Наташа од Скопје е во брак со Кореец: „Го запознав онлајн, дојде до Македонија да ме види и ме чекаше 6 месеци да отидам таму“

„Бјондо (39) од Сеул е мојот принц од соништата, Корејците се неверојатно романтични и ја покажуваат љубовта на секој можен начин – дури и ги хранат девојките и им ги носат чантите. Го обожавам животот во Јужна Кореја, единствена мана е што се работи премногу, додека шефот не каже дека е доволно“, раскажува Наташа Андриеска (26) од Скопје, која моментално со сопругот престојува во Македонија, првпат по 3 години.

natasha-od-skopje-e-vo-brak-so-koreec-go-zapoznav-onlajn-dojde-do-makedonija-da-me-vidi-i-me-chekashe-6-meseci-da-otidam-01.jpg

Наташа Андриеска (26) од Скопје и Бјонгдо Ли (39) од Сеул работат како јутјубери (видео креатори) во Јужна Кореја. Но, таа работи и во градинка.

Парот живее во Јужна Кореја, но моментално се на 3-месечен престој во Македонија.

natasha-od-skopje-e-vo-brak-so-koreec-go-zapoznav-onlajn-dojde-do-makedonija-da-me-vidi-i-me-chekashe-6-meseci-da-otidam-02.jpgOхрид

За љубовта кон оваа земја, но и како го пронашла својот принц од соништата, Наташа споделува за CRNOBELO.com:

Кога појде првпат во Јужна Кореја, зошто токму оваа земја и како реагираа твоите на потегот?

Првпат отидов во Јужна Кореја есента 2016-та година. Имав гледано многу серии и слушано корејска музика, па така почнав да го учам и јазикот и да се интересирам за земјата.

Од факултет даваа стипендии за 1 или 2 семестри студии во Јужна Кореја, па кога аплицирав и бев одбрана беше како сонот да ми се исполнува.

Моите секако беа против, но се помирија дека ќе биде за кратко време, па решија да ме пуштат да одам.

natasha-od-skopje-e-vo-brak-so-koreec-go-zapoznav-onlajn-dojde-do-makedonija-da-me-vidi-i-me-chekashe-6-meseci-da-otidam-05.jpeg

Каков ти беше првиот впечаток?

Се чувствував како да сонувам. Не ми се веруваше дека сум во земјата каде што толку многу сакав да одам.

Можеби и затоа многу брзо се адаптирав на сè. Имав многу странски пријатели кои имаа проблеми со лутата храна или начинот на живот, но мене ми се допадна сè.

natasha-od-skopje-e-vo-brak-so-koreec-go-zapoznav-onlajn-dojde-do-makedonija-da-me-vidi-i-me-chekashe-6-meseci-da-otidam-08.jpg

Што ти се допадна најмногу?

Освен храната, која е превкусна, навистина ми се допаѓа редот кој го има во државата како и високата свест на луѓето кои заедно како едно го почитуваат редот и ги следат правилата.

Луѓето се до толку културни што нема ниту еден вандализиран ѕид во градот, сите улици се чисти (без отпадоци), секаде се чека во една редица, без буткање или викање, сите игралишта се сочувани како вчера да биле изградени, итн. 

natasha-od-skopje-e-vo-brak-so-koreec-go-zapoznav-onlajn-dojde-do-makedonija-da-me-vidi-i-me-chekashe-6-meseci-da-otidam-16.jpg

Какви се локалците, кои се нивните навики во секојдневието?

Корејците се навистина многу фини и културни луѓе. Досега многу често имам добиено помош од странци или луѓе кои ги гледам за првпат.

Газдите на продавници и ресторани секогаш гледаат да „те наградат“ односно да се заблагодарат што си нивен гостин и даваат бонус услуга (гратис јадење, или парче облека или слично).

Инаку, Корејците се работливи и минимално работат 9 часа на ден. Зависни се од кафе и денот го започнуваат со ајс американо во лето или топло кафе во зима.

Колку што напорно работат толку добро и знаат да се забавуваат. За нив можам да кажам дека важи она „Work hard, play hard“. По напорен работен ден знаат да излезат со пријателите или колегите и да јадат и пијат без разлика на денот во неделата.

natasha-od-skopje-e-vo-brak-so-koreec-go-zapoznav-onlajn-dojde-do-makedonija-da-me-vidi-i-me-chekashe-6-meseci-da-otidam-07.jpg

Има ли многу доселеници што живеат таму?

Порано било ретко да се најде странец, но денес има навистина многу странци што живеат тука. Дури и јас сум изненадена колку повеќе странци има во споредба со 2016-та година.

Бројот на меѓународни бракови е исто така значително зголемен.

natasha-od-skopje-e-vo-brak-so-koreec-go-zapoznav-onlajn-dojde-do-makedonija-da-me-vidi-i-me-chekashe-6-meseci-da-otidam-12.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Вероника, Русинка мажена во Скопје: „Љубовта ме донесе тука пред 14 години – обожавам ајвар и греана... „Кога дојдов овде првпат, искрено, ми беше чудно кога излегов на тераса и видов ...
Валерија, Русинка која 10 години живее во Демир Капија: „Бев шокирана кога првпат стигнав тука, вино... „Во Македонија најмногу ми се допаѓа топлината на луѓето, отвореноста и можности...
Верица Огњанова: „Имав само 21 година, ми кажаа дека ќерка ми има Даунов синдром, но нејзината насме... „Да ти соопштат такво нешто на 21 година во 22 часот, да си сам и да си имал сос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg