Кристина Георгиевска, организатор на свадби: „За странците тренд е Ракија Барот со упатство за пиење, хит дестинација за свадба сега е Берово“

Која дестинација е најпосакувана и барана и зошто?

Најпосакувана дестинација за свадбена прослава во моментот е Берово, преубаво место во источниот дел на Македонија, спремно за уникатни приватни веселби по пристојни цени и прекрасна храна од Малешевијата.

kristina-georgievska-organizator-na-svadbi-za-strancite-trend-e-rakija-barot-so-upatstvo-za-pienje-hit-destinacija-za-svadba-sega-e-berovo-11.jpg

Што е најактуелно периодов во поглед на свадби? Нешто што сите го сакаат и бараат?

Моментално најактуелно е Kids corner, место каде што има анимација за најмалите гости на свадбата секако таму има одговорно лице кое ги анимира дечињата, најчесто цртаат слики за невестата или играат некои игри, а со тоа родителите се слободни да се забавуваат.

Кога би споменале за тренд што сите го сакаат би можело да се издвои Welcome drink, нашите младенци најчесто го прават на влезот со Prosseco, а додека кај младенците од странство како тренд можеме да го издвоиме ’Ракија Барот‘ на кој пишуваме упатство за пиење на ракијата за да не дојде до несакани сценарија.

kristina-georgievska-organizator-na-svadbi-za-strancite-trend-e-rakija-barot-so-upatstvo-za-pienje-hit-destinacija-za-svadba-sega-e-berovo-03.jpg

Сезонава видовме многу венчавки во Охрид на брод – колку е тешко да се организираат, како се снаоѓаат гостите со забава на пловечки брод?

Венчавка на брод е навистина убаво, и воопшто не е комплексно за организација, но со висок ризик фактор поради временски услови, бидејќи при лоши временски услови не би било пријатно да сме на брод, сепак сме повеќе за венчавки на копно.

kristina-georgievska-organizator-na-svadbi-za-strancite-trend-e-rakija-barot-so-upatstvo-za-pienje-hit-destinacija-za-svadba-sega-e-berovo-12.jpg

Сте имале ли некоја несакана ситуација? 

Несакани ситуации ни предизвикуваат работите кои не зависат од нас, како на пример имавме неколку свадби на кои фотографиите на младенците беа комплетно уништени поради лошото и непрофесионално осветлување и ефекти во ресторанот.

Осветлувањето е на прво место кога се работи за добри фотографии, бидејќи моментот на свадбата нема реприза би ги советувале идните младенци да ангажираат професионална компанија која би се погрижила за осветлувањето и ефектите, а не некое непрофесионално лице, најчесто некој од келнерите да е одговорен за светлото на прославата.

kristina-georgievska-organizator-na-svadbi-za-strancite-trend-e-rakija-barot-so-upatstvo-za-pienje-hit-destinacija-za-svadba-sega-e-berovo-13.jpg

Која е најуникатната свадба што сте ја организирале? 

Тешко е да се одлучиме, сепак сите свадби се наше уникатно дело, но може да се одвои оваа сезона свадбата на еден пар од Гевгелија, прославата беше во тоскански/италијански стил, сите детали од избор на локација, декор, музика, стилизирање на простор, торта ама буквално секој детаљ беше во тој стил малку необичен за нашите простори, но сепак навистина уникатна свадбена прослава за паметење.

kristina-georgievska-organizator-na-svadbi-za-strancite-trend-e-rakija-barot-so-upatstvo-za-pienje-hit-destinacija-za-svadba-sega-e-berovo-02.jpg

Колку време е потребно за целосно да се организира една свадба? Што ви е најтешко при организацијата?

Во зависност од колку гости ќе бидат на свадбата, најдобро е од 12 до 15 месеци однапред да биде првата комуникација со цел да има доволно временски период за избор на соодветна локација, добар бенд, фотографи бидејќи сите добри екипи се зафатени една година однапред.

Најтешко при организација на една свадбена прослава е комплетирање на финалното сценарио и агенда според барањата и замислите на клиентот.

kristina-georgievska-organizator-na-svadbi-za-strancite-trend-e-rakija-barot-so-upatstvo-za-pienje-hit-destinacija-za-svadba-sega-e-berovo-14.jpg

Ваш совет за сите идни младенци…

Би ги советувале да не ја оптеретуваат агендата на денот на свадбата, дополнителните активности покрај вечерната прослава како што се одење по невеста, црквената церемонија и матичното може да ги направат претходно со цел дента на прославата да бидат одморени и спремни за сопствената забава.

kristina-georgievska-organizator-na-svadbi-za-strancite-trend-e-rakija-barot-so-upatstvo-za-pienje-hit-destinacija-za-svadba-sega-e-berovo--.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кристина од Скопје за животот и студиите во Рим: „Тука студентите се поопуштени – нормално е некој д... „Во Рим студирав една година, како дел од dual degree програма. Паралелно со фак...
Љубовната приказна на Кристина од Танзанија и Мето од Скопје: „Ме запроси во Занзибар, добивме ќерка... „Веселбата за свршувачката беше во дворот на мојата куќа во Дар ес Салам со моет...
Таткото на Надица, која загина во Кочани, за CRNOBELO.com: „Најтешко беше да ѝ кажеме на помалата ќе... „Надица беше радоста на друштвото. Беше организатор на забави, девојка која знае...
Љубовната приказна на фудбалерот Александар Трајковски и Александра од Србија: „Имавме 2 свадби, жив... „Александар го запознав во 2008 година, на летување во Црна Гора, па дојде во Ср...
Виктор Крстевски, свадбен фотограф: „Грешка на младоженците е што доцнат со организација и штедат на... „Кај нас убави се адетите затоа што ја чуваме културата, но понекогаш се минуваа...

Најчитани неделава