Филип Костовски, чевлар: „Чевлите нема да се прошират ако ги ставите во замрзнувач – ќе се оштетат“

Кое е најинтересното барање кое си го добил од клиент?

Најинтересна случка ми беше кога клиентка добила чевли од брендот Louis Vuitton на подарок од Дубаи, но ѝ дале различни броеви, лева 38-ца и десна 37-ца.

Но, бидејќи многу ѝ значел подарокот, се нафатив и ја преправив цела чевла за да бидат пар со број 37.

filip-kostovski-chevlar-chevlite-nema-da-se-proshirat-ako-gi-stavite-vo-zamrznuvach-kje-se-oshtetat-05.jpg

Колку години бил најстариот пар чевли што некогаш во животот си го поправил?

Најстариот пар ми беше задоволство да го работам – тоа беше пар чевли со старост од 43 години.

Стануваше збор за чевли кои ги носела бабичката на нејзината свадба и ги чувала, но бидејќи беа во фаза на распаѓање ѝ беше мерак да ги реставрирам и да ги вратам во живот, како што биле во фабричка состојба.

Ги средив комплет, клиентката беше презадоволна и рече дека ќе ѝ ги подари на внуката за да ги носи на нејзината свадба.

Дали има жени кои бараат да им ги промениш високите потпетици на чевлите, за да бидат повисоки/пониски, тешка ли е оваа процедура?

Па, не е тешко, но мора да се внимава за да не се создаде проблем. Ако е премногу скратена потпетицата може да се создаде проблем при одењето. Се креваат прстите напред, а оптоварувањето паѓа на мускулите на листот од ногата.

Значи ако дозволува моделот на чевли, може да се скрати потпетицата, но прво мора да се измери.

filip-kostovski-chevlar-chevlite-nema-da-se-proshirat-ako-gi-stavite-vo-zamrznuvach-kje-se-oshtetat-06.jpg

Имаат ли навика Македонците да ги четкаат со четка и боја чевлите? Порано многу почесто бевме сведоци на ваква практика, имаше дури и луѓе што го работеа ова во центарот на градот...

Па, искрено, сè е култура... Не значи дека ако сум чевлар може да ме омаложуваат и да ми носат чевли со кал, со влакна затоа што кучето лежело на нив или во патиките да има оставено чорапи итн.

Да, јас сум чевлар и си го сакам и работам мојот занает со задоволство, но кога ќе кажам дека чистењето плус се плаќа не им е сеедно и ми викаат тоа ми е работа. Но, не е така. Мене ми е поправката работа, а не да ги чистам чевлите пред да работам.

Не барам да бидат чевлите перени, нормално е да е газено по асфалт, но да има некоја граница.

filip-kostovski-chevlar-chevlite-nema-da-se-proshirat-ako-gi-stavite-vo-zamrznuvach-kje-se-oshtetat-02.jpg

Најголемите грешки во грижата за чевлите се...

Најголемите грешки се видео упатствата на Фејсбук и Јутјуб или советите од пријателите од типот „Ми рекоа да пробам со ова и со она“ и на крај завршуваат неуспешно и доаѓаа во „Doctor Shoes“, кај мене - докторот за чевли.

filip-kostovski-chevlar-chevlite-nema-da-se-proshirat-ako-gi-stavite-vo-zamrznuvach-kje-se-oshtetat-07.jpg

filip-kostovski-chevlar-chevlite-nema-da-se-proshirat-ako-gi-stavite-vo-zamrznuvach-kje-se-oshtetat-08.jpg

Прочитајте и како Филип се одлучил за овој занает - Чевларот Филип Костовски: „Не е точно дека чевли поправаат само луѓето кои немаат пари за нови“

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Виктор, внукот на Зоки Фаци: „До последниот ден се шегуваше дека ѕвезда како него мајка еднаш раѓа“ „Приватно беше многу различен од тоа што луѓето го гледаа јавно. Дома беше ...
Филип Митовски (26) е козар и земјоделец: „Имам 150 кози, станувам во 6 часот наутро за да ги измолз... „Еден типичен ден како козар на нашиот имот во селото Дурачка Река ми изгледа ва...
Елена од Битола: „На сакото од баба ми, старо 37 години, му дадов нов живот со брошеви - омилено ми ... „Баба ми го носеше ова сако на свадбата на вујко ми, далечната 1989 година, кога...
Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
Бубе Јаневска за стилот и убавината: „Имам над 35 сакоа, откако пијам 2.5l вода дневно имам поубава ... „По еден период на „мрза“ сега сум повторно физички активна. Сѐ уште немам ...
Миа Костова за стилот и убавината: „Ботокс ставам двапати годишно, мразам кардио вежби и пешачење“ „Редовно готвам, кај мене дома има ручек 4-5 пати неделно. Јадам домашна храна и...

Најчитани неделава