Марта Стојковска: „На мојот син на 11 години му беше дијагностицирана леукемија, бев шокирана, но се соземав поради него“

Одеше ли на училиште за време на терапијата?

За време на терапијата не одеше на училиште, немаше ни време, а му беше и доста лошо и самата ситуација не дозволуваше да биди присутен физички на часовите.

marta-stojkovska-na-mojot-sin-na-11-godini-mu-beshe-dijagnosticirana-leukemija-bev-shokirana-no-se-sozemav-poradi-nego-05.jpg

На кој начин му беше ветер во грб на синот за да се справи со ситуацијата и тешкиот третман? Кога му беше најтешко?

Освен мигот на дијагнозата, тежок миг ни беше кога добивме Ковид во болницата, додека примаше терапија, а воопшто немавме контакт надвор од болницата, па ни со фамилијата.

Фала му на Бога, психички нема никакви последици, а во врска со друго нешто единствено што имунитетот му е послаб и треба на тоа да се припази и нормално на здравата исхрана.

Дали ќе прима некаква терапија, по завршената хемотерапија?

По завршената хемотерапија за децата со таква дијагноза следува терапија на одржување која трае околу две години.

marta-stojkovska-na-mojot-sin-na-11-godini-mu-beshe-dijagnosticirana-leukemija-bev-shokirana-no-se-sozemav-poradi-nego-02.jpg

Имате ли друг случај на леукемија во семејството? 

Во семејството немаме друг случај на леукемија. Или било каков тип на оваа болест.

Познаваш ли други родители на дечиња со леукемија или некаков тип на рак? Постои ли некое здружение за поддршка? Колку и како тоа ти помогна?

Во болницата запознав деца со иста или слична дијагноза на болеста, а со родителите се зближивме. До ден денес сум во контакт со повеќето од нив и сме како една фамилија.

Постои здружението Сано, тие на секаков можен начин ги поддржуваат и им помагаат на тие деца, а лично мене тоа многу ми помогна и ми значи.

За мене ова здружение ми беше поддршка особено во два случаи, еднаш кога нè згрижија во нивниот дом, односно родителската куќа, кога со Адријан бевме во фазата на зрачење и во втор случај сега кога Адријан беше поканет да биде дел од децата кои излегуваат со фудбалерите на мечот кој се одигра помеѓу Македонија и Азербејџан на 20-ти ноември.

marta-stojkovska-na-mojot-sin-na-11-godini-mu-beshe-dijagnosticirana-leukemija-bev-shokirana-no-se-sozemav-poradi-nego-11.jpgфото: Фејсбук Сано

marta-stojkovska-na-mojot-sin-na-11-godini-mu-beshe-dijagnosticirana-leukemija-bev-shokirana-no-se-sozemav-poradi-nego-10.jpgфото: Фејсбук Сано

Кој е твојот рецепт за расположение кога доаѓаат тешки мигови?

Позитивното гледање на работите и неоткажување и вербата дека имаш силно дете и секако вербата во Бога, тоа е мојот рецепт.

Како се забавувате сега двајцата, а и целото семејство, кога епизодата е зад вас?

Сега уживаме во секој момент поминат заедно, си правиме забава на наш начин и приредуваме многу изненадувања за Адријан.

Порака до сите родители кои се соочуваат со иста или слична ситуација...

Мојата порака е една до сите родители во ваква ситуација а тоа е: „Секогаш верувајте во своето дете дека ќе успее и таквите моменти се само премрежие и еден лош сон кој ќе помине и ќе се разбудите заедно посилни од кога било и верувајте во БОГА и тоа многу!“

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
Зоран Мијалков e самохран татко на два сина со аутизам, Петар (21) и Никола (14): „Страв ми е што ќе... „Еднаш, пред две години, ми се случи да се онесвестам додека ги шетав на планина...
Јулија Мациевска за CRNOBELO: „Не излегов од дома една година откако Андријана замина во вечноста“ „Внуката Стефанија сега има 26 години и е дипломирана актерка. Се радувам што из...
Аница 55 години живее во САД: „Се преселив на 16, со сопругот изградивме куќа во Ресен да имаме свое... „Америка не ме пушта да си заминам засекогаш во Македонија, зашто таму ми се дец...
Наташа од Струмица за ракот на дојка: „Децата (12 и 5) ме проверуваа дали дишам - тоа ми беше потешк... „Во септември 2020-та самоиницијативно направив ехо на дојка и ми рекоа дека сè ...
Aнгела Дончева: „На 22 години ми дијагностицираа леукемија, имав трансплантација во Германија, раскр...  „Зборот леукемија ме преплаши, почнав да читам сè за тоа. Но, мајка ми еде...

Најчитани неделава