Уникатна љубовна приказна: „Таа е од Штип, тој од Тенерифе, се запознале во Германија, а ја запросил во Франција“

Какви се Шпанците во поглед на љубовните врски и бракот?

Искрена да бидам, навистина сум изненадена. Романтичен е, скоро секој ден ми прави појадок или ручек. Кога доаѓа од работа ми носи цвеќиња, цело време е позитивен и никогаш нема негативна енергија.

По цел ден танцува и пее, дури и додека готви. На почетокот ми беше чудно колку се внимателни и колку внимание им обрнуваат на жените. Тука имаме пријатели од Шпанија и можам да кажам дека сите се такви.

unikatna-ljubovna-prikazna-taa-e-od-shtip-toj-od-tenerife-se-zapoznale-vo-germanija-a-ja-zaprosil-vo-francija-04.jpeg

Како се справувате со разликите во традициите и како функционирате за време на празниците?

Празниците малку ни се разликуваат во датумите, но ние ги славиме и двата датуми кога станува збор за големи празници како Божиќ и Велигден.

И двајцата имаме различни традиции и обичаи. Обожаваме да ги славиме обете. Омилен ми е Божиќ. Кај нив е пред Нова Година. Се будам и елката е полна со подароци, владее божиќна атмосфера и се прават специјални јадења.

unikatna-ljubovna-prikazna-taa-e-od-shtip-toj-od-tenerife-se-zapoznale-vo-germanija-a-ja-zaprosil-vo-francija-08.jpeg

Андони го обожава мојот Божиќ. Веќе втора година по ред го минавме заедно. Најмногу му се допаѓа нашата баница, која специјално се прави за Бадник. Интересно му е кршењето на лепчето за да видиме кај кого е паричката.

unikatna-ljubovna-prikazna-taa-e-od-shtip-toj-od-tenerife-se-zapoznale-vo-germanija-a-ja-zaprosil-vo-francija-05.jpeg

Патувате ли многу?

Авантуристи сме и двајцата, патуваме доста, сакаме да пробуваме различни специјалитети и истражуваме нови места. Моментално поради ситуацијата тоа го правиме само низ Германија.

Инаку, оваа година прво сакаме да ја посетиме Македонија, каде што Андони ќе може да ужива во убавините на нашата земја и да ја запознае и културата.

Се надеваме дека летото ќе го поминеме на Тенерифе во домот на Андони уживајќи на прекрасните песочни плажи.

unikatna-ljubovna-prikazna-taa-e-od-shtip-toj-od-tenerife-se-zapoznale-vo-germanija-a-ja-zaprosil-vo-francija-07.jpeg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Едо Мобeликс и Далила од Скопје: „Oд Фејсбук контакт до свадба со 400 гости“ „Нашата приказна започна во 2013, но, животот нè однесе на различни страни. Пото...
Љубовната приказна на Драгана и Антонио: „Го запознав на 18 години, а првиот состанок ни беше искачу... „Избравме невообичаен состанок бидејќи и двајцата во тој период бевме спортисти,...
Љубовната приказна на Јасмина од Струга и Никола од Охрид: „Ме запроси за време на лет над Босфор, н... „Првпат се запознавме со Никола на плажа во Охрид. Јас бев со другарка, а тој со...
Љубовната приказна на Маријан Стојаноски и Наташа: „Не сум ѝ бил омилен лик, па ми требаше време да ... „Прво нè запозна нејзината сестра, а потоа се сретнавме случајно на еден од мост...
Љубовната приказна на Стефан Филиповски и Тинеа: „Ненајавен фатив авион и дојдов пред нејзината врат... „Ја запознав на свадба кај мој близок пријател кој живее во Виена. Сед...
Љубовната приказна на Сања Ристиќ и Перо Антиќ: „Тој прв кажа ‘те сакам’, го запознав кога мислев де... „Мислам дека на моменти звучев арогантно, веројатно од некој скриен страв од нов...

Најчитани неделава