Марија Ѓорѓиевска, ембриолог: „Неплодноста е проблем на многу парови во Македонија, замрзнувањето ембриони често е решение“

Што претставува ембриотрансфер и како се изведува?

ЕТ е безболен процес, се одвива под вагинален ултразвук-ехо, со помош на внатрешен и надворешен катетер.

Улогата на ембриологот во оваа фаза од процесот е со помош на тенок внатрешен катетер да ги земе ембрионите од хранливиот медиум и да ги однесе во надворешниот катетер со кој гинекологот е позициониран во основата на матката.

ЕТ најчесто се прави 3. или 5. ден, 3. ден ембрионот е составен од 6-8 клетки, а 5. ден брои околу 70-100 клетки, т.н. бластоциста.

Следењето на развојот на ембрионот во лабораторија е важно во донесувањето на одлуката кои ембриони ќе бидат селектирани за ЕТ.

Најчесто трансферираниот 2 ембрион е со најдобар квалитет. Бројот на ембриони се утврдува непосредно пред ЕТ меѓу парот, докторот и ембриологот и на некој начин зависи од:

- возраста на пациентите

- историјата на двојката

- бројот на претходни ИВФ-обиди на парот.

marija-gjorgjievska-embriolog-neplodnosta-e-problem-na-mnogu-parovi-vo-makedonija-pravam-selekcija-na-embrionite-za-transfer-08.jpeg

Колкав е процентот на успешни ИН ВИТРО постапки?

Не постои метода што гарантира сигурна бременост, но постојат многу фактори што влијаат, но секако дека одлучувачки фактор се:

- квалитетот на ембрионот

- подготвеноста на матката

- возраста на жената.

Шансите за успех се разликуваат кај пациентите и во практика 30% од пациентите имаат бебе по првиот обид.

marija-gjorgjievska-embriolog-neplodnosta-e-problem-na-mnogu-parovi-vo-makedonija-pravam-selekcija-na-embrionite-za-transfer-05.jpeg

Колку паровите во Македонија се соочуваат со неплодност и што доколку кај едниот партнер е потврдена неплодност, дали има надеж и решение за потомство?

Да, секако дека има. Благодарение на соработката со реномирани светски банки за донација на јајце-клетки, сперматозоиди и ембриони, и во Македонија се изведува оплодување со донација на полови клетки.

Пациентите ги прифаќа одговорно лице за донациска програма, која внимателно и разбирливо им ја објаснува процедурата на пациентите. Тие добиваат доволно информации, со цел полесно да се вклучат во процесот и да немаат тешкотии при изборот на донор.

Бидејќи сето ова е законски поддржано, пациентите не го започнуваат процесот без претходно да добијат потврда, односно согласност од Министерството за здравство.

marija-gjorgjievska-embriolog-neplodnosta-e-problem-na-mnogu-parovi-vo-makedonija-pravam-selekcija-na-embrionite-za-transfer-14.jpeg

Дали постои некоја друга метода или друг начин што го изведувате за зголемување на шансите за забременување?

Да, постои нов софистициран метод за зголемување на шансите за бременост – LASER ASSISTED HATCHING.

Со овој метод се овозможува полесно прикачување, односно имплантирање на ембрионот во матката на жената. Прецизен ласерски зрак се насочува на обвивката на ембрионот правејќи мал отвор, со цел да се овозможи излегување на ембрионот од обвивката и откако ембрионот ќе излезе од обвивката, тој има способност да се прикачи, односно имплантира за ѕидот на матката, при што доаѓа до бременост.

Се препорачува кај:

- пациентки кај кои ембрионите имаат дебела зона

- кај пациенти со претходни неуспешни ИВФ-обиди

- кај пациенти на возраст над 37 кои имаат тенденција да продуцираат јајце-клетки со поцврста z.p

- кај пациенти кај кои ембрионите се со послаб квалитет.

marija-gjorgjievska-embriolog-neplodnosta-e-problem-na-mnogu-parovi-vo-makedonija-pravam-selekcija-na-embrionite-za-transfer-19.jpeg

За крај, што би им препорачале на оние што планираат да започнат ИН ВИТРО процедура?

Пред сè, им посакувам многу истрајност и успех во процесот кој ни малку не е едноставен, но вреди да се помине бидејќи со него се остваруваат животните желби и соништа на партнерите за потомство и нивни поколенија.

Повеќе фотографии од Марија и нејзиното семејство:

CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска за новиот албум: „Роберт го замисли целиот проект, круната е за него - Киан ја обож... „Имаше многу интересни моменти на снимањата, па на спотот за „7 дена, 7 ноќи“, с...
Раде од Скопје одгледува малиноа кучиња: „Се користат за барање дрога или одбрана во специјални едни... „Секогаш ги советувам луѓето да не земаат миленик, доколку стварно немаат желба ...
Исидора, вереницата на Марио од 2Бона, за CRNOBELO: „Родена сум без матка и не можам да останам брем... „Јас веста ја дознав на 16 години, мислев дека од почетокот до дијагнозата помин...
Д-р Даниела Попоска, онколог: „Не секоја промена и грутка значи карцином, најмлада пациентка ми била... „Јас лично, не штедам ниту напор ниту време за правилното и целосното информирањ...
Наташа од Струмица за ракот на дојка: „Децата (12 и 5) ме проверуваа дали дишам - тоа ми беше потешк... „Во септември 2020-та самоиницијативно направив ехо на дојка и ми рекоа дека сè ...
Инспиративната приказна за Леон (3) од Скопје и неговите дедовци - со едниот спортува, со другиот од... Игрите со дедо се лекции за цел живот, а врската дедо-внук е нераскинлива. Леон ...

Најчитани неделава