Уникатна љубовна приказна: „Таа е од Штип, тој од Тенерифе, се запознале во Германија, а ја запросил во Франција“ - Results from #1


Уникатна љубовна приказна: „Таа е од Штип, тој од Тенерифе, се запознале во Германија, а ја запросил во Франција“

Какви се Шпанците во поглед на љубовните врски и бракот?

Искрена да бидам, навистина сум изненадена. Романтичен е, скоро секој ден ми прави појадок или ручек. Кога доаѓа од работа ми носи цвеќиња, цело време е позитивен и никогаш нема негативна енергија.

По цел ден танцува и пее, дури и додека готви. На почетокот ми беше чудно колку се внимателни и колку внимание им обрнуваат на жените. Тука имаме пријатели од Шпанија и можам да кажам дека сите се такви.

unikatna-ljubovna-prikazna-taa-e-od-shtip-toj-od-tenerife-se-zapoznale-vo-germanija-a-ja-zaprosil-vo-francija-04.jpeg

Како се справувате со разликите во традициите и како функционирате за време на празниците?

Празниците малку ни се разликуваат во датумите, но ние ги славиме и двата датуми кога станува збор за големи празници како Божиќ и Велигден.

И двајцата имаме различни традиции и обичаи. Обожаваме да ги славиме обете. Омилен ми е Божиќ. Кај нив е пред Нова Година. Се будам и елката е полна со подароци, владее божиќна атмосфера и се прават специјални јадења.

unikatna-ljubovna-prikazna-taa-e-od-shtip-toj-od-tenerife-se-zapoznale-vo-germanija-a-ja-zaprosil-vo-francija-08.jpeg

Андони го обожава мојот Божиќ. Веќе втора година по ред го минавме заедно. Најмногу му се допаѓа нашата баница, која специјално се прави за Бадник. Интересно му е кршењето на лепчето за да видиме кај кого е паричката.

unikatna-ljubovna-prikazna-taa-e-od-shtip-toj-od-tenerife-se-zapoznale-vo-germanija-a-ja-zaprosil-vo-francija-05.jpeg

Патувате ли многу?

Авантуристи сме и двајцата, патуваме доста, сакаме да пробуваме различни специјалитети и истражуваме нови места. Моментално поради ситуацијата тоа го правиме само низ Германија.

Инаку, оваа година прво сакаме да ја посетиме Македонија, каде што Андони ќе може да ужива во убавините на нашата земја и да ја запознае и културата.

Се надеваме дека летото ќе го поминеме на Тенерифе во домот на Андони уживајќи на прекрасните песочни плажи.

unikatna-ljubovna-prikazna-taa-e-od-shtip-toj-od-tenerife-se-zapoznale-vo-germanija-a-ja-zaprosil-vo-francija-07.jpeg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Васил Шемкоски: Извадете ги боичките и дајте му свои бои на нашето старо-ново Скопје Ако сакате да го разубавите Скопје или да го доживеете на еден поразличен начин,...
Приказната на струмичанецот Блаже Аризанов: „Индија не ме промени, туку луѓето кои живеат во неа“ Блаже Аризанов е Македонец од струмичко село, кој во 2011 година заминал на...
Интервју со Ениса Кусовска, шнајдерка: „Немањето услови, средства и едукација беа кочници, но желбат... Неодамна се појави краткиот документарен филм „Сошиен сон“ каде во 5 минути се п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg