Сара од Скопје има живеено во ашрам во Германија: „Јога не е еластичност, јога е единство помеѓу телото, духот и умот“

„За жал, се повеќе луѓето мислат дека јогата е некоја си чудна, извртена позиција на телото, стоење на глава, „летање на една рака“ итн... Тоа е само флексибилност и можност што секое тело на различен начин го умее или не. Еластичноста нема никаква поврзаност со јогата како дисциплина...“, вели јога инструкторката Сара Сековска од Скопје за CRNOBELO.com и раскажува за нејзиниот гуру Шри Шри Рави Шанкар.

sara-od-skopje-ima-zhiveeno-vo-ashram-vo-germanija-joga-ne-e-elastichnost-joga-e-edinstvo-pomegju-teloto-duhot-i-umot-01.jpg

Сара Сековска од Скопје веќе една деценија е вљубеник во јогата, а 4 години работи како јога инструктор.

Својот духовен раст и развој вели дека била инспирирана да го започне со само еден семинар, наречен „Програма на среќата“. Тоа ѝ било доволно од светот на модата да се пренасочи во сосема поинаков свет, односно светот на јогата.

Работи како учител по јога, но во исто време ја негува и својата страст во полето на маркетинг динамиката.

Таа е ќерка на големата македонска поетеса Виолета Сековска, која за жал прерано нè напушти во 2021 година, и за која вели дека за неа била инспирација на секое поле.

Сара за CRNOBELO.com ja споделува својата необична, десетгодишна јога приказна:

Зошто токму јога?

По некоја случајност, секогаш имав желба за нови знаења, особено духовност. Но, никогаш за физичка активност.  Но, ете и тоа се промени.

sara-od-skopje-ima-zhiveeno-vo-ashram-vo-germanija-joga-ne-e-elastichnost-joga-e-edinstvo-pomegju-teloto-duhot-i-umot-02.jpg

Што ти донесе јогата во животот, а го немаше претходно? Колку те промени?

Свесност на поинакво ниво. Инаку, трансформацијата е навистина значителна од моментот кога една личност ќе започне да практикува јога и медитација.

Не станува збор за физичка транформација, иако и физички ликот се менува и сјајот во очите доколку се практикува постојано одреден „пакет“ на духовно растење.

sara-od-skopje-ima-zhiveeno-vo-ashram-vo-germanija-joga-ne-e-elastichnost-joga-e-edinstvo-pomegju-teloto-duhot-i-umot-05.jpg

Кога и колку време имаш живеено во ашрамот на „The Art of Living“? Што претставува ашрам и каков ти беше текот на секојдневието таму?

Па, постојано патував и работев за фондацијата - цели четири години, а имав среќа не само да престојувам во Германија во европскиот центар на фондацијата, туку и во Шпанија-  Мадрид, Марбела, Малага, Барселона и Валенсија, всушност на повеќе места каде што фондацијата има центри.  

Но, најголемото искуство го стекнав во Германија бидејќи таму престојот ми беше подолг и можеше да се искуси начинот на живот во еден ашрам.

sara-od-skopje-ima-zhiveeno-vo-ashram-vo-germanija-joga-ne-e-elastichnost-joga-e-edinstvo-pomegju-teloto-duhot-i-umot-04.jpg

Инаку, зборот ашрам е свето место, или пак да речеме дека е место каде што луѓето се повлекуваат на ритрити. На пример, 10 дена одмор на некој интересен семинар за јога и медитација често слушаме дека е наречен Јога ритрит (повлекување, retreat).

Според мене, секое место со света енергија е ашрам – без разлика што зборот потекнува од хиду религијата.

Мора да напоменам дека живеењето на вакви места, или посетата, е толку забавно и сосема ново искуство, особено поради можноста на запознавање на луѓе од целиот свет, слушањето на нивните животни приказни, споделувањето на искуства итн... Во принцип ова место е најпосетено за време на ритрити кои се организираат (ритрит за јога, ритрит за медитација, ритрит на тишина, итн.).

Фондацијата нуди многу различни ритрити на различни нивоа, каде што секој заинтересиран може да ги погледене на нивниот сајт и да се пријави.

Мене најинтересен дел од денот ми беше кога ќе одлучев да запишам нечија животна приказна, седнував на индиски чај со таа личност и ја „интервјуирав“. И по секој разговор бев воодушевена од приказните на луѓето и како стигнале до идејата да следат Гуру (духовен водич).

sara-od-skopje-ima-zhiveeno-vo-ashram-vo-germanija-joga-ne-e-elastichnost-joga-e-edinstvo-pomegju-teloto-duhot-i-umot-14.jpg

Се здобив со една многу поинаква слика за што е животот, а и перспектива комлетно се менува, од корен.

Што се однесува до секојдневието во ашрамот јас каде што престојував распоредот беше следен:

5ч - јога и сударшан крија (техника на дишење) и медитација
8ч - појадок
9ч/17ч - работа
12ч - попладневна медитација
19ч - сатсанг ( мантрање, музика)

sara-od-skopje-ima-zhiveeno-vo-ashram-vo-germanija-joga-ne-e-elastichnost-joga-e-edinstvo-pomegju-teloto-duhot-i-umot-16.jpeg

Како изгледа нивното функционирање на светско ниво? Како се финансираат?

Сите семинари (ритрити) кои ги спомнав се плаќаат, исто како и курсеви каде што некој има желба да стане учител (по јога, медитација).

Изборот е голем, зависи кој за што има желба, или пак може и само да стекне искуства од семинари.

„The Art of Living“ постои во 175 земји во светот, 38 години. Дополнително оваа невладина организација има други  фондации каде што работи на проекти ширум светот.

Јас имав среќа да се стекнам и со такво искуство работејќи на огромен проект кој што го организравме во „FIFA Headquarters“ во Цирих. Станува збор за организацијата „World Forum for Ethics in Business“.  

Најчесто ваквите типови на невладини организации – фондации како „Art of Living“, развиваат дополнителни „гранки“ – фондации со цел да ја пласираат својата идеја пошироко и во повеќе области.

sara-od-skopje-ima-zhiveeno-vo-ashram-vo-germanija-joga-ne-e-elastichnost-joga-e-edinstvo-pomegju-teloto-duhot-i-umot-12.jpeg

Колку јогата влијае на психата?

Многу! Човек што умее да управува со својот ум, наместо обратно, е јога.

sara-od-skopje-ima-zhiveeno-vo-ashram-vo-germanija-joga-ne-e-elastichnost-joga-e-edinstvo-pomegju-teloto-duhot-i-umot-07.jpg

Дали секој што вежба јога станува многу еластичен, како што поврзуваат многумина?

Ова е сосема погрешно претставување на јогата, бидејќи самиот збор ЈОГА значи, СОЕДИНУВАЊЕ – креирање на единство помеѓу телото, духот и умот.

За жал, се повеќе луѓето и помладите генерации мислат дека јогата е некоја си чудна, извртена позиција на телото, стоење на глава, „летање на една рака“ итн... Тоа е само флексибилност и можност што секое тело на различен начин го умее или не.

Еластичноста нема никаква поврзаност со јогата како дисциплина. Да, секако дека ако постојано ја практикуваш јогата, физичката пракса ќе го донесе телото до ниво каде што на полесен и пофлексибилен начин ќе умее да ги изведува асаните - позициите на телото, но тоа се само асани (вежби) кои се креирани да го смират умот и да го доведат до ЈОГА состојба, или поточно да се изразам, медитативна состојба -  спој на духот, телото и умот.

Ова е многу важно да се пренесе на публиката која е восхитена од јога позициите и фотографиите кои се пласираат на социјалните медиуми како јога, особено на повиците: „Дојди и стани флексибелен со 20 јога часови“!

Такво нешто не постои, зотоа што тоа е сè, освен ЈОГА!

Ваков тип на пласирање на наука или дисциплина која датира пред повеќе од 5.000 години, треба да се забрани со закон.

sara-od-skopje-ima-zhiveeno-vo-ashram-vo-germanija-joga-ne-e-elastichnost-joga-e-edinstvo-pomegju-teloto-duhot-i-umot-06.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Хелена Роза по 4 години се врати од Нов Зеланд: „Заминав на 39 години, завршив факултет и сега со со... „2022 ми беше една од најубавите години - конечно зедов дозвола за возење мотор ...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Јелена Розга за CRNOBELO: „Мислев ќе се срушам од убавина кога публиката ја пееше ‘Гинем’ на цел гла... „Утрото пред концертот имав некој чуден страв, па ѝ се јавив на другарка ми и ѝ ...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
„Пред 45 години успеав да ја заведам единствената жена која посакав да ми роди деца“ – Жељко Самарџи... „Во брак сме 45 години и заедно пребродивме многу убави, но и тешки животни моме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg