Македонци искрено за астрологијата: „Ми кажаа според натална карта дека нема да се омажам млада и така испадна“

Мирослав (24) за CRNOBELO.com вели: „Бев кај една позната девојка која прави натални карти во Скопје. И прави како еден вид прогноза за следните 5 години во твојот живот. Наталната карта ја направив кога имав 21 година. Ми кажа дека во мојот живот не гледа љубов, и така е. Еве уште сум сингл. Дури ми кажа дека во втората година од прогнозата ќе имам проблем со дишењето, и тогаш ми се појави ужасна алергија...“

Razgovor-so-Makedonci-za-Astrologijata-Mi-kazhaa-spored-natalna-karta-deka-nema-da-se-omazham-mlada-i-taka-ispadna-02.jpg

Астрологија или наука за ѕвездите, се занимава со проучување на движењето и положбата на небесните тела и нивното влијание врз Земјата, врз човекот и неговата судбина. Тројца Македонци за CRNOBELO.com откриваат како астрологијата им го променила животот, и ни раскажуваат по некое искуство кое за нив е нешто налик мало чудо.

За почеток, астрологијата потекнува од Месопотамија (околу третиот милениум пред нашата ера). Потоа се проширила во Индија, но ја развила својата западна (денешна) форма во грчката цивилизација за време на хеленистичкиот период.

Астрологијата потоа влегува во исламската култура како дел од грчката традиција и била вратена во европската култура преку учењето на арапскиот јазик во текот на средниот век.

Според грчката традиција, небесата се поделени според 12-те соѕвездија на зодијакот, а светлите ѕвезди кои се издигнуваат во интервали имаат духовно влијание врз човечките животи.

Астрологијата била важна и во античка Кина, а во царските времиња постанало стандардна практика да се има хороскоп за секое новородено дете и во сите одлучувачки моменти од животот.

Иако Коперниканскиот систем го разбил геоцентричниот светоглед што се труди да го изнајде астрологијата, интересот за астрологијата продолжува и во модерното време и се верува дека астролошките знаци сè уште влијаат на личноста.

Razgovor-so-Makedonci-za-Astrologijata-Mi-kazhaa-spored-natalna-karta-deka-nema-da-se-omazham-mlada-i-taka-ispadna-03.jpg

Нема човек а да не прочитал барем еднаш нешто за својот хороскопски знак. Од скептици до зилоти, сепак мора да се признае дека астрологијата е една фасцинантна, а во исто време и мистична наука.

И низ Македонија се чини како астрологијата и хороскопот да заземаат важен дел во секојдневниот живот на граѓаните. Низ спонтан разговор со колеги, пријатели и познаници, дознавме дека дека астрологијата им помогнала на секој еден од нив, или барем им открила нешто кое им го усмерила животот во правилна насока.

Александра (54) вели: „Јас од мала сум се интересирала за хороскоп. И мислам дека има голема вистина во тоа. Можеби не треба да се верува слепо, ама може да се извлечат неколку работи кои ќе ви помогнат.

Еве на пример јас во хороскоп сум Девица. За Девиците се знае дека се педатни и многу сакаат хигиена. Јас немам сретнато човек кој во хороскоп е Девица, а да не е педантен и чист. Дури ни велат дека сме малку повеќе опседнати со чистота.“

Горан (34) ни појаснува: „Јас во хороскоп сум Близнаци. Не верувам многу, многу во хороскоп, ама пак од друга страна има многу карактеристики на Близнаците што се исти. Тешко се одлучуваме за нешто, секогаш сме поделени на две различни страни, знаеме да смениме расположение во рок од две секунди... чудно...“

Мирослав (24):  „Јас многу верувам во хороскоп, и мислам дека нема ден, а да не читам за мојот знак. Типично за Стрелците е баш тоа - да се опседнат со хороскоп и со духовниот живот.

И исто многу сакаме да патуваме, да истражуваме, и сакаме да сме среќни и слободни.“

Иако верувањата за хороскопот варираат од човек до човек, сепак постојат голем број на истражувања кои алудираат на тоа дека има голема сличност помеѓу луѓето родени во истиот знак. Секако тука влијаат многу параметри. Најточниот начин за изработка на детална слика е наталната карта.

Razgovor-so-Makedonci-za-Astrologijata-Mi-kazhaa-spored-natalna-karta-deka-nema-da-se-omazham-mlada-i-taka-ispadna-04.jpg

Нашите соговорници ги запрашавме и дали веруваат во натални карти, на што ни одговорија:

Мирослав продолжува: „Јас имав многу интересна случка. Бев кај една позната девојка која прави натални карти во Скопје. И прави како еден вид прогноза за следните 5 години во твојот живот. Наталната карта ја направив кога имав 21 година. Ми кажа дека во мојот живот не гледа љубов, и така е. Еве уште сум сингл.

Дури ми кажа дека во втората година од прогнозата ќе имам проблем со дишењето, и тогаш ми се појави ужасна алергија. Има уште многу работи кои ми ги кажа a се приватни и би сакал да ги задржам за себе.“

„Јас сум заинтересиран да направам натална карта, но не се брзам“, скептично ни одговори Горан.

Александра објаснува: „Јас немам направено натална карта, но имам една интересна случка да раскажам. Имаше една постара жена додека бев млада, која доаѓаше кај нас на гости. Таа многу се разбираше од хороскоп. И ме праша кога сум родена, во колку часот сум родена.

Носеше со неа секогаш една многу стара и искината книга, како тефтер. И во неа имаше запишано сѐ.

И ми кажа дека според ѕвездите ми пишува дека нема да се омажам млада. И така беше. Јас се омажив дури на 40 години. Не знам што се случи со таа жена, но многу знаеше.“

Ваков вид на приказни имаме многу. Хороскопот и астрологијата продолжуваат да ги фасцинираат како младите, така и постарите. За некои останува очигледна опсесија, а за други еден вид скриено задоволство кое сакаат да го чуваат само за себе.

Каква и да е вистината, или дали некогаш ќе откриеме што тоа во сржта се крие во оваа наука, астрологијата продолжува да ни биде патеводителка низ времето, просторот и животот.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

К. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg