Симона Маџарова се избори со ракот на 28 години: „Мојата помала сестра ми беше најголемата поддршка“

„На 28 години ја добив дијагнозата рак на дојка. Во тој момент не почувствував шок, бидејќи 6 месеци се мачев по болници каде што ми даваа разни дијагнози и терапии, ме праќаа од врата до врата без никаков конкретен одговор, бадијала примав еден тон антибиотици и инфузии, па кога ми ја соопштија конечно оваа дијагноза некако почувствував олеснување, а во ист момент и срцето ми се заледи од помислата како ќе им кажам на мајка ми, татко ми, сестра ми.“, вели Симона Маџарова (30) која зад себе ја има најтешката животна битка.

simona-madjarova-mi-dijagnosticiraa-rak-na-28-godini-najteshko-mi-beshe-kako-kje-im-kazham-na-majka-mi-i-tatko-mi-01.jpg

Симона Маџарова е девојка со очи сини како небото и насмевка што зрачи и девојка која, за жал, ја водеше најтешката животна битка на само 28 години, но, за среќа, излезе посилна од неа и сега блеска како никогаш претходно и го сака и цени животот повеќе од кога било.

Таа за CRNOBELO.com ги споделува најинтимните детали од нејзиното патување наречено борба со рак на дојкa…

Симона Маџарова (30) потекнува од село Стојаково, за кое милува да каже дека е најубавото село на југот од Македонија. Таа е дипломиран бизнис менаџер, но веќе 6 години работи како касиер во казино.

Дијагнозата рак на дојка ја добила на само 28 години и оттогаш нејзиниот живот добива еден нов тек.

За тоа како се справила со стресот од дијагнозата, но и како успеала да излезе како победник од целата ситуација, Симона раскажува за CRNOBELO.com.

На колку години ја доби дијагнозата рак на дојка? Како се справи со шокот?

На 28 години ја добив дијагнозата рак на дојка. Во тој момент не почувствував шок, бидејќи 6 месеци се мачев по болници каде што ми даваа разни дијагнози и терапии, ме праќаа од врата до врата без никаков конкретен одговор, бадијала примав еден тон антибиотици и инфузии, па кога ми ја соопштија конечно оваа дијагноза некако почувствував олеснување, а во ист момент и срцето ми се заледи од помислата како ќе им кажам на мајка ми, татко ми, сестра ми.

simona-madjarova-mi-dijagnosticiraa-rak-na-28-godini-najteshko-mi-beshe-kako-kje-im-kazham-na-majka-mi-i-tatko-mi-15.jpg

Што направи прво? Како изгледаше процесот на планирање на лекувањето?

Најпрво отидовме со сестра ми во една винарија (ха ха) … Уште пред да тргнеме си кажавме дека какви и да бидат резултатите потоа задолжително одиме на ручек и вино. Секако дека се надевавме дека ќе славиме, но не излезе така.

Па, како кажавме така и направивме со сестра ми, иако дијагнозата ни висеше како облак цел ден, сепак одлучивме да се смееме и да се изнасликаме таму.

Оттаму најпрво отидов кај мојата нутриционистка Валентина Глигорова од Гевгелија, која веднаш ме ислуша, направи програма и план за мојата исхрана, ми даде сила да полетам со нејзината верба во мене. Веднаш почнав со веган исхрана и потоа на сокотерапија, но сè беше под контрола на Валентина, на своја рака не правев ништо.

Во тие моменти треба да изберете кој слушате и никако не смеете да ги слушате сите, бидејќи само вие знаете како ви е и никој друг не смее да ви се меша.

По две недели почнав со 8 циклуси на хемотерапија во државната болница во Скопје.

simona-madjarova-mi-dijagnosticiraa-rak-na-28-godini-najteshko-mi-beshe-kako-kje-im-kazham-na-majka-mi-i-tatko-mi-02.jpg

Кој ти беше најголема поддршка и без кого не би го издржала целиот овој процес?

Без мајка ми, татко ми и никако без сестра ми и момчето. Тие уште од првиот момент веруваа во мене, и кога гледав верба и љубов во нивните очи уште толку имав сила во мене да се борам и да одам само напред, не постоеше друга опција за мене, не ни помислувавме дека нема да се излечам, туку се трудевме секој ден да ни биде исполнет со смеа.

Да не беа тие и нивната безусловна љубов спрема мене, сега нема да сум овде. Кога имате покрај вас луѓе што никогаш не се откажуваат на пола пат, тогаш сè изгледа некако полесно.

Никогаш не ме гледаа со чудење или со жалење, иако слободна си бев меѓу нив да бидам со гола глава, дури некогаш им правев шеги дека шампонот не ми одговара или дека само да се исфенирам и ќе излеземе, на кои тие на моменти наседнуваа, а после се смеевме.

Пријателите и фирмата МА Гаминг за која работам ми беа огрооомна поддршка во текот на целата терапија, за среќа уште сè. Исто и да не беа тие, немаше толку сила да имам во себе. Во лошите моменти се гледа кој е вистински пријател и кој ти мисли од срце најдобро. Тие вредат да останат до вас и кога вам ви е најдобро.

simona-madjarova-mi-dijagnosticiraa-rak-na-28-godini-najteshko-mi-beshe-kako-kje-im-kazham-na-majka-mi-i-tatko-mi-12.jpg

Инаку, мора да напоменам дека сите ние што прерано ја водиме борбата со ракот сакаме да ја подигнеме свеста кај сите млади и општо кај сите возрасти, сакаме сите да се свесни дека редовните прегледи мора да се извршуваат и дека без разлика на резултатите има кој да стои позади вас. Со таа намера направено е и здружение за борба против рак, во Гевгелија.

Здружението се вика Елена Костадинова. Именувано е во чест на една душа која прерано го напушти овој свет и душа што нè чува сите од горе. Како што Елена со огромна храброст и пркосеше на оваа болест, со насмеано срце, позитива и сила, како што Елена беше полна со љубов и разбирање, така и здружението нуди помош и прифаќање за сите кои ја водат оваа битка.

Како реагираа пријателите кога им ја кажа дијагнозата? Како ѝ пристапија на ситуацијата?

Исто и тие со верба во мене. Ќе помине и ова, потоа ќе бидеме уште појаки, си велевме цело време. За што и да ми требаше тука беа тие кои несебично помагаа. Во ниту еден момент не се почувствував осамена, напротив.

simona-madjarova-mi-dijagnosticiraa-rak-na-28-godini-najteshko-mi-beshe-kako-kje-im-kazham-na-majka-mi-i-tatko-mi-03.jpg

Што значи да се прима хемотерапија? Имаше ли негативни ефекти, како се справи со истите?

Хемотерапија знаев што е, но само од читање, никако не би помислила дека некој ден ќе ја примам јас или некој близок мој.

Првите три дена од првата хемотерапија беа малку лоши, но јас повеќе бев збунета бидејќи не знаев што ме чека отколку што ми беше лошо. За среќа брзо помина тоа неубаво чувство и потоа немав дотолку лоши денови.

Очекувано ми беше да ми опадне косата и искористив шанса да се исшишам кратко уште пред да почнам со терапијата, потоа 14 дена по првата терапија почна да опаѓа косата сосема и веднаш сама се избричив пред огледало, дури веќе си имав купено и машинка за бричењ.

Истиот ден бев да си купам перика со пријателките, кои го направија тој момент да биде забава и исто како да се спремавме за некое излегување. Не жалев по косата, знаев дека ќе порасне уште поубава.

Во текот на терапијата имав сила за 10 луѓе, тоа го препишувам на веган исхраната и на вербата. Секој ден пешачев со моето куче Барон на ридовите во моето село, излегував, се дружев, но само со луѓе кои ме полнеа со позитивна енергија.

Во тој момент не ми се слушаа прашања ниту сожалувања, едноставно сакав позитива и верба околу мене, што и ја добивав.

Во државна примав терапија заедно со моите хемо другарки, Ана и Кате. Безрезервно позитивни девојки кај кои немаше место и простор за жалење. Секоја недела се дружевме таму по скоро цел ден и споделувавме се што ни се случува од терапијата, но на крај се завршуваше со смеа. Сега сме хемо друштво од 4 девојки со cool кратки фризурчиња, кои делеа една тешка борба заедно, а сега делиме само средби со кафенце, коктели и смеи.

simona-madjarova-mi-dijagnosticiraa-rak-na-28-godini-najteshko-mi-beshe-kako-kje-im-kazham-na-majka-mi-i-tatko-mi-05.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Хелена Роза по 4 години се врати од Нов Зеланд: „Заминав на 39 години, завршив факултет и сега со со... „2022 ми беше една од најубавите години - конечно зедов дозвола за возење мотор ...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg