Бомбакис, момчето со пораки на картони: „Игор Џамбазов ми е идол, кога се борев со ракот книгите ми беа лек“

Со своите 34.000 следбеници на Инстаграм и секојдневно ширење на позитива, Бомбакис е присутен насекаде. Дел од неговиот живот кој оди од крајност во крајност неодамна го преточи во својата прва книга „Живот“, а во разговорот за CRNOBELO.com ни ја открива полична страна од Кристијан Станковски, коj сите го знаат како Бомбакис.

 bombakis momceto so poraki na kartoni imame uste mnogu kartoni za nasevo opkruzuvanje celo vreme lugheto iznenaduvaat 2

Пред два-три месеци ја објави својата прва книга „Живот“ и им овозможи на твоите следбеници да ја запознаат онаа страна од Бомбакис или Кристијан Станковски што не е видлива на социјални мрежи. За што реши гласно да прозбориш во одбраните приказни што ги објави?

Па, во принцип одлучив мојата приватност да ја ставам на тацна, и луѓето да видат кој е всушност Бомбакис во приватниот живот и што сè му се случило за овие 30 години. За сите подеми и падови што ми се случиле во текот на овој период.

https://www.instagram.com/p/CX3V3YMMzaX/

Пишувањето истовремено е ослободување. Ти омекнаа ли проблемите, стравовите и чувствуваше ли олеснување откако го ослободи талогот на животот од себе?

Ууу и тoa како… Си ги изнакажав сите работи што ми стоеја на душа, сите проблеми и лоши спомени и сите добри спомени кои се вредни за мене за да ги споменам во книга.

https://www.instagram.com/p/CUj_RKXMAEJ/

Борбата со ракот го извади најдоброто од тебе и ти овозможи да сфатиш дека линијата помеѓу животот и смртта е многу танка. За жал, ова нешто многумина го забораваат. На кои работи почна да им се радуваш во животот, а на кои претходно не им обрнуваше внимание?  

Пред сè на себе, немав никогаш време за себе, а имав за другите. Потоа на најблиските, да седнеш да направиш два реда муабет како сте, што сте, што има ново... Почнав да не се нервирам за ситници кои порано знаеа да ме извадат од такт, и да, почнав сите песни да ги слушам внимателно и да им навлагам во текстот од збор до збор. Нешто за кое претходно немав време.

https://www.instagram.com/p/CXgESwZsNco/

На една од своите објави имаш напишано дека на некои луѓе животната линија им е мирна, но не и твојата за овие 30 години каде животот ти се движел од една до друга крајност. Како беше Бомбакис на времето кога го стартуваше својот Инстаграм профил, а каков е денес?

Порано бев обичен човек како и сега, но секогаш сум сакал да направам нешто во животов, нешто свое. Сум имал амбиции да успеам сам, а истото е и денес.

Само што порано не ме знаеле многу луѓе. Инаку и тогаш ми била животната линија горе доле секогаш во крајност.

https://www.instagram.com/p/CX0sMLOs4S8/

Ако со твојата книга „Живот“ сакаш да го споделиш твоето животно искуство и да им посочиш некои работи на луѓето, кои книги тебе те имаат инспирирано и на чии автори посебно си им благодарен?

Пред сè го почитувам Игор Џамбазов, тој ми е идол, тоа сум го кажал многу пати. А од најтешкиот период ме извадија книгите на Лујза Хеј, книгата „Моќта на потсвеста“ од Џозеф Марфи, „Моќта на навиките“ од Чарлс Дјухиг… Во принцип психолошки книги читам, таква ќе биде и мојата следна книга.

https://www.instagram.com/p/CXyF2qnsEPO/

Скоро и да нема ден, а да не видиме некоја твоја порака на картон на нашите Инстаграм профили. Како настануваат пораките кои допираат до илјадници луѓе во Македонија?

Пораките на картоните, од ден за ден настануваат или пак некогаш ќе слушнам муабет некој и си запишувам да не заборавам и после станува порака. Но, во главно доаѓаат од нашето секојдневие, нашиот менталитет, општеството.

Имаме уште многу картони за нашево опкружување, цело време луѓево изненадуваат…

https://www.instagram.com/p/CXvhD04Mpk_/

Имаш ли претстава колку картони со пораки имаш напишано до сега?

Па, до сега имам околу 530 картони напишано, и сите ги чувам бидејќи планирам изложба, која ќе биде хуманитарна за да може да помогнеме на некого.

https://www.instagram.com/p/CW-ll1xsxRl/

Од твоето досегашно искуство можеш ли да ни кажеш што е она кое Македонците најмногу ги смее, но и лути?

Хаха, највеќе ги смеат секојдневните работи кои сите сме свесни дека ги правиме и се пронаоѓаат во картонот и знаат дека не треба така да прават, но веќе им e навика. А ги лути реалноста, вистината кога ја пишувам на картон, а тоа се случува често, исто знаат дека е така и дека сум во право ама негираат.

https://www.instagram.com/p/CXQnj1IMXgG/

Тука некаде може да го завршиме разговорот. Ако твоето присуство на социјалните мрежи служи да ги расположуваш луѓето и да им вбризгаш малку „позитива“, што е она што тебе посебно те расположува и радува?

Ова е најтешкото прашање. Инаку едноставно е, кучето мое Алба и кога гледам дека моите најблиски се среќни задоволни, здрави живи и поддршката што ја добивам од луѓето секојдневно.

https://www.instagram.com/p/CWskT_7M5OE/

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

 Автор: Е. Х | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ана од Битола: „Партнерот ме запроси на 18 години, сите нè осудија, но чувствата не бираат ниту годи... „Кога партнерот ме побара за жена, имаше премногу негативни коментари, предрасуд...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...
Симона Петреска, мотиватор и животен тренер: „На минатото треба да гледаме како на учител, а во живо... „Во еден период мислев дека постојам само за да ги задоволам луѓето кои беа прис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg