Наташа од Скопје е во брак со Кореец: „Го запознав онлајн, дојде до Македонија да ме види и ме чекаше 6 месеци да отидам таму“

Топ 3 работи што не ти се допаѓаат таму и зошто?

Ова е многу тешко прашање бидејќи сè ми се допаѓа за Кореја и толку добро се навикнав на животот таму, што не би можела да живеам на ниту едно друго место.

Но, кога ќе подразмислам има и некои работи кои не се баш пријатни, како на пример не ми се допаѓа тоа што често се работи прекувремено и шефот задава работа повеќе од што може да постигнеме да сработиме.

Исто така, не ми се допаѓа тоа што поради големиот број на луѓе многу често треба да се чека ред за да се влезе во некој познат ресторан или на пример ако сакаш нешто да купиш треба да чекаш со денови додека дојде твојот ред. (бидејќи производот е распродаден во првите 5 минути).

natasha-od-skopje-e-vo-brak-so-koreec-go-zapoznav-onlajn-dojde-do-makedonija-da-me-vidi-i-me-chekashe-6-meseci-da-otidam-18.jpg

Каква е храната имаат ли навика да готват секојдневно?

Храната е здрава, но малку лута (за тие што ја пробуваат за првпат). Главното јадење е ориз, а покрај оризот јадат месо и многу зеленчук.

Во Кореја има зеленчук што првпат го гледам, имаат навистина многу видови на сè.

Обично фамилијарните луѓе готват секој ден, бидејќи мора да има здраво јадење за децата.

Но, студентите и тие што живеат сами практикуваат да јадат готова храна од продавници, јадат во ресторани или нарачуваат храна (во Кореја е развиена културата на луѓе сами да си јадат во ресторан и културата на нарачување храна бидејќи луѓето живеат брз живот и немаат време за готвење).

natasha-od-skopje-e-vo-brak-so-koreec-go-zapoznav-onlajn-dojde-do-makedonija-da-me-vidi-i-me-chekashe-6-meseci-da-otidam-10.jpg

Каква е природата?

Кореја имала богата природа, но сега голем дел од природата се уништува и се градат згради и објекти, навистина многу.

Поголемиот и поубавиот дел од природата велат дека припаѓа на Северна Кореја.

Сепак, Јужна Кореја има многу планини и планинарството е навистина развиено. Исто така имаат многу зелена површина, па и голфот како спорт е многу популарен.

natasha-od-skopje-e-vo-brak-so-koreec-go-zapoznav-onlajn-dojde-do-makedonija-da-me-vidi-i-me-chekashe-6-meseci-da-otidam-13.jpg

Како му се допаѓа Македонија на твојот сопруг?

По 3 години повторно дојдовме со сопругот да ја посетиме Македонија и моето семејство.

Ќе престојуваме 3 месеци и навистина ни е интересно. На Бјонгдо му се допаѓа Македонија, вели дека е многу поразлично од брзиот живот во Сеул и затоа му се допаѓа.

Тука е тивко, мирно, луѓето убаво го пречекаа и му оставија добар впечаток. а исто така му се допаѓа и природата низ Скопје.

Омилен му е и Охрид.

natasha-od-skopje-e-vo-brak-so-koreec-go-zapoznav-onlajn-dojde-do-makedonija-da-me-vidi-i-me-chekashe-6-meseci-da-otidam-03.jpg

Повеќе фотографии од Наташа и Бјондо:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Вероника, Русинка мажена во Скопје: „Љубовта ме донесе тука пред 14 години – обожавам ајвар и греана... „Кога дојдов овде првпат, искрено, ми беше чудно кога излегов на тераса и видов ...
Валерија, Русинка која 10 години живее во Демир Капија: „Бев шокирана кога првпат стигнав тука, вино... „Во Македонија најмногу ми се допаѓа топлината на луѓето, отвореноста и можности...
Верица Огњанова: „Имав само 21 година, ми кажаа дека ќерка ми има Даунов синдром, но нејзината насме... „Да ти соопштат такво нешто на 21 година во 22 часот, да си сам и да си имал сос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg