Битолчанец изработи „паметни“ роботи: „За изработката на еден робот потребни се од 100 до 500 евра, во Македонија тешко се наоѓаат материјали“

Студира, работи како веб-девелопер, креирал видео игри и 3Д филмови, а во слободно време изработува роботи со вештачка интелигенција. Во интервју за CRNOBELO.com младиот Димитар Бежановски (22) открива како почнал да се занимава со роботика и ни ги претставува основните функции на неговите два роботи „Рикардо“ и „Гравис“.

bitolchanec-studira-i-raboti-a-vo-slobodno-vreme-izrabotuva-pametni-roboti-01.jpg

Димитар Бежановски од Битола има 22 години, тој е студент во трета година на Факултетот за информатички и комуникациски техонологии (ФИНКИ), кој во моментов работи како софтвер девелопер, а во изминатиот период креираше два роботи со вештачка интелигенција.

Овој млад битолчанец сам го креираше кодот за работа на роботите, а истиот го остави вo електронска библиотека со отворен пристап во надеж дека така ќе поттикне поголем број млади луѓе да се занимаваат со роботика.

bitolchanec-studira-i-raboti-a-vo-slobodno-vreme-izrabotuva-pametni-roboti-09.jpg

Во интервју за CRNOBELO.com Димитар говори за тоа како почнал да се занимава со роботика, со кои предизвици се соочува додека работи, но и за тоа колку чини изработката на еден ваков проект.

bitolchanec-studira-i-raboti-a-vo-slobodno-vreme-izrabotuva-pametni-roboti-08.jpg

Димитар вели дека е љубител на технологија и секогаш сака да учи нови работи, а особен интерес има за иновативните технологии кои се несекојдневни како роботиката.

„Немам некоја преференца за технологија. Ме интересира сè што е поврзано со наука. И верувам дека што повеќе области изучувате, толку подобри ќе ви станат вашите вештини за решавање на проблем и ќе можете да мислите од различна перспектива.

bitolchanec-studira-i-raboti-a-vo-slobodno-vreme-izrabotuva-pametni-roboti-07.jpg

Првично започнав со изработка на видео игри. Мојата прва видео игра беше G.E.O.R.G.E. Добив две први места на државни натпревари со играта.

Поради тоа што работев со 3Д софтвер тогаш, направив и краток 3Д филм и други неколку видео игри. Во моментот работам со веб девелопмент, а главно хоби ми е роботика“ – појаснува тој.

bitolchanec-studira-i-raboti-a-vo-slobodno-vreme-izrabotuva-pametni-roboti-02.jpg

Во продолжение проследете го интервјуто за CRNOBELO.com поврзано со неговите два роботи и воопшто за неговите искуства со роботиката.

Кажи ни нешто повеќе за твоите роботи Рикардо и Гравис – што можат да прават, која е нивната основна функција?

Рикардо и Гравис се open-source. Тоа значи дека кодот, листа од деловите и шемите се достапни на интернет на github. Секој кој што е заинтересиран може да си направи нивна верзија од роботите.

Рикардо има функционалност на детекција и следење на лице кај човек. Кога тој ќе детектира лице кај човек, почнува да го следи истиот.

Ако пробате да го заобиколите, тој ќе се ротира кон вас. Ако одите наназад, тој ќе доаѓа по вас. Ова се изведува со Виола-Џоунс алгоритамот.

Гравис е новиот робот кој е уште во изработка. Има понапредни функционалности и сензори. Гравис е надоградена верзија на Рикардо.

Тој има лидар сензор кој може да мапира простор во 2Д. На овој начин тој може да ги гледа сите препреки во просторот.

Исто така Гравис има понапреден компјутер од Рикардо со кој ќе се овозможат покомплексни пресметки.

Гравис е уште во изработка и има уште доста работа додека тој биде готов. Кога тој ќе биде готов ќе има комплетна документација и видео туторијали за да може секој да го рекреира, дури и почетник.

bitolchanec-studira-i-raboti-a-vo-slobodno-vreme-izrabotuva-pametni-roboti-05.jpg

Како дојде до идеја да го изработиш првиот робот Рикардо? Кажи ни нешто повеќе околу неговата изработка, од какви материјали е изработен и на кој начин?

Рикардо е првиот робот кој го изработив. Отсекогаш сакав да направам еден. И кога почна карантинот во 2020-та година се решив дека нема подобар момент за да го направам тоа.

Кога го почнав Рикардо сакав да направам робот со камера кој ќе може да се контролира преку лаптоп на далечина до 50 метри со цел да може да се истражува непристапен терен.

После некое време ми дојде идеја да му вградам вештачка интелигенција на Рикардо со цел тој да стане „паметен“.

Имплементирав Виола-Џоунс алгоритам со цел да може да се детектира лице на човек.

Рикардо е целосно 3Д печатен и заради тоа е доста лесно да се поправи доколку нешто се оштети. Материјалот кој го користам за него е PLA што е најчестиот материјал кај 3Д печатари. Доста лесно и брзо се печати со тој материјал.

https://www.instagram.com/tv/CO8YvCqnQ6p/?utm_source=ig_web_copy_link

Се наоѓаат ли во Македонија лесно материјали за изработка на роботи?

Во Македонија има недостаток на материјали. Електроника скоро и да нема. Доколку се најде дел тука, тогаш тој најчесто е минимум трипати по скап од реалната цена.

Електрониката е главен проблем. Пластиката за 3Д печатење се наоѓа во Македонија, но и понекогаш се случува да нема залихи на одредена боја на пластика за 3Д печатење.

bitolchanec-studira-i-raboti-a-vo-slobodno-vreme-izrabotuva-pametni-roboti-10.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Јасмина Цветковска 9 години живее во Сиднеј: „Како инженер лесно најдов работа, но проблем се скапит... „Дипломите од природните науки, машинските струки, архитектура, електро-инженерс...
Елена од Кавадарци е мејкап артистка во САД: „Не планирав да се селам, тука заработката е поголема и... „Во САД најчесто само невестата, девериците и мајките најмуваат шминкер за свадб...
Успешни Македонци низ светот: Воислав од Тетово е ембриолог во најголемата болница во Осло „Јас помагам во оплодувањето на јајце-клетката во лабораторија, во вештачки усло...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...
Французинката Олга 2 пати го посети Скопје: „Македонците се прекрасен народ“ „Ми се допадна културата, мешавина помеѓу оксидент и ориент, природата, византис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg