Весела Богдановиќ од Битола е една од 50-те најдобри учителки во светот: „Избегнувам да давам тестови, на мојот час телефоните се дозволени“

Дали учениците треба да го научат материјалот од книга и да го раскажат?

Сега работам со првачиња и вторачиња, немаме такво нешто. Инаку, зависи од предметот. Нешто слично имавме лани со петто по општество, природни науки. Тоа не е такво учење од учебник.

Ученикот прави мисловна мапа и со неа презентира што открил во проучувањето, плус замолувам и нешто ново да додаде за темата, за да ме изненади и јас да научам нешто ново.

Мисловните мапи се главен „адут“ да научиме што и да е потребно, на која било возраст.

Да направиш таква мапа треба студиозно да му пријдеш на материјалот што го имаш пред себе, да изнајдеш дополнителни податоци, да составиш целина, да знаеш што пишуваш и што ќе зборуваш за некој друг внимателно да те слуша, да успееш да го заинтересираш за темата.

Исто така ученикот сам креира прашања за дадена тема. Ако знае да запише прашања за дадена тема и одговорите ги знае. Тоа поттикнува учење „без учење“.

Не е возможно да поставиме прашања, најмалку 5, за што било еве да се обидеме, ако тоа „што било“ не ни е добро проучено и сфатено.

vesela-bogdanovikj-od-bitola-e-edna-od-najdobrite-uchitelki-vo-svetot-izbegnuvam-da-davam-testovi-na-mojot-chas-telefonite-se-dozvoleni-06.jpg

Колку време ви е потребно за да се подготвите за часовите? Од каде наоѓате материјали за наставата – ги купувате сами или пак имате поддршка од училиштето и родителите?

Слободното време е „заложник“ на оваа професија, ако ја работиш одговорно.

Кога ќе слушнам како нѐ критикуваат ми иде да си излезам од кожата. Ретко дома масата ми е слободна од книги и лисја во бои, ножици, лепила.

Ресурси собирам од каде ќе стигнам и си изработувам сама, купувам ќебенца, играчки… Родителите носат тегли, шишиња, ролни од тоалетна…

Сѐ си се договараме и супер си соработуваме со сите низ овие 20 години. Татко ми ми собира играчки, пластики, сите дома мислиме „еве ова може да се најде“.

Така што, и на планина да ме пуштите да предавам, истата средина ќе биде и таму, каде и да одам сè свое со мене си водам.

Дали за секоја нова учебна година подготвувате нови материјали или веќе имате свој разработен концепт што го повторувате од година во година?

Чувам старо, правам ново. Нагледните средства е добро да се чуваат ако имаш место каде.

Тоа го научив во градинките, кога одев на пракса.

Ретко сакам да се повторувам, така мене ми е здодевно, кај нас и не е баш можно да се повторуваме со оглед на тоа дека секоја година работиме со деца на различна возраст, но иста играчка може да се примени за различна цел.

Инаку, често сакам, а не знам да се повторам дури и за активностите, со нова инспирација сега сакам активноста да ја направам поинаку, сега можеби интегрирана со друг предмет.

vesela-bogdanovikj-od-bitola-e-edna-od-najdobrite-uchitelki-vo-svetot-izbegnuvam-da-davam-testovi-na-mojot-chas-telefonite-se-dozvoleni-07.jpg

Кажете ни како реагираа родителите и колегите наставници за првпат кога видоа дека користите методи што се сосема различни од она на што сме навикнати во минатото? Имаше ли негативни реакции?

Колегите во почетокот (пред многу години) ми велеа „Е, нема вака да си играш со деца од четврто и петтто, вака си играш бидејќи се забавачиња“.

Ама, не беа во право, јас со тие деца играм и многу повеќе, со нив сѐ е можно, тешко е со малечки. Сега сите играме.

Потоа ми зборуваа „Вака работиш бидејќи немаш 25 деца“.

Работев и со 50, во иста просторија, деца на различна возраст, и не еднаш, сѐ е исто, само треба организацијата да биде соодветна и просторот искористен соодветно.

За родителите, немам зборови. Секогаш сум имала соработка, од прв ден сум имала поддршка и радост. Сакаат децата да им бидат среќни и да се радуваат на одењето на училиште.

Кога петтачињата ги испраќаме во шесто како супер „армија“ со развиен однос кон средината, другите и учењето, тоа е сè што треба за задоволство кај сите страни.

Веќе неколку години наназад за вас се пишува и зборува како позитивен пример за наставник. Дали досега сте имале понуда за вработување во други поголеми места и училишта?

Ви благодарам. Сум молела за вработување во мојата Битола (само поради огромните трошоци за пат кои лично ги плаќаме и поради должината на патувањето, секојдневно). Инаку, никогаш не би барала. Сепак залудно.

Без активизам кај нас залудно е некој да се надева на конкретни решенија. Јас немам време за политика, ниту знам да премолчам кога гледам дека нешто не се прави како што треба.

Така што редовно сум надвор од „лига“. Мене, децата и доброто на децата ми се идеологија. Од лани си го сфатив тоа и решив дека никого не молам повеќе, тука ќе си седам.

vesela-bogdanovikj-od-bitola-e-edna-od-najdobrite-uchitelki-vo-svetot-izbegnuvam-da-davam-testovi-na-mojot-chas-telefonite-se-dozvoleni-09.jpg

Кои се вашите идни планови? Дали размислувате да останете во Македонија или би сакале да заминете некаде во странство?

Моето семејство е тука, избира да бидеме тука. Јас лично, би сакала да заминеме. Жал ми е ако некого разочарав со одговорот, ви кажав, не знам да лажам.

За оваа плата (и покрај новото покачување), и понатаму под минималната како основа (што го сфаќам како понижувачки „мајтап“ кон професијата)м без К-15 за одмор, без платен превоз поради кој мојата плата е за 100 евра месечно пониска од колегите кои работаат во местото на живеење и со „новите“ реформи кои наместо да пилотираат како секаде во светот ги „тупнаа“ како национален експеримент па сега ние во пракса ги исправаме за децата да не трпат штета, колку што е можно - немам мотив да сакам да бидам тука.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Хелена Роза по 4 години се врати од Нов Зеланд: „Заминав на 39 години, завршив факултет и сега со со... „2022 ми беше една од најубавите години - конечно зедов дозвола за возење мотор ...
Кире Лазаров: „Со Каролина бевме партнери за матура, поради погрешна дијагноза мислев дека рано ќе ј... „Финалето на Светското клупско првенство беше мојот најтежок натпревар во кариер...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg