Битолчанецот Зоки „Мува“ е колекционер на грамофони, транзистори, касетофони: „Ми понудија 5.000 евра за колекцијата, но ги одбив.“


Битолчанецот Зоки „Мува“ е колекционер на грамофони, транзистори, касетофони: „Ми понудија 5.000 евра за колекцијата, но ги одбив.“

Зоран Николовски од Битола, познат како Зоки Мува од Јени Маале, е еден од поголемите колекционери во земјава.

bitolcanecot-zoki-muva-e-kolekcioner-na-gramofoni-tranzistori-kasetofoni-bi-sakal-da-imam-eden-dzuboks-01.jpg

Тој вели дека уште од средношколските денови го имал ова хоби, но поактивно се ангажирал последнава година кога и го создал поголемиот дел од колекцијата.

bitolcanecot-zoki-muva-e-kolekcioner-na-gramofoni-tranzistori-kasetofoni-bi-sakal-da-imam-eden-dzuboks-03_1.jpg

„Почнав со собирање на магнетофонски касети, купував сè она што во тоа време сакав да го слушам. Во тоа време сакав фолк музика – од Јужни Ветар, Синан Сакиќ, Шемса, Драгана, Миле Китиќ, Мухарем Сербезовски, Халид Беслиќ... Татко ми поседуваше радио грамофон Порторож кој го користев до крајот на средното образование. Потоа имав и радио касетофон кој сè уште е во збирката, а беше дел од бројни родендени, забави и другарски средби.“

bitolcanecot-zoki-muva-e-kolekcioner-na-gramofoni-tranzistori-kasetofoni-bi-sakal-da-imam-eden-dzuboks-02.jpg

„Во 80-тите години, беше доста скапо да набавиш појачало, па импровизирав. Истиот тој Порторож грамофон го пренаменив во појачало, му ставив два големи звучника, еден мал касетефон и беше спремен систем. Уште и додадов сијалички во боја за light show“.

bitolcanecot-zoki-muva-e-kolekcioner-na-gramofoni-tranzistori-kasetofoni-bi-sakal-da-imam-eden-dzuboks10.jpg

Вели дека добар дел од предметите кои ги собира се функционални и работат, а дел се за ситни поправки кои би ги направил во догледно време.

„Најдрага плоча ми е ЛП од Неџат Салковиќ „Ne klepeci nanulama“, стара босанска песна која сум ја слушал милионпати, но би можел уште толку.“

bitolcanecot-zoki-muva-e-kolekcioner-na-gramofoni-tranzistori-kasetofoni-bi-sakal-da-imam-eden-dzuboks16.jpg

„Најстар примерок ми е радио транзистор кој потекнува од крајот на 1950-тите години, потоа имам и грамофон, сè уште функционален, со налепница дека е произведен во 1964-та година. Поседувам и проектор, два магнетофони со траки, голем број видео рекордери кои веќе заминуваат во историјата.

Имам и доста ТВ приемници, комбинирани апарати – тв, радио и касета или грамофон. Имам околу 400 сингл плочи и околу 150 лонгплејки – големи плочи. Колекцијата содржи и стари фотоапарати, радија, транзистори, касети, видео касети...“

bitolcanecot-zoki-muva-e-kolekcioner-na-gramofoni-tranzistori-kasetofoni-bi-sakal-da-imam-eden-dzuboks02.jpg

bitolcanecot-zoki-muva-e-kolekcioner-na-gramofoni-tranzistori-kasetofoni-bi-sakal-da-imam-eden-dzuboks-11.jpg

Експонатите најчесто ги наоѓа онлајн, ги купува од разни луѓе, некои и му ги подаруваат.

На прашањето дали има претстава колку вреди неговата колекција, Зоран вели:

„Имав една понуда од 5000 евра за колекцијата, но ја одбив затоа што парите ќе ги потрошев, а ѕидовите ќе беа празни.“

bitolcanecot-zoki-muva-e-kolekcioner-na-gramofoni-tranzistori-kasetofoni-bi-sakal-da-imam-eden-dzuboks-12.jpg

bitolcanecot-zoki-muva-e-kolekcioner-na-gramofoni-tranzistori-kasetofoni-bi-sakal-da-imam-eden-dzuboks08.jpg

Тој вели дека би сакал навистина да има и еден џубокс во својата колекција кој би ја комплетирал целата слика.

bitolcanecot-zoki-muva-e-kolekcioner-na-gramofoni-tranzistori-kasetofoni-bi-sakal-da-imam-eden-dzuboks-12 (1).jpg

Ако и вие сте колекционер и сакате да ја споделите вашата колекција и приказна со нашите читатели, пишете ни на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. П. | Црнобело / фото: приватна архива на Зоран Николовски

Би можело да ве интересира:

Тино и Атанас: Една танга знае да направи општ хаос позади сцена! Ги знаеме како Тино и Атанас, ги препознаваме како момците кои внесоа една поина...
Владимир Мандичевски – Манде: Во '90-тите го одбегнавме турбофолкот, но за жал сега нè стигнува Скопје и Македонија паметат многу културни настани, концерти и музичари кои напр...
Виктор Мазнев, велешанецот со срце планина: „Имам спасено стотици бездомни кучиња и не сопирам“ „Срцето на човекот можеме да го процениме според тоа како ги третира животните“,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg