Каролина (5) од Скопје е фан на Хари Потер - Има колекција од 70 парчиња, а сѐ започнало од волшебното стапче на Хари


Каролина (5) од Скопје е фан на Хари Потер - Има колекција од 70 парчиња, а сѐ започнало од волшебното стапче на Хари

Иако има само 5 години, Каролина од Скопје е голем фан на серијалот Хари Потер, а во својата домашна колекција веќе поседува повеќе од 70 парчиња со таа тематика и истата самата ја чува со голема љубов – открива нејзината мајка за CRNOBELO.com…

karolina-5-od-skopje-e-fan-na-hari-poter-ima-kolekcija-od-70-parchinja-a-s-zapochnalo-od-volshebnoto-stapche-na-hari-01.jpg

Колекционерството може несвесно да стане хоби и пасија кај секого, независно од возраста и предметите кои се собираат.

Досега имавме можност да поразговараме со неколку различни колекционери, а овојпат го имаме најмалиот колекционер.

Станува збор за Каролина од Скопје, која има 5 години и е голем фан на книгите и филмовите Хари Потер, а нејзините родители ни дозволија да ѕирнеме во колекцијата која ја чуваат во нивниот дом, а е поврзана со оваа тематика.

Поразговаравме со мајката на Каролина, која за CRNOBELO.com откри интересни работи за љубовта кон Хари Потер и колекционерството на нивната ќеркичка...

Од каде љубовта на Каролина за Хари Потер? Ги гледа филмовите/ги читате книгите? Кој ѝ е омилен лик?

Првата книга од Хари Потер “Каменот на мудроста” ми е подарок од драги пријатели уште во 2001 година и како дел од домашната библиотека стаса во рацете на Каролина, која постојано е опкружена со книги и читањето и дружбата со книгите ѝ е најголема забава.

Хари Потер ја „маѓепса“ на прво читање и веднаш продолживме со читање на вториот и третиот дел од серијалот, кои сега за сега се преведени на македонски. 

Како навлегуваше во приказната и ги запознаваше ликовите и навлегуваше во светот на волшебниците, растеше љубовта кон сѐ што е поврзано со Хари Потер, а особено е фасцинирана од ликот на Хермиона Гренџер, најдобрата другарка на Хари, паметно и љубопитно девојче што целосно ја привлече со својата остроумност и проникливост.

Ги прочитавме книгите по неколкупати, изгледа делови од филмовите, но особена радост беше кога за првпат ѝ го купивме волшебното стапче на Хари Потер. Од тука почна сѐ. Секое парче од колекцијата е внимателно бирано од нејзина страна, Каролина внимателно ги чува и употребува, потполно свесна за значењето на секој дел од колекцијата.

karolina-5-od-skopje-e-fan-na-hari-poter-ima-kolekcija-od-70-parchinja-a-s-zapochnalo-od-volshebnoto-stapche-na-hari-20.jpeg

Кога и како почна желбата за колекционерство?

Каролина е дете што кога развива интерес кон некоја работа, тоа го прави детално, аналитично и со голема посветеност.

Веројатно таа нејзина карактеристика споена со љубовта кон книгите воопшто, а особено кон серијалот Хари Потер, придонесе кај неа да се развие колекционерскиот дух и желбата да поседува работи преку кои  целосно ќе ужива во магичниот свет на книгите и волшебништвото.

Каролина може да се пофали и со својата библиотека од над 100 книги, сите прочитани, некои и по неколкупати, а одењето во книжарница е мал ритуал кој го практикуваме многу, многу често и секоја посета завршува со план и список за следната посета.

karolina-5-od-skopje-e-fan-na-hari-poter-ima-kolekcija-od-70-parchinja-a-s-zapochnalo-od-volshebnoto-stapche-na-hari-13.jpeg

Книгите како Магичното столче, Мори Попинс, Малите жени, се дел од нејзината колекција кои со задоволство ги читаме одново и одново.

karolina-5-od-skopje-e-fan-na-hari-poter-ima-kolekcija-od-70-parchinja-a-s-zapochnalo-od-volshebnoto-stapche-na-hari-16.jpeg

Ме радува што преку собирањето и чувањето на колекциите кај неа се развива чувство за правилно вреднување на работите, се развива фантазијата и се поттикнува размислувањето како императив за натамошниот нејзин развој и секако развивање на македонскиот јазик и збогатување на фондот на зборови кој кај неа како за дете од 5 години е на завидно ниво.  

karolina-5-od-skopje-e-fan-na-hari-poter-ima-kolekcija-od-70-parchinja-a-s-zapochnalo-od-volshebnoto-stapche-na-hari-21.jpeg

Од каде се повеќето работи од колекцијата? Дали ги купувате вие или ги добива на подарок?

Само неколку книжарници во Скопје се снабдени со работи со кои можеме да ја дополниме колекцијата. Би ја издвоила книжарницата Академска книга, каде сме редовни посетители и голем дел од колекцијата е од таму.

Љубовта кон Хари Потер се разви за време на пандемијата, кога и поголем дел од времето го поминувавме дома, но се надевам дека со раздвижувањето на светот ќе може да ја дополниме колекцијата со парчиња надвор од државата, а секако во план ни е посета на музејот на Хари Потер во Лондон каде преку Warner Bros. Studio Tour може да се ужива во светот на Хари, Private drive No.4, Hogwarts, Diagonal Alley, King Cross и перонот 9 и 3/4.

 Нашите пријатели веќе знаат за нејзината љубов кон Хари Потер и неретко добива подароци со таа тематика и веројатно така им ја олеснуваме работата.

karolina-5-od-skopje-e-fan-na-hari-poter-ima-kolekcija-od-70-parchinja-a-s-zapochnalo-od-volshebnoto-stapche-na-hari-10.jpeg

Колку парчиња брои нејзината колекција и што вклучува?

Колекцијата вклучувајќи ги и книгите за Хари Потер брои некаде околу 70 парчиња а секое парче си има посебно место во колекцијата во зависност од тоа кој дел го читаме и со кој дел од книгите и филмовите сме окупирани во моментот.

karolina-5-od-skopje-e-fan-na-hari-poter-ima-kolekcija-od-70-parchinja-a-s-zapochnalo-od-volshebnoto-stapche-na-hari-03.jpeg

Ги поседува волшебните стапчиња на повеќето волшебници, книги, разгледници, дневници, книги за костимите на ликовите во филмот, книги за најпознатата игра во книгите Quidich, избирачката капа, лего коцки, макети, симболите на 4-те домови на училиштето Hogwarts, ташни, ранци, пижами и многу други работи кои ни биле на располгање и сме имале можност да ги најдеме во нашите книжарници.

karolina-5-od-skopje-e-fan-na-hari-poter-ima-kolekcija-od-70-parchinja-a-s-zapochnalo-od-volshebnoto-stapche-na-hari-17.jpeg

Каде и како ги чувате?

Колекционерството бара голема посветеност во чувањето и негувањето на работите, а секако тоа верувам го разбира и Каролина заради што секое парче си има посебно место.

Книгите исто така со оглед на тоа што ги имаме во голем број ни се насекаде по станот но таа точно знае што каде е и каде се чува, така што полека си ја презема грижата за своите работи.

karolina-5-od-skopje-e-fan-na-hari-poter-ima-kolekcija-od-70-parchinja-a-s-zapochnalo-od-volshebnoto-stapche-na-hari-04.jpeg

Што ѝ е омилено од колекцијата? Што е најинтересното нешто што го поседувате од колекцијата?

Како што наведов, секое парче од колекцијата е одбрано и чувано со посебно внимание и огромна љубов.  Би ја издвоила избирачата капа, за оние што ги читале книгите или гледале филмовите знаат дека таа ги сместува децата во домот каде што секое треба да припадне.

Ја доби на подарок и беше воодушевена и многу често знаеме со часови да ја играме „избирачата церемонија” пресликана во нашата дневна соба.

karolina-5-od-skopje-e-fan-na-hari-poter-ima-kolekcija-od-70-parchinja-a-s-zapochnalo-od-volshebnoto-stapche-na-hari-22.jpeg

Дали има некој друг во околината (семејство/другарчиња) со истата љубов кон Хари Потер?

Татко ѝ е задолжен за филмовите, а јас за книгите и читањето, на тој начин се надополнуваме во целата приказна и интересот кон Хари Потер, колекционерството и љубовта кон книгата.

Нејзниот братучед Андреи кој воедно е и нејзин идол е ликот што ја запозна со Хари Потер преку неговиот костим за Halloween, a и покрај тоа што се многу далеку со Андреи и Ема на Вибер знаат и со часови да разговараат за тоа кој до каде стигнал со читањето или кој дел од филмот се изгледал или кој научил нова магија или нов рецепт за волшебна напивка.

Нашата задача како родители е да го поттикнеме интересот за колекционерството, кое понатаму верувам сама ќе продолжи да го негува со уште поголема љубов и ентузијазам и внимание.

И за крај, најшармантниот лик од филмот Ron Weasley ќе каже: „When in doubt, go to the library”.

karolina-5-od-skopje-e-fan-na-hari-poter-ima-kolekcija-od-70-parchinja-a-s-zapochnalo-od-volshebnoto-stapche-na-hari-23.jpeg

Повеќе фотки од Каролина и нејзината колекција: 

karolina-5-od-skopje-e-fan-na-hari-poter-ima-kolekcija-od-70-parchinja-a-s-zapochnalo-od-volshebnoto-stapche-na-hari-18.jpeg

karolina-5-od-skopje-e-fan-na-hari-poter-ima-kolekcija-od-70-parchinja-a-s-zapochnalo-od-volshebnoto-stapche-na-hari-12.jpeg

karolina-5-od-skopje-e-fan-na-hari-poter-ima-kolekcija-od-70-parchinja-a-s-zapochnalo-od-volshebnoto-stapche-na-hari-11.jpeg

karolina-5-od-skopje-e-fan-na-hari-poter-ima-kolekcija-od-70-parchinja-a-s-zapochnalo-od-volshebnoto-stapche-na-hari-14.jpeg

karolina-5-od-skopje-e-fan-na-hari-poter-ima-kolekcija-od-70-parchinja-a-s-zapochnalo-od-volshebnoto-stapche-na-hari-06.jpeg

karolina-5-od-skopje-e-fan-na-hari-poter-ima-kolekcija-od-70-parchinja-a-s-zapochnalo-od-volshebnoto-stapche-na-hari-09.jpeg

Ако и вие сте колекционер и сакате да ја споделите вашата колекција и приказна со нашите читатели, пишете ни на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови и фотографии е казниво со закон.

М. М. | Црнобело / фото: приватна архива

Би можело да ве интересира:

Давор Стојановски: „Сегашноста наликува на веќе започната партија шах“ Доаѓањето во Скопје за мене има друго значење, затоа што е еден од моите два дом...
Андреј Прави Влогови: YouTube сега е телевизија со помал буџет, каде зад камерите се кријат спонзори... Уште еден Јутуб лик се издвојува во македонската сцена во последните години, а т...
Андреа Лекиќ: Би ми било многу тешко, ако сега треба да бирам помеѓу кошарка и ракомет! Пиевме кафе на омиленото место на Андреа Лекиќ. Девојката која заедно со целиот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg