Наташа од Скопје е во брак со Кореец: „Го запознав онлајн, дојде до Македонија да ме види и ме чекаше 6 месеци да отидам таму“

Каде го запозна твојот партнер?

Бјонгдо е од Сеул и се запознавме на многу интересен начин. Детално нашата приказна ја имаме раскажано во едно од нашите Јутјуб видеа „Како се запознавме“.

Но, на кратко, јас по една година престој во Кореја се вратив во Македонија и правев планови за повторно одење во Кореја. Во тој период преку онлајн апликација за размена на јазици се запознав со Бјонгдо.

natasha-od-skopje-e-vo-brak-so-koreec-go-zapoznav-onlajn-dojde-do-makedonija-da-me-vidi-i-me-chekashe-6-meseci-da-otidam-20.jpeg

Цело време се допишувавме и зборувавме на видеоповик. Сакавме што поскоро да се видиме, и бидејќи тој не можеше да дочека јас да отидам во Кореја, дојде прв да ме посети во Македонија точно 1 месец откако се запознавме.

Оттогаш сме заедно и на почетокот моравме да бидеме разделени, јас во Скопје, а тој во Сеул, но после 6 месеци јас отидов во Кореја и од тогаш сме постојано заедно.

Моментално сме во Македонија, си немав дојдено три години.

natasha-od-skopje-e-vo-brak-so-koreec-go-zapoznav-onlajn-dojde-do-makedonija-da-me-vidi-i-me-chekashe-6-meseci-da-otidam-04.jpg

Какви се како љубовни партнери? Што прават поинаку од Македонците?

Корејците се романтични и ја покажуваат љубовта на секој можен начин.

Секако сите луѓе се различни, но повеќето би постапиле вака: Најпрво девојката ја третираат како принцеза, многу често го слушаат зборот на девојката, се облекуваат како што таа би сакала, прават/не прават работи кои таа ги кажува.

natasha-od-skopje-e-vo-brak-so-koreec-go-zapoznav-onlajn-dojde-do-makedonija-da-me-vidi-i-me-chekashe-6-meseci-da-otidam-19.jpg

Надвор многу често може да се забележи како момчињата ги носат чантите на девојките (иако станува збор за мали чантички), тие не сакаат да дозволат девојките да чувствуваат напор.

Додека пешачат секогаш се држат за раце или се гушнати, а кога јадат во ресторан заедно момчињата знаат и да ги хранат девојките со цел да искажат љубов.

Но, нешто што не може да се види е бакнеж, колку и да се интимни никогаш не се бакнуваат во јавност.

natasha-od-skopje-e-vo-brak-so-koreec-go-zapoznav-onlajn-dojde-do-makedonija-da-me-vidi-i-me-chekashe-6-meseci-da-otidam-14.jpg

Зошто вашата љубовна приказна е посебна?

Сметам дека нашата љубовна приказна е посебна бидејќи не беше лесна и едноставна нашата средба. По една година престој во Кореја јас се вратив во Македонија и иако правев планови за повторно враќање во Кореја, бев навистина тажна и депресивна бидејќи ја напуштив земјата што ја сакам и ништо не беше сигурно за моето враќање.

natasha-od-skopje-e-vo-brak-so-koreec-go-zapoznav-onlajn-dojde-do-makedonija-da-me-vidi-i-me-chekashe-6-meseci-da-otidam-21.jpg

Токму во тој тежок период се појави Бјонгдо, кој беше решен да дојде да ме види, а потоа и да чека со мене 6 месеци дури јас отидам повторно за Кореја.

За мене тој беше како принцот од бајките.

natasha-od-skopje-e-vo-brak-so-koreec-go-zapoznav-onlajn-dojde-do-makedonija-da-me-vidi-i-me-chekashe-6-meseci-da-otidam-06.jpeg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Вероника, Русинка мажена во Скопје: „Љубовта ме донесе тука пред 14 години – обожавам ајвар и греана... „Кога дојдов овде првпат, искрено, ми беше чудно кога излегов на тераса и видов ...
Валерија, Русинка која 10 години живее во Демир Капија: „Бев шокирана кога првпат стигнав тука, вино... „Во Македонија најмногу ми се допаѓа топлината на луѓето, отвореноста и можности...
Верица Огњанова: „Имав само 21 година, ми кажаа дека ќерка ми има Даунов синдром, но нејзината насме... „Да ти соопштат такво нешто на 21 година во 22 часот, да си сам и да си имал сос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg