Марта Стојковска: „На мојот син на 11 години му беше дијагностицирана леукемија, бев шокирана, но се соземав поради него“

„Првите симптоми кај Адријан беа модринки по телото и замор. Брзо следуваше дијагнозата, само 3 часа по пункцијата на коскената срцевина. Немаме ниту еден ваков случај во семејството. За сите деца е болен момент опаѓањето на косата, па тогаш му беше најтешко и најболно и на Адријан. Освен мигот на дијагнозата, тежок миг ни беше кога добивме Ковид во болницата, додека примаше терапија...“, споделува Марта Стојковска (34) од Битола за CRNOBELO.com.

marta-stojkovska-na-mojot-sin-na-11-godini-mu-beshe-dijagnosticirana-leukemija-bev-shokirana-no-se-sozemav-poradi-nego-01.jpg

Марта Стојковска (34) од Битола, по професија продавач, e мајка на две деца и тоа Адријан (12) и Наталија (9). Нејзиниот син Адријан Стојковски неодамна ја извојува најтешката битка во животот и ѝ кажа збогум на леукемијата.

Таа, заедно со нејзиниот сопруг Никола, ги живееја најтешките мигови во нивните животи, но сега оваа непријатна епизода е зад нив и подготвени се за нови почетоци.

Адријан, кој е ученик во седмо одделение, откако заврши со хемотерапијата и зрачењето и заѕвони на ѕвончето во Детската клиника во Скопје, се врати во училишните клупи.

За CRNOBELO.com Марта отворено говори за оваа тешка епизода од нивниот живот и за борбеноста и истрајноста на Адријан:

Кога му беше дијагностицирана леукемија? Што ти мина низ глава, како реагираше?

Леукемија му беше дијагностицирана на 6 јули 2021, кога Адријан имаше 11 години, две седмици пред неговиот роденден.

Во тој момент не бев свесна што се случува, но подоцна кога се освестив и ја сфатив ситуацијата бев шокирана, но морав да се соземам брзо и да соберам сила пред сé за Адријан.

marta-stojkovska-na-mojot-sin-na-11-godini-mu-beshe-dijagnosticirana-leukemija-bev-shokirana-no-se-sozemav-poradi-nego-07.jpg

Кои беа првите симптоми? Брзо ли следуваше дијагнозата?

Првите симптоми беа модринки по телото и замор. Брзо следуваше дијагнозата, само 3 часа по пункцијата на коскената срцевина.

Како реагираше Адријан на дијагнозата, му ja кажавте ли веднаш?

На Адријан дијагнозата не му ја кажав веднаш, бидејќи не сакав да се разочарува во текот на лечењето, но тој сам разбра и благодарна сум што смирено го прифати тоа.

marta-stojkovska-na-mojot-sin-na-11-godini-mu-beshe-dijagnosticirana-leukemija-bev-shokirana-no-se-sozemav-poradi-nego-06.jpg

Како се справуваше ти со неговата болест? Што ви го олеснуваше престојот во болница?

Како да не постои никаква болест, смирено и присебно, а воедно борбено и храбро. Морав така!

Како прво во болницата не бевме сами, бевме заедно со многу други деца и родители и еден на друг си бевме поддршка и на тој начин некако си ја олеснувавме ситуацијата и си наоѓавме некакви активности, кои ќе нè расположат, посебно децата.

Исто така, сакам да го истакнам моментот кога успеавме да го исконтактираме Горан Пандев и да поразговара со Адријан преку видео повик, кој на Адријан многу му значеше и го усреќи во тие тешки мигови.

marta-stojkovska-na-mojot-sin-na-11-godini-mu-beshe-dijagnosticirana-leukemija-bev-shokirana-no-se-sozemav-poradi-nego-04.jpg

Кои ви беа најтешки мигови?

За сите деца е болен момент опаѓањето на косата, па тогаш му беше најтешко и најболно и на Адријан.

marta-stojkovska-na-mojot-sin-na-11-godini-mu-beshe-dijagnosticirana-leukemija-bev-shokirana-no-se-sozemav-poradi-nego-03.jpg

Дали најубав миг беше ѕвонењето на ѕвончето на Детската клиника во Скопје? 

Секако дека најубавиот миг беше ѕвонењето на ѕвончето и средбата на Адријан со сестра му Наталија после подолго време.

Тоа за мене значеше завршување на еден тежок период и почувствував некое олеснување.

Адријан на училиште почна од септември, супер се вклопи и е пресреќен таму со своите другарчиња.

Соучениците го прифаќаат и повеќе од добро и оваа година го избраа за претседател на одделението.

Се изненадив од емпатијата на децата и општо луѓето, се разбира во позитивна смисла. Им се заблагодарувам на сите во оваа прилика.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Мики Маркоски работи на ранч со коњи во Љубаништа: „Бегав од училиште за да минувам време со мојот к... „Се случувало да имам повреди од паѓање од коњ, или да сум гризнат, или пак удре...
Интервју со дуото ДНК: Панчо во кафеана ја нарачува „Недеља“ од Џеј, Андреј вели дека уште се истите... Велат дека воопшто не се променети како луѓе во овие 20 години кариера, Андреј р...
Сестрите Татјана и Тамара (24) од Свети Николе изработуваат бајковити креации за мали принцези и мај... Сестрите близначки, Татјана и Тамара Маневи, вљубенички во модата и дизајнот, на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg