Дафина Васева, колекционер на TY плишани играчки: „Најскапата играчка ми е 3.000 денари, но искрено ме радуваат“

„Прво ги купував за ќерка ми, а сега за себе. Во моментов имам околу 70 оригинални TY играчки. Сама си ги одржувам, a со оглед на тоа што се плишани си ги перам во машина...“, открива Дафина Васева (34) од Скопје за CRNOBELO.com.

dafina-vaseva-kolekcioner-na-ty-plishani-igrachki-najskapata-igrachka-mi-e-3-000-denari-no-iskreno-me-raduvaat-01.jpg

Дафина Васева (34) од Скопје, дипломиран маркетинг менаџер, е колекционер на TY плишани играчки.

Вели дека почнала да ги купува за нејзината ќерка, но и самата таа се вљубила во нив, па продолжила да ги собира, дури и откако ќерка ѝ изгубила интерес за нив.

За нејзината страст таа открива детали за CRNOBELO.com:

Како станавте колекцинер? Од каде е желбата за колекционерство?

Купувајќи ги овие играчки за ќерка ми толку многу ги засакав што почнав да си правам колекција. Прекрасно е чувството да се собира нешто што ве радува.

dafina-vaseva-kolekcioner-na-ty-plishani-igrachki-najskapata-igrachka-mi-e-3-000-denari-no-iskreno-me-raduvaat-12.jpg

Од кога собирате плишани играчкии и зошто токму тоа?

Од пред 6-7 години.

Кога беше помала мојата ќеркичка секогаш кога и да ги видеше TY плишаните играчки со големи светкави очи искрено им се радуваше, а понекогаш посакуваше да има некоја од нив, па јас со задоволство ѝ купував.

Со тек на време и јас ги засакав... Сега веќе на неа не ѝ се интересни, а мене премногу ме радуваат.

dafina-vaseva-kolekcioner-na-ty-plishani-igrachki-najskapata-igrachka-mi-e-3-000-denari-no-iskreno-me-raduvaat-10.jpg

Колку парчиња имате во колекциите?

Во моментов имам околу 70 оригинални TY играчки.

dafina-vaseva-kolekcioner-na-ty-plishani-igrachki-najskapata-igrachka-mi-e-3-000-denari-no-iskreno-me-raduvaat-09.jpg

Кои ви се највредните парчиња? И колку најмногу пари сте дале за една играчка?

Марката TY има плишани играчки со висок квалитет, па затоа се и доста скапи.

Највредната играчка ми е големо фламинго. За една играчка најмногу сум дала 3.000 денари.

dafina-vaseva-kolekcioner-na-ty-plishani-igrachki-najskapata-igrachka-mi-e-3-000-denari-no-iskreno-me-raduvaat-02.jpg

Кој се грижи за чистењето на колекцијата?

Сама си ги одржувам. Со оглед на тоа што се плишани си ги перам во машина.

dafina-vaseva-kolekcioner-na-ty-plishani-igrachki-najskapata-igrachka-mi-e-3-000-denari-no-iskreno-me-raduvaat-03.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Наташа од Скопје е во брак со Кореец: „Го запознав онлајн, дојде до Македонија да ме види и ме чекаш... „Бјондо (39) од Сеул е мојот принц од соништата, Корејците се неверојатно романт...
Перица Илиевски, страстен читател и колекционер на книги: „Мојата библиотека има 304 книги, купување...  Перица Илиевски (20) од Свети Николе е студент на факултет за информатика ...
Стефани Табаковска, колекционер на книги: „Мојата библиотека има околу 600 книги, а годишно читам по... „Непрочитаните книги ми се подредени по боја, прочитаните по автор и/или издавач...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg