Уникатна љубовна приказна: „Таа е од Штип, тој од Тенерифе, се запознале во Германија, а ја запросил во Франција“

„Мојот свршеник научи перфектно да зборува македонски. Ги има научено македонските ора и вели дека ќе биде најсреќен кога ќе направи една голема македонска свадба. Поради врелата шпанска крв по цел ден танцува и пее, дури и додека ми готви. Шпанците им обрнуваат огромно внимание на жените, бев вчудовидена“, вели Емилија.

unikatna-ljubovna-prikazna-taa-e-od-shtip-toj-od-tenerife-se-zapoznale-vo-germanija-a-ja-zaprosil-vo-francija-01.jpg

Емилија Ѓоргиевска (26) од Штип, дипломиран бизнис информатичар, и Андони Мартинез Херрера (25) од Тенерифе, дипломиран во областа на социјална комуникација, се доказ дека љубовта не познава за граници.

Емилија својот свршеник од Тенерифе го запознала во Германија.

Тој детството го поминал во Латинска Америка, а подоцна со своето семејство се преселил на еден од најубавите Канарски Острови, Тенерифе во Шпанија.

Емилија за CRNOBELO.com ја раскажува нивната уникатна љубовна приказна...

Како започна вашата љубовна приказна?

Јас пред две години одлучив да ја напуштам Македонија бидејќи имав преголема желба за патување, а и за напредок. На почетокот ми беше многу тешко што сум далеку од мојата фамилија, што можам да ги видам само преку видео повици, но подоцна се навикнав. Овде во Германија ми одговара начинот на живот и сите можности што ги нуди Германија како држава.

Се запознавме овде, јас го зборувам шпанскиот јазик и почнавме да комуницираме на шпански. Му објаснив дека доаѓам од Македонија. Ја знаеше поради Горан Пандев.

Тој живееше на Тенерифе, во Германија имаше дојдено само привремено кај другар, но се запознавме, се вљубивме и остана да живее тука во Германија.

unikatna-ljubovna-prikazna-taa-e-od-shtip-toj-od-tenerife-se-zapoznale-vo-germanija-a-ja-zaprosil-vo-francija-06.jpeg

Каков е Андони по природа?

Андони е љубезен и весел. Обожава да танцува. Постојано игра латино танци.

Исто така, хоби му е готвењето. Ги прави сите шпански специјалитети и секој ден пробувам нешто ново. Се вљубив во шпанската кујна.

Има преголема желба да оди во Македонија. Поради тоа научи перфектно да зборува македонски.

Сака да ги проба сите македонски специјалитети, сака да патува низ цела Македонија и да научи сè за културата и начинот на живот на неговата идна сопруга. Ги има научено македонските ора и вели дека најсреќен ќе биде кога ќе направи една голема македонска свадба.

Огромен фан е на Горан Пандев и желба му е еден ден лично да го запознае.

unikatna-ljubovna-prikazna-taa-e-od-shtip-toj-od-tenerife-se-zapoznale-vo-germanija-a-ja-zaprosil-vo-francija-02.jpeg

На кој јазик комуницирате?

Сега тој ми зборува шпански, а јас нему македонски. Германскиот јазик го користиме само службено, иако моментално живеееме во Германија и на шега велиме дека се најдовме на средина.

Инаку, сите како мали сме имале по некој сон или некоја желба. Интересно е што јас уште мала имав желба да одам во посета на некој од Канарските острови, но не сонував дека токму од таму ќе биде и мојата вистинска љубов.

unikatna-ljubovna-prikazna-taa-e-od-shtip-toj-od-tenerife-se-zapoznale-vo-germanija-a-ja-zaprosil-vo-francija-03.jpeg

Како те запроси?

Тој со месеци планирал како да ме запроси. Го купил прстенот и без мое знаење ми правел фотографии со него. Додека спијам, додека готвам, додека чистам.

unikatna-ljubovna-prikazna-taa-e-od-shtip-toj-od-tenerife-se-zapoznale-vo-germanija-a-ja-zaprosil-vo-francija-09.jpeg

unikatna-ljubovna-prikazna-taa-e-od-shtip-toj-od-tenerife-se-zapoznale-vo-germanija-a-ja-zaprosil-vo-francija-11.jpeg

unikatna-ljubovna-prikazna-taa-e-od-shtip-toj-od-tenerife-se-zapoznale-vo-germanija-a-ja-zaprosil-vo-francija-10.jpeg

Испланирал и патување за Франција каде што и ме запроси пред Катедралата „Нотр Дам“.

unikatna-ljubovna-prikazna-taa-e-od-shtip-toj-od-tenerife-se-zapoznale-vo-germanija-a-ja-zaprosil-vo-francija-12.jpeg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Едо Мобeликс и Далила од Скопје: „Oд Фејсбук контакт до свадба со 400 гости“ „Нашата приказна започна во 2013, но, животот нè однесе на различни страни. Пото...
Љубовната приказна на Драгана и Антонио: „Го запознав на 18 години, а првиот состанок ни беше искачу... „Избравме невообичаен состанок бидејќи и двајцата во тој период бевме спортисти,...
Љубовната приказна на Јасмина од Струга и Никола од Охрид: „Ме запроси за време на лет над Босфор, н... „Првпат се запознавме со Никола на плажа во Охрид. Јас бев со другарка, а тој со...
Љубовната приказна на Маријан Стојаноски и Наташа: „Не сум ѝ бил омилен лик, па ми требаше време да ... „Прво нè запозна нејзината сестра, а потоа се сретнавме случајно на еден од мост...
Љубовната приказна на Стефан Филиповски и Тинеа: „Ненајавен фатив авион и дојдов пред нејзината врат... „Ја запознав на свадба кај мој близок пријател кој живее во Виена. Сед...
Љубовната приказна на Сања Ристиќ и Перо Антиќ: „Тој прв кажа ‘те сакам’, го запознав кога мислев де... „Мислам дека на моменти звучев арогантно, веројатно од некој скриен страв од нов...

Најчитани неделава