Викторија Бурсаќ, стилистка на ѕвездите: „Најмногу соработувам со Антониа Гиговска, Македонците слепо следат трендови'“

„Македонците најчесто грешат со тоа што слепо следат модни трендови. Јас како стилист сум одговорна за целокупниот изглед од глава до пети, вклучувајќи ја и шминката и косата, за кои јас давам насока. Антониа има целосна доверба и целата креатива ја остава во мои раце“ - вели за CRNOBELO.com стилистката и дизајнерка Викторија Бурсаќ, а воедно открива што е сега во тренд, со кого соработува и како изгледа нејзината работа. 

viktorija-bursakj-stilistka-na-dzvezdite-najmnogu-sorabotuvam-so-antonia-gigovska-makedoncite-slepo-sledat-trendovi-01.jpg

Викторија Бурсаќ (35) од Скопје е моден стилист и дизајнер, која најчесто стои зад стајлингот на Антониа Гиговска, но и многу други познати личности во Македонија. 

Освен што се занимава со стилизирање на познати личности за разни настани, таа има и свој моден бренд, а уште од својата 14-та година е заинтересирана за оваа индустрија. 

Во интервју за CRNOBELO.com Викторија зборува повеќе за својата професија... 

Што значи да се биде стилист во Македонија? Лесно ли се остваруваат соработки и дали тоа значи дека ти си одговорна за стајлингот на клиентот каде и да се појави? 

Стилист во Македонија би значело некој кој навистина од ништо прави нешто, да личи како од светска модна сцена.

Во моментов лесно се остваруваат соработки, од причина што луѓето ја препознаваат и сакаат мојата работа како стилист.

Како стилист сум одговорна за целокупниот изглед од глава до пети, вклучувајќи ја и шминката и косата, за кои јас давам насока.

View this post on Instagram

A post shared by Viktorija Bursak (@stylemebursak)

Кои ти се најчести клиенти во Македонија?

Антониа Гиговска, Роберт Билбилов, Лара Иванова, Туна Сејдиу, Андријана Петрушевска и други...

Со кој од македонските познати личности ти е најлесна соработката, а со кој најтешко се спогодувате (но сепак успешно)?

Со сите имам прекрасна соработка, не би можела да издвојам. Но ако веќе морам, веројатно е тоа Антониа од причина што има целосна доверба и целата креатива ја остава во мои раце.

Со кој е полесно да се соработува, со мажи или со жени? И зошто? 

Мене навистина ми нема разлика дали соработувам со мажи или жени. Во принцип и едните и другите се препуштаат на моето знаење и креатива, впрочем затоа и ме ангажираат како стилист.

Колку жените, но и мажите во Македонија имаат осет за стил? Прифаќаат ли сугестии, сакаат ли да експериментираат?

И жени и мажи за разлика од порано имаат значително порафиниран стил во споредба со изминатите години. Посебно кај мажите се забележува значајна разлика.

Сугестии прифаќаат само високо свесни луѓе кои сакаат најдобро за себе во секое ниво, а воедно и врвен стајлинг. Останатите сметаат дека се професионалци за сè па и за креирање на стајлинг. ?

Која македонска позната личност има приватно најдобар стил според тебе (независно од твоите ангажмани кон нив)?

Добро прашање и има еден феномен во врска со ова, а тоа е дека мене речиси сите познати личности повеќе ми се допаѓа како се облекуваат приватно отколку на сцена.

Која светски позната личност би сакала да ја стилизираш?

Можеби Бијонсе, Џеј Ло, Алиша, ги има многу.

Што е во тренд сега? Со кои модни комбинации и бои нема да се погреши?

Кроп, провидно, многу боја, перфорирани силуети, слоеви и волумен.

Никогаш нема да погрешите доколку ја испратите својата личност и силуета, а на тоа да додадете барем еден touch од актуелните модни трендови.

Кои се најголемите грешки што ги прават Македонците во облекувањето и стилизирањето?

Слепо следат модни трендови без да ја следат својата личност и облик на тело.

Каков е твојот стил? Какви комбинации најчесто практикуваш за себе?

Мојот стил е согласно моите обврски и личност. Јас сум постојано во движење со многу обврски и оттука секојдневниот стил ми е спорт-кежуал со некоја артистична нота во стајлингот.

Најчесто тоа е некоја специфична комбинација на боја која е неочекувана, се облекувам во слоеви, оверсајз и култни парчиња на патики ми се можеби заштитен знак.

Додека кога имам некој настан каде треба да се појавам, се водам од 2 правила: уникатно и breathtaking. Секогаш сакам да издоминирам со неповторливо и артистично.

Која е Викторија приватно?

Викторија приватно е сосема обичен човек, со семејни и работни обврски, но истовремено личност што во секоја секунда размислува низ призмата на уметноста и дизајнот.

Hustle жена која никогаш не била среќна со просек, го следи својот сон, има високи животни цели, и луѓето со кои соработува ги гледа на истиот начин во нивно најдобро издание, во нивниот најдобар стајлинг и појава секогаш.

Јас ги стилизирам за да издоминираат и да победат. Затоа и го сакаат тоа што го работам.

Повеќе фотки од стајлинзи за кои е одговорна Викторија Бурсаќ:

https://www.instagram.com/p/CItjABerW73/

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Ребека, Македонка во Сан Франциско: „Животот ми приреди бура - како испливав нагоре без страв и омра... „Дефинитивно самодовербата се губи ако имате партнер кој не е тоа што сте го зам...
Бобан Алексов живее 6 години во Данска: „Заминав 'на слепо', работа најдов случајно на Фејсбук, живо... Боби Алексов (37) од Скопје, 6 години живее во Оденсе, Данска. За себе вели дека...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Кире Лазаров: „Со Каролина бевме партнери за матура, поради погрешна дијагноза мислев дека рано ќе ј... „Финалето на Светското клупско првенство беше мојот најтежок натпревар во кариер...
Барбара Поповиќ за CRNOBELО: „Имам италијански корени, ќе пеам на Сан Ремо“ „Од македонските музичари најблиска сум со Иван Јованов од Либеро бенд. Тој ми е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg