Ивана Горичан, тату-артист: „Македонците сакаат да додадат значење на тетоважата, а нашите грешки за клиентите не се видливи“

Кога се појавија боенките за возрасни, изданијата потпишани со Ивана Горичан се продадоа во над 30.000 примероци. Денес, таа работи како тату-артист, а на нејзиниот Инстаграм профил – @ivanagorican_tattoo постојано ги споделува тетоважите на кои работи.

ivana gorican tatu artist kaj nas lugjeto sakaat da dodadat smisla na tetovazata i gi sledat svetkite trendovi 5

Во продолжение следува разговор со Ивана, во кој се навратиме на нејзините почетоци, на боенките за возрасни, како и актуелностите поврзани со тетовирање...

Ивана, повторно имаме прилика да поразговараме. Првиот разговор го правевме пред неколку години, кога Боенка за креативен ден и Мала боенка за големи креативци беа вистински хит кај нас. Кажи ми што се случува од тогаш? Се променија ли многу работи? Која е Ивана Горичан денес?

По првиот разговор се сменија многу работи, дипломирав на Факултетот за Ликовни уметности во 2019 година, на катедрата за графика, започнав кариера во областа на тетовирањето и направив уште неколку боенки за возрасни, но и за деца.

По Боенка за креативен ден и Мала боенка за големи креативци, следуваа боенките за возрасни Euphorbia, која е независно издание и Најдоброто допрва доаѓа, во издание на Издавачки Центар ТРИ. Покрај нив имав чест да илустрирам и 3 боенки за деца во соработка со Едука Мак и Жаклина Мучева, Мозаикот на Деби Му, Деби Му го разбуди бувчето и Деби Му освојува медали.

Знам дека заврши Факултет за ликовни уметности, отсек графика, но раскажи ни за моментот кога одлучи дел од својот живот да го поминеш со машинка за тетовирање в раце?

Почнав да тетовирам пред околу две и пол години, додека сè уште бев на факултет. Пред да фатам машинка в раце мислев дека ретко кој може да го работи тоа, но по неколку тетоважи сфатив дека тоа може да ми биде професија.

Моментот кога одлучив дека тоа е тоа беше веднаш по првата тетоважа, која беше далеку од најубава, но доволно добра за да не се разочарам и продолжам.

ivana gorican tatu artist kaj nas lugjeto sakaat da dodadat smisla na tetovazata i gi sledat svetkite trendovi 7

Колку што знам дури и кога и си зафатена, ти црташ, така што сигурно ти било полесно да ги совладаш вештините на тетовирање. Меѓутоа, како и во секоја професија треба да се посвети време и енергија за да се постигнат видливи резултати. Со кои предизвици се соочи сите овие години?

Точно, тоа што имам претходно искуство, образование и талент секако придонесе полесно да го научам овој занает. Како и во секоја професија и тука треба многу време, енергија, волја, но најмногу од сè треба трпение.

Мислам дека за да си успешен во оваа работа, покрај тоа што треба да ја работиш беспрекорно, треба да се истрае одредено време, за кое ќе се стекне довербата кај клиентите.

Тетовирањето е многу сериозна и деликатна професија во која цело време се соочуваш со предизвици. Во овие години пред сè се соочив со многу клиенти кои имаат различни побарувања и карактери, се соочив со разни предизвици во поглед на дизајните, но сепак најголем предизвик ми е клиентот да биде задоволен од крајниот резултат, без разлика за каква тетоважа се работи.

Постои ли некој посебен тренд што Македонците сакаат да го тетовираат? Се разликува ли интересот со оној што е актуелен во светот?

Точно е дека и во тетовирањето има трендови, што мене лично не ми се допаѓа затоа што тетоважата ќе биде тука и после трендот. Трендовите се менуваат на периоди, а Македонците и тоа како ги пратат, но она што го имам забележано, општо во желбите на клиентите кај нас е тоа што се трудат на сè да стават значење, па дури и кога им се допаѓа некој дизајн онаков каков што е, често настојуваат да додадат „смисла“ на тетоважата, дали тоа ќе биде име, датум или спој со некоја друга слика.

Она што јас би ги охрабрила е да тетовираат мотиви само затоа што ним им се допаѓаат и да посочам на тоа дека навистина е и повеќе од доволна причина тоа што некоја слика е убава за да биде истетовирана и без да има значење. Според моето досегашно искуство, таквите тетоважи се едни од најуспешните.

 ivana gorican tatu artist kaj nas lugjeto sakaat da dodadat smisla na tetovazata i gi sledat svetkite trendovi 10

Имам на ум неколку интересни прашања, па ме интересира со каков одговор ќе ме изненадиш. Која е најскапата тетоважа што ја имаш направено?

Навистина не можам да се сетам на најскапата тетоважа што сум ја направила. Што се однесува до цената на тетоважите, во студиото каде што работам, се наплаќа по сесии, односно, во зависност од големината на сликата која треба да се тетовира се одредува дали ќе се заврши во еден ден или ќе бара повеќе од една сесија. Во просек, поголеми слики се завршуваат во две до три сесии, но сепак, покрај големината цената зависи и од дизајнот и комплексноста.

 ivana gorican tatu artist kaj nas lugjeto sakaat da dodadat smisla na tetovazata i gi sledat svetkite trendovi 6

Хм, а најчудната? Најбесмислената?

Па сметам дека нема многу бесмислени тетоважи, имајќи предвид дека луѓето кај нас многу внимаваат тетоважата да биде посветена некому или да претставува одреден период од животот. Вака наизглед може тетоважата да не биде убава или да биде обична точка, но оние што ја носат ѝ го даваат значењето.

Кога сме веќе тука, мора да те прашам и за „најнеобичното“ место на тело што некој сакал да го тетовира. Се имаш ли најдено во такви ситуации?

Да, се имам најдено речиси во секакви ситуации, најчесто тетовирање на полови органи, но не би се нафатила на такво нешто. Засега најнеобичната тетоважа која ја имам направено беше пеперутка на цел задник, и испадна супер.

 ivana gorican tatu artist kaj nas lugjeto sakaat da dodadat smisla na tetovazata i gi sledat svetkite trendovi 9

Сите грешиме, тоа на сите ни е познато. Верувам дека понекогаш и тату-артисти прават грешки. Ти се има ли случено поради некоја причина да направиш грешка при тетовирање?

Да, мислам дека нема некој кој не направил грешка при тетовирање, но тие грешки не се страшни, најчесто се невидливи за клиентот и лесно се поправаат.

Од поискусните колеги имам слушано разни приказни за имиња истетовирани наопаку и што уште не, но ретко може да се направи некоја фатална грешка.

Сепак, работиме на кожа, може клиентот да мрдне, може и артистот да згреши, но бидејќи се црта над готов цртеж, нема простор за големи грешки.

Се имаш ли тетовирано самата себе?

Не, сè уште не. Сакам, но искрено немам храброст затоа што немам некој завиден праг на болка и мислам дека нема да ја довршам тетоважата.

Присуствуваш ли на тату конференции? Колку е важно за еден артист да биде дел од вакви случувања?

Да, присуствував и учествував до неодамна, пред да нè снајде ситуацијата со короната. Сум била во Германија, Франција и Бугарија.

Конвенциите се важни затоа што се остваруваат контакти и средби со колеги од другите држави, може да се види како работат тие,  во тие неколку дена да се споделат искуства и она што мене ми е најубаво е да се почувствува целата атмосфера каде на едно место се собрани многу артисти и вистински љубители на тетоважи.

Исто така, во 2019 бев дел од организаторите на првата интернационална конвенција кај нас, која се одржа во арената Борис Трајковски, каде имаше 52 артисти од Македонија, Србија, Бугарија, Грција, Косово, Албанија, Црна Гора и Италија.

Навистина беше преубаво искуство и успешна конвенција и се надевам дека откако ќе заврши ситуацијата со корона дека повторно кај нас ќе се случи такво нешто.

ivana gorican tatu artist kaj nas lugjeto sakaat da dodadat smisla na tetovazata i gi sledat svetkite trendovi 11

Речиси сме при крај... Коронава го смени изгледот на светот, но се одрази ли пандемијата врз твојата работа? Станаа ли луѓето порезервирани кога треба да донесат одлука да се тетовираат?

Секако дека и во тетовирањето се почувствува ударот на короната, дури имаше и некој период од околу 2 месеци во кој студијата кај нас беа сосем затворени, а има и земји надвор во кои ситуацијата е посериозна.

Студијата беа затворени можеби половина година, а и повеќе, и тоа е навистина тешко за артистите. Пандемијата сè уште се одразува врз тетовирањето, луѓето најверојатно се порезервирани затоа што пред сè тетовирањето е луксуз, но сепак ние сме народ на кој меракот му е меѓу приоритетите и луѓето сепак одвојуваат за тетовирање.

 ivana gorican tatu artist kaj nas lugjeto sakaat da dodadat smisla na tetovazata i gi sledat svetkite trendovi 8

Од тебе лично слушнав дека повторно ќе бидат достапни боенките за возрасни. Ќе нè изненадиш ли со нешто ново периодов?

Засега нови боенки за возрасни не планирам да правам затоа што некако чувствувам дека трендот полека одмина, но во наредниот период ќе излезе осмото издание на Боенка за креативен ден  и третото издание на Најдоброто допрва доаѓа, со нови корици, за тие што сè уште не успеале да ги набават.

За време на карантинот повторно се зголеми интересот за боенките затоа што луѓето седеа дома и боенката им беше супер релаксирачко друштво, така што ако продолжи ситуацијата како што е можеби ќе излезе уште некое ново издание.

ivana gorican tatu artist kaj nas lugjeto sakaat da dodadat smisla na tetovazata i gi sledat svetkite trendovi 1

ivana gorican tatu artist kaj nas lugjeto sakaat da dodadat smisla na tetovazata i gi sledat svetkite trendovi 2

ivana gorican tatu artist kaj nas lugjeto sakaat da dodadat smisla na tetovazata i gi sledat svetkite trendovi 2

ivana gorican tatu artist kaj nas lugjeto sakaat da dodadat smisla na tetovazata i gi sledat svetkite trendovi 12

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ивана К. Чурлевска живее во Финска: „Кога Финец ве договара за кафе, очекува да му кажете точно врем... „Кога првпат на гости ни дојдоа Финци, јас секако дека имав подготвено вечера, а...
Иван Јованов пред раѓањето на ќерката: „Едвај го чекам мигот кога малиот ангел ќе го земам во раце“ „Доколку се создадат услови да бидам во породилната сала, секако дека ќе присуст...
Вероника Караколева, оперска пејачка: „Не јадам 3-4 часа пред настап, избегнувам комуникација за да ... „Толку ми е силна љубовта кон музиката што не можам да се замислам ниту еден ден...
Илија Каниковски, стјуард во Wizz Air: „Ова не е само женска професија, досега сум посетил 40 земји ... „Иако постојат стереотипи дека ова е женска професија, многу патници позитивно р...
Данче Антовска: „Најголемиот шок ни беше кога докторката ни соопшти дека ќерка ни Анастасија има цис... „Анастасија растеше и напредуваше нормално. Еден месец пред да ја дијагностицира...
Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg