Илина Арсова за животот во САД и докторските студии: „Го живеам својот сон, но едвај чекам да се вратам во Македонија“

„Предавам половина работно време на Универзитетот во Тенеси и учам речиси цело останато време. Не беше лесна самата транзиција, особено ако ви кажам дека магистерските студии ги завршив во 2008 година. Во Ноксвил климата навистина ми се допаѓа и ме потсетува на дома. Сега е есен, се менуваат боите на дрвјата и златесто-бакарни лисје шушкаат по улиците. Во однос на моето темпо, среќна сум што имам услови и редовно да тренирам...“, раскажува Илина Арсова за CRNOBELO.com за животот во САД.

ilina-arsova-za-zhivotot-vo-sad-i-doktorskite-studii-go-zhiveam-mojot-son-no-edvaj-chekam-da-se-vratam-vo-makedonija-01.jpg

Илина Арсова е синоним за планинарски успеси, но и успеси како уметница, писателка и поборник за здрава животна средина, синоним за силна и амбициозна жена, која ги следи своите соништа и страсти по секоја цена.

Таа е силен поборник за заштитата на Охридското Езеро, но и вљубеник во Дојран и во секое катче од нашата прекрасна земја.

Илина е жена за која светот е претесен, но Македонија незаменлива.

Со неа проговоривме за докторските студии во САД, што ѝ се допаѓа најмногу таму, но и на кои свои животни успеси е најгорда:

Доби престижна стипендија за докторски студии и инструкторска позиција на Универзитетот во Тенеси... За каков тип на докторски студии и за каков тип на инструкторска позиција станува збор? Како гледаш на ова ново поглавје од животот, те плаши ли предизвикот?

Овој предизвик го планирав веќе подолго време, поточно десет години, но некако други работи имаа приоритет и никогаш целосно не се посветив да го завршам.

Некаде во 2017-та година бев во посериозни преговори за докторски студии, со факултетот од Тарагона, Шпанија и тогаш темата за истражување ми беше повеќе насочена кон „Развој на еко туризам во заштитени подрачја“.

Мисијата за 7-те врвови преовлада и затоа не ја искористив таа шанса.

ilina-arsova-za-zhivotot-vo-sad-i-doktorskite-studii-go-zhiveam-mojot-son-no-edvaj-chekam-da-se-vratam-vo-makedonija-07.JPG

Сепак, поривот за професионална надоградба ме следеше сè поинтензивно и последниве години, кога веќе се чувствував и позрела за академски истражувања на темата која ја работам веќе дестина години, „Жените во спортот“, особено предизвиците со кои се соочуваме во планинарските спортови.

Некаде кон крајот на минатата година стапив во контакт со школото и мојот сегашен ментор, и искрено немав никакви очекувања дека ќе ја добијам единствената стипендија што факултетот ја нудеше за докторски студии годинава. Дури и за малку ќе се откажев од аплицирањето, бидејќи мислев дека нема апсолутна шанса да влезам во конкуренција.

ilina-arsova-za-zhivotot-vo-sad-i-doktorskite-studii-go-zhiveam-mojot-son-no-edvaj-chekam-da-se-vratam-vo-makedonija-21.jpg

После неколку разговори нивниот интерес се зголеми и самите ми се обратија да ме прашаат до каде сум со документите бидејќи ја очекуваат мојата апликација. Тоа беше едно огромно охрабрување и еве сега веќе половина семестар сум докторски студент на одделот за Кинезиологија и  Спортски студии на универзитетот од Тенеси (Ноксвил).

Предавам половина работно време и учам речиси цело останато време. Не беше лесна самата транзиција, особено ако ви кажам дека магистерските студии ги завршив во 2008 година, сепак секој ден сè повеќе се прилагодувам и уживам во новиот предизвик. 

ilina-arsova-za-zhivotot-vo-sad-i-doktorskite-studii-go-zhiveam-mojot-son-no-edvaj-chekam-da-se-vratam-vo-makedonija-13.jpg

Какво е животното темпо во Ноксвил, Тенеси? Долови ни ги навиките на локалците, секојдневието, барем од твоето првично искуство...

Прво да кажам дека климата навистина ми се допаѓа и ме потсетува на дома. Сега е есен, се менуваат боите на дрвјата и златесто-бакарни лисје шушкаат по улиците.

Во однос на моето темпо, среќна сум што имам услови и редовно да тренирам, кога имам време за тоа.

Овој универзитет е особено познат по  врвната спортска заедница и најголемо збиднување во градот се утакмиците во Американски фудбал. Тогаш целиот град е обоен во портокалова боја, тоа е бојата на нашиот универзитет кој пак уште го нарекуваат „Карпест врв“ „Rocky Top“, заради карпестите врвови на планините – Smokeys, во околијата што очигледно и не случајно се поврзува со моите пасии.

ilina-arsova-za-zhivotot-vo-sad-i-doktorskite-studii-go-zhiveam-mojot-son-no-edvaj-chekam-da-se-vratam-vo-makedonija-22.jpg

Што ти се допаѓа најмногу таму? Би можела ли да замислиш да „дочекаш пензија“ во САД?

Да бидам искрена,  размислувам да земам и додатни часови за да што побргу завршам и да можам да се вратам дома.

Ова е прекрасно искуство, но сега засега не замислувам да живеам во САД на подолго време.

ilina-arsova-za-zhivotot-vo-sad-i-doktorskite-studii-go-zhiveam-mojot-son-no-edvaj-chekam-da-se-vratam-vo-makedonija-23.jpg

Во последно време беше многу активна со планинарски тури... Која ти остави најсилен впечаток и зошто?

Не би се согласила дека планинарските тури се случуваа во последно време. Имено тие се случуваа и сè уште се случуваат веќе дваесет години или повеќе од половина од мојот живот.

ilina-arsova-za-zhivotot-vo-sad-i-doktorskite-studii-go-zhiveam-mojot-son-no-edvaj-chekam-da-se-vratam-vo-makedonija-001.jpg

Зависно од локацијата си бирам нови предизвици на нови планини. Последно би можела да кажам дека навистина бев фасцинирана од Андите и Кордилерите во Јужна Америка, каде едвај чекам повторно да се вратам.

ilina-arsova-za-zhivotot-vo-sad-i-doktorskite-studii-go-zhiveam-mojot-son-no-edvaj-chekam-da-se-vratam-vo-makedonija-06.JPG

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Петар од Скопје живее во ашрам во Индија: „Се будиме во 5 наутро, по ладниот туш следи јога, а навеч... „Се станува околу 5 часот, следува ладен туш и почнуваме со различни јога вежби ...
Весела Богдановиќ од Битола е една од 50-те најдобри учителки во светот: „Избегнувам да давам тестов... „Ако учениците се среќни ќе бидат активни и фокусирани, а јас ќе бидам смирена, ...
Александра Шијакоска за CRNOBELO.com: „Кога ми кажаа дека ризикот од смрт е многу голем прво се испл... „Не постои жив човек кој нема да го промени ваква лекција во животот. Овие 3 мес...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg