Симона Маџарова се избори со ракот на 28 години: „Мојата помала сестра ми беше најголемата поддршка“

Најдобриот совет што ти го дадоа за процесот на лекувањето е…

Совети даваат сите тогаш, но не се слушаат сите. Најдобар совет ми беше дека мора најпрво за мене да си гледам, моите потреби, моите желби и можности.

Ако ми се смее да се смеам, а ако ми се плаче да плачам. Ако немам енергија на сила да не правам ништо. Едноставно слушајте си го своето тело и душа. Ако им треба мир, дајте им го.

simona-madjarova-mi-dijagnosticiraa-rak-na-28-godini-najteshko-mi-beshe-kako-kje-im-kazham-na-majka-mi-i-tatko-mi-16.jpg

Сметаш ли дека болеста те направи посилна?

Не само мене, туку и сите кои беа со мене сега гледаат на животот од многу поразличен аспект. Би сакала сите секој ден да го живееме до максимум, зашто утрото што ни носи никој не знае.

simona-madjarova-mi-dijagnosticiraa-rak-na-28-godini-najteshko-mi-beshe-kako-kje-im-kazham-na-majka-mi-i-tatko-mi-17.jpg

Направи ли промени во исхраната? Како изгледа твоето дневно мени?

Да да, и тоа големи. Како што кажав, од првиот ден почнав со веган исхрана. На почетокот имав и готвени јадења, потоа бев само на сурова исхрана и потоа почнав со сокотерапија, каде што пиев по 9 сокови на ден, и се чувствував толку лесно и здраво како ништо да не ми е. Цела програма ми ја водеше нутриционистката Валентина, која ми беше и психолог и најдобра другарка.

Што друго промени во начинот на живот?

Дефинитивно не трошам време и енергија на нешта кои не ме исполнуваат и научив да кажувам НЕ.

simona-madjarova-mi-dijagnosticiraa-rak-na-28-godini-najteshko-mi-beshe-kako-kje-im-kazham-na-majka-mi-i-tatko-mi-22.jpg

Колку ти се смени погледот на светот и на работите од секојдневието? Дали навистина луѓето не ги ценат малите работи од секојдневието?

Јас отсекогаш сум била благодарна на сè што имам во животот, му се радувам на зракчето сонце што ме топли, на птиците што црцорат и си пеат околу мене, на секоја насмевка.

Сега сум уште толку повеќе благодарна и пробувам да им објаснам на луѓето како цел свет може да се преврти наопаку преку ноќ, а без да забележиме, и дека доцна е некогаш да сфатиме што сè пропуштаме со тоа што се грижиме за небитни работи, како што ќе облечеш, каде ќе излезеш, што ќе мислат луѓето за тебе. Исто некогаш кога слушам како некои едноставно не си ја сакаат косата, градите им се премногу големи или мали, предебели се или преслаби, сакам да размислат дека девојчето што поминува покрај нив и се смее на цел глас носи перика, нема гради, ја боли цело тело од терапии и операции, не може да јаде, а сака, ама пусто нема вкус од терапиите, а сепак тоа девојче е најсреќно со тоа што го има во тој момент.

Не го земајте животот здраво за готово, секое утро е благослов. Бидете благодарни на Бог, на вас и на сите луѓе што ве сакаат и ги сакате

simona-madjarova-mi-dijagnosticiraa-rak-na-28-godini-najteshko-mi-beshe-kako-kje-im-kazham-na-majka-mi-i-tatko-mi-11.jpg

Што би им порачала на жените?

Од срце препорачувам секоја жена после 18-та година да оди на редовни контроли. Оваа болест не бира кај кого се појавува, за тоа мора од многу порано да се интересираме за своето здравје.

Кога нешто ви е чудно и непријатно на вашето тело веднаш одете на снимање, барајте мислења од повеќе доктори само не застанувајте во место и не плашете се од одговорите на докторите, зашто на време откриена болест е веќе половина излечена болест.

Порака до сите што во моментот минуваат низ истото…

Главата горе и само напред. Мислете само на иднината, замислете ја како вие сакате и верувајте во таа слика, верувајте дека ќе се оствари, верувајте во вас, во Бог.

Бидете благодарни на сè што имате околу вас, радувајте му се на секој ден и не се откажувајте никогаш, ни тогаш кога сè оди наопаку, зашто утре сонцето пак ќе изгрее.

simona-madjarova-mi-dijagnosticiraa-rak-na-28-godini-najteshko-mi-beshe-kako-kje-im-kazham-na-majka-mi-i-tatko-mi-18.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Хелена Роза по 4 години се врати од Нов Зеланд: „Заминав на 39 години, завршив факултет и сега со со... „2022 ми беше една од најубавите години - конечно зедов дозвола за возење мотор ...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Сања е самохрана мајка со своја фарма во с. Четирце: „Мотив за бизнисот ми беше мајка ми да не се см... „Порано бев осудувана што сум самохрана мајка. Осудите беа од типот дека тоа сум...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg