Ана Домазетовска: „На мојот син на 5 години му беше изваден тумор од мозокот, сега го прослави 13-тиот роденден во Швајцарија“

Колку време закрепнуваше по операцијата? Имаше ли хемотерапија и зрачење?

По операциите следуваше зрачна терапија со максимум зрачења која финансиски беше покриена од самата болница Систина.

После пет и пол месечна хоспитализација таму, бевме префрлени на Детска клиника, на онкологија, каде Давид примаше хемотерапија.

И тој период беше доста тежок и болен, но фала му на Бога и тоа го пребродивме. Таму запознавме многу дечиња кои ја водеа својата битка и фала му на Бога ја извојуваа.

После 9 месеци хоспитализација конечно бевме дома.

ana-domazetovska-01_19.jpg

Кои беа најтешките мигови? Има ли последици од терапијата? Прави ли редовни прегледи и на колку време?

Самата тежина на операциите, зрачењето и хемотерапијата оставија големи последици кај Давид. Проблеми со координацијата, балансот, говорот, видот и други физички оштетувања.

Беше многу истоштен, неподвижен и му требаше исклучителна нега. Посебна храна, суплементи, секојдневна физикална терапија, многу љубов и трпение.

Во тој процес на закрепнување многу му помогна секојдневното повеќечасовно пливање.

Контроли правевме редовно. На секој шест месеци одевме кај професорот Угриновски, а еднаш годишно правевме магнет.

ana-domazetovska-01_16.jpg

На кој начин му бевте ветер во грб на синот за да се справи со ситуацијата и тешкиот третман?

Морам да истакнам дека во тој период посетивме многу цркви и манастири низ Македонија и пошироко.

По поклонување на моштите на Св. Василиј Острошки, Давид за првпат застана самостојно на нозе и ги направи првите самостојни чекори. Тогаш се ослободи од количката која дотогаш му беше неопходна.

Беше многу тешко, но вербата во Бога, љубовта и поддршката од семејството е најбитна. Голема поддршка имаше и од неговата постара сестра Ева, која иако тогаш имаше само девет години доста добро се носеше со целата ситуација.

Ние како родители цело време гледавме напред и баравме решенија за проблемот кој го имавме. Воопшто не се навраќавме наназад.

Цело време само размислувавме и делувавме во насока за подобрување на здравствената состојба на Давид.

ana-domazetovska-01_08.jpg

Но, и Давид е едно исклучително дете кое во ниту еден момент не потклекна на болеста. Неговата вера, истрајност, храброст, борбеност и смиреност нè водеше нас.

Иако тогаш имаше само пет и пол години тој беше вистинскиот борец. Ако тој не беше тоа што е, не верувам дека ќе стигневме до тука каде што сме.

Исто така, љубовта од неговите две сестри и братчето имаат големо значење во неговиот живот. Постојано е опкружен со безусловна љубов и поддршка.

ana-domazetovska-01_06.jpg

По процесот на лекување, кога продолжи Давид со училиште?

Училиштето го започна со една година задоцнување, но тоа не претставуваше никаков проблем.

Во цело шестгодишно образование беше со поддршка од образовен асистент кој му помагаше. Сега живееме во Швајцарија и таму продолжи со основното училиште.

ana-domazetovska-01_09.jpg

ana-domazetovska-01_10.jpg

Колку Швајцарија ви даде подобри можности во поглед на неговата здравствена состојба?

Швајцарија е земја која нуди многу можности за добар и квалитетен живот на граѓаните.

Релативно кратко време сме тука, сè уште сме на почеток, но веруваме дека Давид ќе ја добие целата поддршка од системот за да може полесно да функционира понатаму во животот.

Најважно од сè е вербата во Бога. Кога човек ја има вербата љубовта и надежта, ја спознава смислата на животот и полесно се справува со искушенијата.

ana-domazetovska-01_15.jpg

ana-domazetovska-01_13.jpg

ana-domazetovska-01_11.jpg

ana-domazetovska-01_04.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...
Кире Лазаров: „Со Каролина бевме партнери за матура, поради погрешна дијагноза мислев дека рано ќе ј... „Финалето на Светското клупско првенство беше мојот најтежок натпревар во кариер...
Ребека, Македонка во Сан Франциско: „Животот ми приреди бура - како испливав нагоре без страв и омра... „Дефинитивно самодовербата се губи ако имате партнер кој не е тоа што сте го зам...
Дарко Илиевски за татковството: „Синот првата ноќ по раѓањето беше на мониторинг - јас не му ја испу... „За синот Матео, идејата за името беше на сопругата, а неговото средно име го из...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg