И словенската и македонската култура се прекрасни, секоја на свој начин. Поради географската положба на Словенија, менталитетот е под влијание на две култури средноевропска и балканската култура, па така ги има впиено сите предности и маани на овие култури.

Како и нашата држава, така и Словенија е многу богата со дијалекти и луѓето се разликуваат во зависност од регионот во којшто живеат.

Сметам дека Словенците се доста работливи, дисциплинарни луѓе посветени на своите семејства, додека пак ние сме поекстровертни, емотивни и луѓе кои знаат да уживаат во животот.

anastasija panevska mlad istrazuvac vo oblasta na biohemija molekularna bilogija makedonskite ucenici mozat besplatno da studioraaat vo slovenija 3

Сите сме во исчекување на подобра година од претходната, на подобри утра и мигови каде слободно можеш да се однесуваш спрема другите. Можеби не треба многу да планираме поради неизвесноста, но кон што се стремиш во следните месеци?

Сметам дека е најважно во 2021 е да останеме здрави и тоа е мојата најголема желба! Секако би сакала да поминам повеќе време со своето семејство (повеќе отколку во 2020), да продолжам на пост-докторски студии и да патувам повеќе.

anastasija panevska mlad istrazuvac vo oblasta na biohemija molekularna bilogija makedonskite ucenici mozat besplatno da studioraaat vo slovenija 7

anastasija panevska mlad istrazuvac vo oblasta na biohemija molekularna bilogija makedonskite ucenici mozat besplatno da studioraaat vo slovenija 7

anastasija panevska mlad istrazuvac vo oblasta na biohemija molekularna bilogija makedonskite ucenici mozat besplatno da studioraaat vo slovenija 7

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Успешни Македонци низ светот: Воислав од Тетово е ембриолог во најголемата болница во Осло „Јас помагам во оплодувањето на јајце-клетката во лабораторија, во вештачки усло...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...
Бобан Алексов живее 6 години во Данска: „Заминав 'на слепо', работа најдов случајно на Фејсбук, живо... Боби Алексов (37) од Скопје, 6 години живее во Оденсе, Данска. За себе вели дека...
Марија од Радовиш 10 години е во количка: „Не дозволив тоа да ми е пречка во животот - возам АТВ, ма... „Мобилноста ја изгубив како последица на тешка сообраќајна несреќа. Пред по...
Иван Јованов пред раѓањето на ќерката: „Едвај го чекам мигот кога малиот ангел ќе го земам во раце“ „Доколку се создадат услови да бидам во породилната сала, секако дека ќе присуст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg