Магично место во Охрид - можете да си наберете овошки од дрво, па да уживате на дива плажа (фото)


Магично место во Охрид - можете да си наберете овошки од дрво, па да уживате на дива плажа (фото)

Потребата да се сплотиме со природата зазема сè поголем замав во последниот период кај сите нас. Посакуваме да го оставиме вжештениот асфалт, да се изгубиме некаде помеѓу боите и мирисот на она што ни е дадено од Мајка Земја. 

divine farms ovostarnik vo blizina na ohrid idninata na turizmot e vo alternativniot turizam 12

Една таква група на луѓе со заеднички интерес ја создадоа нивната приказна, наречена Divine Farms. Тоа е овоштарник во Св. Наум, Охрид. Нивната цел е да произведуваат квалитетни и здрави овошки, а истовремено и да го развиваат агро-туризмот во регионот, нудејќи едно поинакво искуство. За сите нив, ова е остварување на сон и желба да ја споделат убавината на местоположбата на овоштарникот и притоа да се сочува и одржува природата.

„Приказната на Divine Farms започна пред точно 20 години, на многу помала површина и со поскромно производство, прво на зеленчук и житни култури. Постепено се прошируваме и преориентираме на овоштарство и дојдовме до денешните 100 ha и 55.000 овошки.

Оваа година се брендиравме како Divine Farms и за првпат одлучивме да ги отвориме портите за посетители. Со тоа одиме чекор напред кон развој на агро-туризмот во регионот. Во исто време правејќи ги подостапни дивите плажи до кои пристап по копно има само низ нашиот овоштарник“, открива Весна Коцевска, дел од тимот на Divine Farms.

Фармата е лоцирана помеѓу кампот Љубаништа и манастирскиот комплекс Св. Наум, а влезот за посетителите е од регионалниот пат. Климата, која е поблага споредено со Охрид овозможува да виреат различни видови на овошје и зеленчук. Се одгледува повеќе видови на овошје: цреша, круша, кајсија, праска, јаболко, слива. Годинава повторно почнуваат со градинарски култури, а можат да се пофалат и со маслинките кои се веќе неколку години во род.

divine farms ovostarnik vo blizina na ohrid idninata na turizmot e vo alternativniot turizam 1

„Земјоделието како дејност е тесно поврзано со временските услови и самата природа. Некои нешта едноставно не можеме да ги контролираме. Но она што можеме е да се грижиме за нашите дрва да бидат здрави со соодветна заштита и прихрана, како и останатите активности во текот на целата година. Секогаш практикуваме да користиме средства за заштита кои се добри за природата и самите инсекти, кои не се штетни за пчелите. Тоа секако влијае и на самиот квалитет на нашите производи.

Планот е во иднина целосно да се ориентираме кон органско производство, но тоа е долг процес кој може да трае со години“, споделуваат од Divine Farms.

divine farms ovostarnik vo blizina na ohrid idninata na turizmot e vo alternativniot turizam 5

Многу посетители сакаат да излезат од шемата на класичен одмор при посета на Охрид, кога веќе бараат нови алтернативи и доживувања, тогаш Divine Farms може да се вклопи во нивниот концепт.

Местото ќе биде предодредено за дневни тури, кампување, но и бројни настани на отворен простор за семејства и помали групи каде ќе може да се најде мирот и хармонијата што луѓето постојано го бараат. Самата помисла да се кампува во еден таков овоштарник, во секое време да може да се скине овошка и да се јаде на песочна плажа, звучи навистина примамливо.

divine farms ovostarnik vo blizina na ohrid idninata na turizmot e vo alternativniot turizam 2

„Алтернативниот туризам е застапен во Македонија, но за жал е под сенка на масовниот туризам. Во последните години, посебно пред пандемијата, почнаа да се јавуваат интересни активности, поразлични од традиционалната понуда. Сепак оној кој го сака алтернативниот туризам ќе најде начин како и да го доживее.

Реално понудата треба постојано да се збогатува, затоа што имаме голем број на туристи кои веќе ги виделе повеќето атрактивности во Охрид и околината. Токму поради тоа веруваме дека Divine Farms ќе наиде на интерес и гости желни да видат и искусат нешто ново и поразлично“, споделува Весна.

Во Охрид и околината речиси и да не постојат места кои се заобиколувани од страна на туристите. Сè повеќе се посетуваат руралните средини и скриени природни богатства.

Голем придонес даваат и локалните туристички агенции кои организираат посета на помалку познатите места во околината, како и сите авантуристи кои се во потрага на нови места и искуства. Како што велат од Divine Farms, пример за место кое најчесто се игнорира е вулканот во Косел, но сепак се работи за поспецифична содржина која не пројавува интерес кај голем дел од посетителите.

divine farms ovostarnik vo blizina na ohrid idninata na turizmot e vo alternativniot turizam 6

Периодов тимот на Divine Farms подготвуваат акција за чистење на охридските плажи. Задоволни сe што акцијата наишла на голем интерес и се пополнил максималниот број на учесници. Само чекаат да се олабават рестрикциите на владата, а преку акцијата сакаат да влијаат врз подигнување на свеста кај луѓето за чиста животна средина.

„Веруваме дека ваквите акции за чистење придонесуваат за промена на навиките кај луѓето. Но проблемот не е само да се собере ѓубрето, ние можевме да го собереме и никој да не разбере за тоа, нема да ни биде ни прв пат. Поентата е да се натераат тие коишто не внимаваат каде ги фрлаат сопствените отпадоци и ја загадуваат средината да ги променат своите навики.

Тука големо влијание има и воспитувањето, како и образовниот процес, децата од мали да се научат што е правилно, а што не. Исто така со информирање како ѝ наштетуваме на планетата земја, дека секое едно пластично шише е опасно за природата, да се наоѓаат и практикуваат алтернативни решенија. Рециклирањето е многу важно, но пред сè треба да се промени менталитетот на луѓето“, советуваат од Divine Farms.

divine farms ovostarnik vo blizina na ohrid idninata na turizmot e vo alternativniot turizam 4

Постојат многу придобивки од престојување во рурални средини: бегство од динамичното секојдневие, од градските турканици и трка за успех. Таму, како што вели Весна, човекот може да се поврзе со природата и да се пронајде себеси, да го пронајде чувството на слобода и самореализација. Луѓето треба да разберат дека руралната средина му помага на човекот не само мисловно, туку и физички да се пренесе во еден поинаков свет, а и тој самиот да стане дел од него. Тие места често се многу блиску до нас, а ние не ги знаеме или забораваме дека постојат.

„За да се искористат природните убавини на Македонија на вистински начин самите луѓе треба повеќе да се свртат кон тие природни убавини. Една од позитивните страни на пандемијата е што нè натера повеќе да ја откриваме сопствената земја и нејзините скриени убавини. Сега треба да се потрудиме да му покажеме на светот што имаме.

Одржливиот развој е неопходен како не би дошло до заситување и уништување на тие убавини, како би можеле во нив да уживаат уште многу генерации. Да се направат попристапни, но во исто време да се заштитат и сочуваат“, се надоврзува Весна Коцевска.

Од Divine Farms веруваат дека иднината на туризмот е во алтернативниот туризам. Нема масовност, нема брза заработувачка, но задоволството од постигнатите цели секогаш е поголемо. Посебно што може да се остави личен печат и да се влијае врз развој на средината. Како за крај велат дека, како и за сè останато потребно е трпение и креативност, за од „ништо“ да се направи НЕШТО.

divine farms ovostarnik vo blizina na ohrid idninata na turizmot e vo alternativniot turizam 10

divine farms ovostarnik vo blizina na ohrid idninata na turizmot e vo alternativniot turizam 10

divine farms ovostarnik vo blizina na ohrid idninata na turizmot e vo alternativniot turizam 10

divine farms ovostarnik vo blizina na ohrid idninata na turizmot e vo alternativniot turizam 10

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Владимир Петровиќ - “Мали од Наше Маало”: Прва љубов ми е девојчето од градинка, а потоа глумата Пред 17 години на екраните се појави серијата „Наше маало”, која до ден денес бу...
Ангела Маслова, охриѓанка од Алјаска: во лето на 0ºC децата се по кратки ракави и имаме 24 часа сонц... Сосема случајно на Инстаграм, наидовме на прекрасни фотки од наша девојка која ж...
Игор Џамбазов: Не, немам ќерка! Го знаеме како актер, водител, шоумен, а можеби и никогаш не сте знаеле дека сак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg