Даријан Трајанов и Марино Башиќ: „Сакаме светските трендови за креирање врвни спортисти да ги донесеме и во Македонија“

darijan-trajanov-i-marino-bashikj-sakame-svetskite-trendovi-za-kreiranje-vrvni-sportisti-da-doneseme-i-vo-makedonija-09.jpg

Кои се според тебе најчестите грешки што фитнес тренерите ги прават во своето работење?

Марино: Добриот тренер го сочинуваат теориското и практично знаење, искуство, однос и разбирање со клиентот, секако и правилен маркетинг поради тоа што луѓето на некој начин мора да дојдат до вас.

Најчестите грешки се тоа што не се усовршуваат доволно и не вложуваат доволно од своето време и финансии во стекнување на потребните вештини за сопствен напредок.

Концентрирани се само на бројот на луѓе и заработка, а не на тренерскиот напредок. Исто така околу себе мора да создаваат мрежа на верни клиенти, но и мрежа на колеги тренери кои ќе ги почитуваат и препорачуваат за работа. На тој начин нема да имаат страв дека ќе бидат без работа.

Секогаш има работа, меѓутоа или луѓето не знаат за вас или останатите тренери не ве познаваат па не можат да ве препорачаат. А за да би можеле да ве препорачаат морате на некој начин да им ги покажете вашите квалитети во однос на работа, односи и знаење.

На што треба да се фокусираат фитнес и кондициските тренери кои се на почеток од своето работење за да постигнат успех во својата работа?

Марино: Најпрво треба да создадат добар состав на тренинг. Доколку немаш квалитетен состав тогаш не е важно колку луѓе биле на твоите тренинзи, бидејќи нема да можеш да ги задржиш поради тоа што нема да можеш да им овозможиш резултат.

Добар состав на тренинг дава резултат. Кога ќе подготват состав на тренинг тогаш треба да се концентрираат на организација на работата за да можат да ги понудат своите услуги на поголем број клиенти.

После тоа да подготват дополнителни услуги, да стекнат нови знаења од областа на дијагностика, исхрана и ментални вештини. Потоа да следи маркетинг и промоција која ќе донесе нови клиенти. Многу тренери работат спротивно, односно прво започнуваат со маркетинг, а не се во можност да понудат доволно квалитетна услуга и поради тоа работата не дава резултат.

Што е она што според тебе, секој тренер треба да го направи кога се запознава со нов клиент за да утврди каква е моменталната состојба и на што треба да се работи за да се постигнат саканите резултати?

Марино: Прва и основна работа е дијагностика со цел да се утврди моменталната состојба, потоа да се види дали има одредени ограничувања како на пример: болки во грбот, претходни проблеми со коленото и др. И врз основа на тоа да се одредат посакуваните цели, одберат вежби и методи на тренинг.

Секако тоа зависи од многу фактори, од тоа колку пати неделно клиентот ќе доаѓа на тренинзите, исхрана, животните обврски и сл. Треба да се води грижа и за закрепнувањето и стресот со кој се соочува клиентот, бидејќи ако имате клиент кој работи 12 часа дневно во канцеларија и покрај тоа има и домашни обврски нема да има доволно време и енергија да се закрепне од напорниот тренинг, така што и тоа треба се има предвид.

Ако пак има 120 килограми и проблеми со грбот исто така нема да биде во можност да прави одредени вежби, ќе мора строго да внимава на исхраната, да ги намали килограмите па потоа да го зголеми интензитетот на тренингот.

Тоа се само некои од примерите, бидејќи треба да се земе предвид и тоа што клиентот сака, поради тоа што постојат клиенти коишто не сакаат да вежбаат со тежини, па во тој случај ќе треба да одберете други реквизити. Во правило на клиентот му го давате тоа што му треба и тоа што го сака, 80% од тренингот е ваш, а 20% на клиентот.

Даријан, работиш и во областа на дигиталниот маркетинг и фитнес маркетингот, дали можеш да ни кажеш што претставува фитнес маркетингот и колку e застапен во Македонија?

Даријан: Според еден од најпознатите светски експерти во областа на маркетингот, една од важните мисии на маркетингот е да креира производи или услуги кои ќе ги задоволат потребите на потрошувачите.

Денешното време на дигитализација и технологија, им овозможува на фитнес тренерите и фитнес центрите да ги приближат услугите до своите потенцијални клиенти полесно од било кога.

Најважно е да се приспособат на дигиталните, технолошки и бизнис трендови за да бидат поконкуретни и поуспешни во промоција и продажба на своите услуги. Фитнес маркетингот е важен дел за успехот на еден фитнес бизнис и проект. Основата на фитнес маркетингот се однесува на пренесување вистинската порака, пред вистинските луѓе во вистинско време. Застапеноста на фитнес маркетингот во Македонија е сè уште на самиот почеток.

Според моето мислење во Македонија мал е бројот на фитнес тренери и фитнес центри кои вложуваат во ефикасен финтес маркетинг и стратегија со кои би постигнале поголем успех во своето работење.

За таа цел потребна е поголема промоција на придобивките на маркетингот за фитнес индустријата, фитнес тренерите и фитнес центрите. Тоа може да се направи преку социјалните медиуми, портали, радија, утрински и едукатвини емисии.

На следната страна повеќе за фитнес трендовите за 2022-та година, но и за тоа што би можеле фитнес тренерите да го направат за да го промовираат сопствениот бизнис.


Би можело да ве интересира:

Јасмина Цветковска 9 години живее во Сиднеј: „Како инженер лесно најдов работа, но проблем се скапит... „Дипломите од природните науки, машинските струки, архитектура, електро-инженерс...
Елена од Кавадарци е мејкап артистка во САД: „Не планирав да се селам, тука заработката е поголема и... „Во САД најчесто само невестата, девериците и мајките најмуваат шминкер за свадб...
Успешни Македонци низ светот: Воислав од Тетово е ембриолог во најголемата болница во Осло „Јас помагам во оплодувањето на јајце-клетката во лабораторија, во вештачки усло...
Емилија Масларковска-Каневче, туристички водич: „Не сум сретнала странец кој не е воодушевен од Маке... „Омилени ми се туристите од Азија. Љубопитни се и сакаат да ја дознаат нашата ис...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Сипхокази Трпкоски од Јужноафриканска Република е македонска снаа: „Сакам пастрмалија и ракија, Охри... „Македонската свадба е за мене е најубавата македонска традиција. Многу е убаво ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg