Томас Естрани: „H&M нè охрабрува да го истражуваме личниот стил“

Што ја прави H&M уникатна компанија, на што е најгорд од работата во компанијата, дали се планира отворање на уште една продавница во Македонија и дали ќе има онлајн продажба во нашата земја – по повод отворањето на H&M во Скопје, CRNOBELO.com направи ексклузивно интервју со господинот Томас Естрани, менаџер на продажба за регионот Грција и соседните земји.

tomas-estrani-h-m-ne-ohrabruva-da-go-istrazhuvame-lichniot-stil-01.jpg

По повод долгоочекуваното отворање на H&M продавницата во Скопје, на 18-ти август 2022, разговаравме со менаџерот на продажба одговорен за регионот Грција, кој вклучува и неколку соседни земји, Томас Естрани.

Тој е дел од H&M околу 20 години, а зборува за тоа колку компанијата му помогнала за личниот раст и успех, но и за тоа колку се вреднува поддршката и тимската работа и по какви принципи се работи за овој бренд.

Во разговор за CRNOBELO.com, Естрани открива со какви предизвици се соочила компанијата за време на пандемијата, какви квалитети треба да имаат вработените во брендот, но и какви се плановите за ширење на пазарот во Македонија, покрај продавницата во Скопје.

Во продолжение проследете го целосно разговорот...

Дел сте од H&M повеќе од 20 години и успеавте да напредувате до регионален менаџер за продажба за регионот Грција, кој вклучува и неколку соседни земји. Кој е вашиот рецепт за успех и кои се некои лекции кои ги научивте во текот на вашата професионална кариера? 

Моето патување во H&M го започнав пред речиси 20 години, имајќи стратешки деловни улоги во повеќе области, активности и земји ширум светот, па стигнувајќи сè до мојата позиција како менаџер за продажба во земјата за продажен пазар Грција, со седиште во Атина.

Во H&M постои моќна филозофија изградена врз нашите основни вредности, дека кога секој од нас расте - расте и целата компанија. Ми беа дадени континуирани можности за учење, имајќи ја целосната поддршка од тимовите со кои работев, што ми овозможи постојано да се развивам во компанијата.

Во H&M ќе добиете поддршка, доверба и ќе бидете охрабрени да го истражувате вашиот личен пат.

tomas-estrani-h-m-ne-ohrabruva-da-go-istrazhuvame-lichniot-stil-02.jpg

Која е една работа или достигнување за кое се чувствувате најгорди откако работите во H&M?

Освен моите лични достигнувања, тука се вредностите кои нè обединуваат сите во H&M. Силната верба во моќта на тимската работа, нашата доверба во луѓето и пристапот базиран на потребите на потрошувачот, се работите за кои се чувствувам најгорд. Ние сме шарена средина од луѓе и култури кои секојдневно се подготвени да прават чуда!

Кои квалитети треба да ги поседува идеалниот кандидат за да се вклопи совршено во компаниската средина?

H&M има јасна намера базирана на нашите вредности кои добро комуницираат со јавноста за она што претставува нашиот бренд, за што се залага и за тимскиот начин на работа.

Овие вредности се базирани на основна почит за секого, за компаниската верба во своите вработени, како и диверзитетот и инклузивноста. Нашите корпоративни вредности се основата на сè што работиме и тие ни се водилка во секоја ситуација.

Ние сме еден тим, ние веруваме во луѓето, ние сме претприемачи, правиме постојан напредок, свесни сме за цените и куповната моќ, ние сме директни и отворени и сакаме кога работите се едноставни.

tomas-estrani-h-m-ne-ohrabruva-da-go-istrazhuvame-lichniot-stil-04.jpg

Каков ефект имаше пандемијата на вашата компанија? Со какви предизвици се соочувавте и како се справивте со нив?

Нашето патување низ пандемијата не’ научи да бидеме пофлексибилни, поагилни, побрзи во нашата реакција за да ги задоволиме барањата на нашите потрошувачи.

Нашата стратегија за ценовна контрола, тактичкото инвестирање и континуиран фокус на она што го сака потрошувачот нè однесе до позитивни резултати и покрај рестрикциите и недостатокот на стабилност во малопродажната средина.

Поради искуствата од претходните години, сега се чувствуваме помоќни и подготвени да успееме во свет кој постојано се менува.

Колку е тешко да се одржи стратегијата која предвидува понуда на најдобрата комбинација од мода и квалитет по најдобри цени, на одржлив начин?

Нашите вредности не се само празни зборови. Тие потекнуваат од моментот кога Ерлинг Персон ја основаше компанијата H&M во 1947 година.

Од самиот старт тој го комбинираше претприемничкиот бизнис ум со начин на работа базиран на вредности. Оттогаш, нашата основа и суштина останаа исти.

Тие „живеат“ заедно со организацијата и со тек на време се развивани од нашите вработени и на тој начин ја формираа основата на нашата компаниска култура.

Со оглед на тоа што веќе остави длабок печат во модниот свет, би рекол дека H&M Group останува лојална на овие вредности.

Тие се црвената нишка која ни помага да ја создадеме нашата уникатна култура – каде она што го правиме и начинот на кој го правиме се подеднакво важни за успехот на нашиот бизнис.

tomas-estrani-h-m-ne-ohrabruva-da-go-istrazhuvame-lichniot-stil-05.jpg

Што ја прави H&M така уникатна компанија? По што таа се издвојува од пазарот?

H&M има јасна визија да ја предводи промената кон циркуларна и климатски позитивна мода, додека истовремено и самата таа е компанија која тежнее кон фер политика и политика на еднаквост на секое ниво.

Исто така, дигиталните и физичките канали постојано се интегрираат кон комплетен омни модел – за нашите потрошувачи да можат да купуваат на лесен начин, кој им одговора најмногу – каде било, кога било и како било, за беспрекорно искуство како во физичките, така и во нашите онлајн продавници.

Дали вашите производи ќе бидат достапни преку онлајн продажба во Македонија?

Онлајн купувањето за Северна Македонија не е достапно во моментов, но гледаме огромен потенцијал за онлајн купување на сите маркети каде што сме присутни.

tomas-estrani-h-m-ne-ohrabruva-da-go-istrazhuvame-lichniot-stil-06.jpg

Дали производите од H&M Home колекцијата ќе бидат достапни за потрошувачите од Македонија?

Новата продавница во Скопје нема да ја содржи колекцијата H&M Home. Во продавницата од 2.300 м2 купувачите ќе можат да го истражат нивниот личен стил преку широка понуда на облека за Жени (Секојдневна, Скроена за вас, Салонска облека, Основна облека, Мајчинска облека, Кежуал, Костими за капење, Тексас, обувки и модни додатоци), за Мажи (Современа/Кежуал/Улична, Костуми, Стандардна линија, обувки и модни додатоци), Поделена, за Деца (Мали девојчиња/момчиња, Големи девојчиња/момчиња, обувки), Облека за бебиња, H&M Спортска облека за жени и H&M Спортска облека за мажи.

Дали има планови за отворање на повеќе од една продавница тука во Македонија?

Гледаме огромен потенцијал во Северна Македонија, но сега засега сме концентрирани само на нашата прва продавница во Скопје.

Која е вашата порака за луѓето кои живеат во Северна Македонија?

Многу сме возбудени за утрешното отворање. Едвај чекаме да им посакаме добредојде на потрошувачите, мислам дека денот утре ќе биде за паметење. Се надевам дека ќе биде исполнет со мода, возбуда, забава, дојдете сите, ќе ни биде чест.

tomas-estrani-h-m-ne-ohrabruva-da-go-istrazhuvame-lichniot-stil-03.jpg

 М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Јасмина Цветковска 9 години живее во Сиднеј: „Како инженер лесно најдов работа, но проблем се скапит... „Дипломите од природните науки, машинските струки, архитектура, електро-инженерс...
„Пред 45 години успеав да ја заведам единствената жена која посакав да ми роди деца“ – Жељко Самарџи... „Во брак сме 45 години и заедно пребродивме многу убави, но и тешки животни моме...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Хелена Роза по 4 години се врати од Нов Зеланд: „Заминав на 39 години, завршив факултет и сега со со... „2022 ми беше една од најубавите години - конечно зедов дозвола за возење мотор ...
Успешни Македонци низ светот: Воислав од Тетово е ембриолог во најголемата болница во Осло „Јас помагам во оплодувањето на јајце-клетката во лабораторија, во вештачки усло...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg