Наталина Синдилиева, инструктор по танц на шипка: „И мажи доаѓаат на часови, баба ми уште има проблем да го прифати овој спорт“


Наталина Синдилиева, инструктор по танц на шипка: „И мажи доаѓаат на часови, баба ми уште има проблем да го прифати овој спорт“

„Инструктор по танц на шипка сум веќе 6 години, а вистината е дека овие последни 2 години табуто за вежбањето на шипка е драстично намалено. Вежбањето пак на високи потпетици е сосема поинаква приказна и е доста тешко и предизвикувачки“, раскажува 28-годишната Наталина Синдилиева од Скопје.

natalina-sindilieva-instruktor-po-tanc-na-shipka-i-mazhi-doagjaat-na-chasovi-baba-mi-ushte-ima-problem-da-go-prifati-tancuvanjeto-na-shipka-01.jpg

Наталина Синдилиева (28) од Скопје има дипломирано на Економскиот факултет, смер Е-бизнис, но од детството се занимава со различни спортови.

Долго време професионално се занимавала со карате, а покрај тоа тренирала и сѐ уште тренира и други спортови како сноуборд, пливање и јога, но вели дека во вежбањето на шипка вистински се пронашла.

За своето занимање - инструктор по танц на шипка таа раскажува за CRNOBELO.com...

Како започна да се занимаваш со вежбање на шипка?

Многу е интересна приказната како почнав со вежбањето танц на шипка. Додека траеше еден од последните часови по карате, еден од моите другари ми спомна дека се приклучил на некоја група која се занимава со вежбање на шипка ама не тоа сите што го знаеме како стриптиз, туку нешто поинакво, нешто со учење кореографии и нови движења, нешто многу кул и забавно.

Познавајќи ме, ми предложи да отидам со него и да пробам, уверен дека многу ќе ме заинтересира. Го послушав и се запишав на часовите по танц на шипка каде ги запознав моите инструкторки, а сега мои другарки и прекрасни личности Цеце и Бојана.

natalina-sindilieva-instruktor-po-tanc-na-shipka-i-mazhi-doagjaat-na-chasovi-baba-mi-ushte-ima-problem-da-go-prifati-tancuvanjeto-na-shipka-06.jpg

Колку време работиш како инструктор по танц на шипка? Имаше ли на почетокот негативни коментари од одредени личности и проблем во прифаќањето на оваа професија?

Инструктор по танц на шипка сум веќе 6 години, во студиото каде што и почнав Pole People Skopje.

Првиот предизвик, кога почнав со новата дисциплина пред 7-8 години секако беше како да им ја презентирам на моите родители, особено на татко ми. Спонтано во заеднички разговор почнав од околу да им објаснувам дека постои нова дисциплина, нешто како гимнастика, но наместо хоризонтално на партер, движењата се изведуваат вертикално на шипка.

За визуелно да си го претстават новиот спорт им покажував клипови од светски натпревари од pole fitness на Јутуб. Искрено, познавајќи се себеси, секако ќе вежбав и да немав поддршка, но можам да кажам дека моите родители никогаш не ме сфатија погрешно особено мајка ми, од неа ја имав поддршката уште од самиот почеток.

Потоа, беше моментот како ќе го прифатат новиот спорт другите луѓе, но да бидам искрена од кога ја добив поддршката од моите родители, воопшто не ми беше битно мислењето на другите, бидејќи кај нас во Македонија сè некако задоцнува, па и танцот на шипката не е некој исклучок.

Вистината е дека овие последни 2 години табуто за танцот на шипка е драстично намалено бидејќи на социјалните мрежи, посебно на Инстаграм, танцот на шипка вистински се разви низ светот, па веќе сите можат да се информираат и да видат што се случува, дека не е стриптиз и соблекување облека.

Ама еве ќе кажам дека баба ми сѐ уште има проблем да ме разбере и да ја прифати идејата за танц на шипка.

natalina-sindilieva-instruktor-po-tanc-na-shipka-i-mazhi-doagjaat-na-chasovi-baba-mi-ushte-ima-problem-da-go-prifati-tancuvanjeto-na-shipka-03.jpg

Колку твоето тело се промени? Се зголеми ли еластичноста? Што сѐ можеш да направиш сега?

Можам да кажам дека имам голема промена во изгледот на телото и силата. Бидејќи вежбањето на шипка е склоп од повеќе елементи како танц, фитнес, флексибилност, движење, сила, ротација... Мускулите се издолжуваат, но истовремено и зајакнуваат.

Со вежбање на шипка телото ви се обликува баш онака како што природно ви е оформено, односно бидејќи се вежба со сопствена тежина, телото и мускулите одлично взаемно се активираат и истовремено издолжуваат.

Да бидам искрена вежбање шипка само по себе не ја зголемува еластичноста, имаме дополнителни часови за истегнување, кои помагаат во зголемување на флексибилноста.

Интересен е фактот дека сега можам да направам многу „чудни“, порано несфатливи движења. Правењето шпаги е едно од нив, но верувајте задоволството од правење различни фигури на шипка е многу повозбудливо од правење шпага.

natalina-sindilieva-instruktor-po-tanc-na-shipka-i-mazhi-doagjaat-na-chasovi-baba-mi-ushte-ima-problem-da-go-prifati-tancuvanjeto-na-shipka-07_copy.jpg

Има ли машки што тренираат танц на шипка?

На мое огромно задоволство и среќа веќе почнавме да имаме редовни машки членови на часовите pole fitness и дефинитивно се многу добри. Полека тој стереотип се намалува, но секако дека постои.

Жално е што секаде во светот веќе машките кои вежбаат шипка прават навистина неверојатни работи што ни жените што вежбаат на шипка не можат да ги направат. 

natalina-sindilieva-instruktor-po-tanc-na-shipka-i-mazhi-doagjaat-na-chasovi-baba-mi-ushte-ima-problem-da-go-prifati-ovoj-sport-03.jpg

Дали тренинзите со високи потпетици на себе се потешки?

Exotic Pole е една тотално различна дисциплина од pole fitness. Вежбањето е на високи потпетици, но направени баш за таа намена за танц на шипка и е доста предизвикувачки. Не можам да кажам дали е потешко или не, но дефинитивно е различно, часовите по pole fitness се доста различни од часовите по exotic pole.

natalina-sindilieva-instruktor-po-tanc-na-shipka-i-mazhi-doagjaat-na-chasovi-baba-mi-ushte-ima-problem-da-go-prifati-tancuvanjeto-na-shipka-12.jpg

Колку музиката е важна при тренинзите? Која ти е омилена песна за тренинг?

Музиката е доста важна за вежбање, посебно кога треба да се направи кореографија или пак flow од повеќе движења.

Да бидам искрена немам некоја омилена песна или жанр за вежбање, многу често песните и музиката се темелат на тоа како се чувствувам во моментот.

natalina-sindilieva-instruktor-po-tanc-na-shipka-i-mazhi-doagjaat-na-chasovi-baba-mi-ushte-ima-problem-da-go-prifati-tancuvanjeto-na-shipka-11.jpg

Кои мускулни групни се најактивирани при танцување на шипка?

Со вежбање на шипка се активираат буквално сите мускули на телото. Тоа би значело дека не е возможно да се кренат нозете и да се закачат на шипка, ако не се активираат рацете коишто го активираат абдоменот и со помош на абдоменот се активираат и нозете.

Во танцот на шипка е доста важна координацијата и поврзаноста на сите мускулни групи, односно ако немате поврзаност да ги активирате мускулите во една целина доста е тешко да вежбате pole fitness. Колку ова и да звучи тешко од прва, сѐ се учи и за многу брзо може да се видат резултатите од вежбањето.

natalina-sindilieva-instruktor-po-tanc-na-shipka-i-mazhi-doagjaat-na-chasovi-baba-mi-ushte-ima-problem-da-go-prifati-tancuvanjeto-na-shipka-10.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Игор Џамбазов: Не, немам ќерка! Го знаеме како актер, водител, шоумен, а можеби и никогаш не сте знаеле дека сак...
Виктор Мазнев, велешанецот со срце планина: „Имам спасено стотици бездомни кучиња и не сопирам“ „Срцето на човекот можеме да го процениме според тоа како ги третира животните“,...
Рошин Марфи од Moloko за CRNOBELO.com: „Во Македонија луѓето знаат како да се журкаат!“ Молоко - дуото кое веројатно ве враќа во младоста, во времето на '90-тите и рани...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg