Ана Домазетовска: „На мојот син на 5 години му беше изваден тумор од мозокот, сега го прослави 13-тиот роденден во Швајцарија“

„Проф. Д-р Јовица Угриновски кога го виде Давид, а и резултатот од магнетот, ни кажа дека станува збор за прогресивен малиген тумор кој мора веднаш да се оперира, дека главата му е полна со вода и дека е прашање на живот. Имаше две интервенции. Но, неколку часа по првата операција дојде до драстично влошување на ситуацијата...“, ја почнува Ана Домазетовска (41) од Битола емотивната приказна за животната битка на нејзиниот син Давид, кој го преживеал тоа на само 5 години и денес е 13-годишно момче, обожавано од родителите и своите 2 сестрички и едно братче.

ana-domazetovska-01_01.jpg

Ана Домазетовска (41) од Битола со сопругот Михајло има 4 деца. Таа е мајка на Давид Домазетовски (13), Ева (17), Јаков (5) и Хана (2), а од неодамна целото семејство се пресели во Швајцарија.

Нивниот син Давид на само 6-годишна возраст ја водеше најтешката животна битка, кога му беше дијагностициран малиген тумор на мозокот, а со своето знаење, храброст и хуманост го спаси проф. Д-р Јовица Угриновски.

На 29-ти ноември почина нашиот почитуван проф. Д-р Јовица Угриновски на 77-годишна возраст, а ова семејство се сети што сè тој направи за нив.

Фејсбук статусот на Михајло за докторот се споделуваше вирално, а тие се само дел од многуте луѓе на кои доктор Угриновски им помогнал.

Фејсбук статусот кој Михајло, кој го напиша по смртта на доктор Угриновски гласеше:

„Еден човек преку чии раце Бог направи чудо и го спаси син ми Давид, а со тоа и целото семејство, повеќе не е со нас живите. Навистина болката е голема, особено за оние кои го познаваа и знаат дека таков човек се раѓа еднаш на 100 години.

Малку се зборови кои би ја опишале нашата благодарност спрема вас докторе. Знам само дека Македонија изгуби прекрасна личност како прво и вистински професионалец, ненадминлив на нашите простори. Нека Бог ви ги прости сите гревови и прегрешенија и да ве стави на најубаво место во Царството Небесно Докторе и Професоре Јовица Угриновски.“

 ana-domazetovska-01_03.jpgфото: Фејсбук Систина

По трогателниот статус ја контактиравме мајката на Давид да сподели со нас детали за приказната и за тешката битка за живот кој ја водел нивниот син Давид.

За CRNOBELO.com Ана Домазетовска споделува:

Кога му беше дијагностициран тумор на мозокот на твојот син Давид? Што ти мина низ глава, како реагираше? Кои беа првите симптоми? Брзо ли следуваше дијагнозата?

Првите симптоми кај Давид се појавија 3 до 4 недели пред да биде поставена дијагнозата.

Покачена температура, гадење, повраќање, дијареја и исцрпеност. Бидејќи тоа беше почетокот на декември 2014-та година, време на настинки и вируси, така беше и третиран.

ana-domazetovska-01_18.jpg

Никој не претпостави дека станува збор за нешто многу лошо. Но, последните неколку дена неговата состојба се влошуваше и беше хоспитализиран во болницата во Битола.

Му беше направена магнетна резонанца, на која се покажа дека Давид има тумор во малиот мозок со големина на јајце. Сите бевме шокирани, никој не очекуваше вакво нешто.

Ни рекоа под итно да одиме за Скопје. Фала му на Бога што во тој момент ни даде сила да бидеме присебни.

Во нашето потесно семејство до тогаш се немавме соочено со оваа болест.

ana-domazetovska-01_17.jpg

Кој беше следниот чекор? Дали операцијата беше итна и кој доктор ја изведе? Стануваше ли збор за комплицирана операција?

Наши роднини стапија во контакт со пр. др. Јовица Угриновски, кој веднаш нè прими за преглед.

Кога го виде Давид, а и резултатот од магнетот ни кажа дека станува збор за прогресивен малиген тумор кој мора веднаш да се оперира, дека главата му е полна со вода, односно ја има појавата хидроцефалус, што значи собирање течности во шуплините (коморите) длабоко во мозокот, и дека е прашање на живот.

ana-domazetovska-01_12.jpg

Имаше две интервенции. Првата беше следниот ден по приемот, операцијата за истиснување на водата од главата, а операцијата на туморот требаше да биде по неколку дена.

Но, неколку часа по првата операција дојде до драстично влошување на ситуацијата и во 3 часот по полноќ беше повторно внесен во сала. Операцијата траеше 4 часа, но за нас како да траеше цела вечност.

Професорот Угриновски дојде и ни кажа дека целосно е изваден туморот и дека треба да чекаме да се разбуди.

ana-domazetovska-01_07_copy.jpg

Цели 45 дена беше на апарати. Во тоа време ние, со сопругот, постојано бевме со него и чекавме да се разбуди. И фала му на Бога се разбуди.

За итноста од операцијата професорот Угриновски тогаш изјави: „Ако следиме медицински правила, Давид не требаше да се оперира. Тоа е како да оперираш мртов човек. Но, мојот инстинкт и искуството ми даде за право и покрај тоа што шансите за преживување беа еднакви на нула, да влезам во операциона сала и да оперирам.

Пресудното беше брзината на интервенцијата. Фактот дека ситуацијата се влоши во 2 часот наутро, а ние влеговме во сала во 3 часот наутро, само еден час по случката, е тоа што ми будеше надеж дека ќе го излечам.

ana-domazetovska-01_05.jpg

Како се справуваше ти со неговата болест? Чувствуваат ли луѓето емпатија кон вас?

За цел овој претежок период нè држеше молитвата и вербата дека Давид ќе биде добро.

Имавме многу голема поддршка од целата фамилија, од пријателите, но и од луѓе кои воопшто не ги познававме.

Исто така, мора да напоменам дека поддршката од целиот персонал во болницата ни беше и тоа како добредојдена.

Бидејќи Давид долго време беше хоспитализиран во приватната болница Систина, а ние финансиски не бевме во можност да го платиме целиот износ, граѓаните од цела Македонија, а и пошироко, преку донации го сторија тоа.

ana-domazetovska-01_14.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...
Кире Лазаров: „Со Каролина бевме партнери за матура, поради погрешна дијагноза мислев дека рано ќе ј... „Финалето на Светското клупско првенство беше мојот најтежок натпревар во кариер...
Ребека, Македонка во Сан Франциско: „Животот ми приреди бура - како испливав нагоре без страв и омра... „Дефинитивно самодовербата се губи ако имате партнер кој не е тоа што сте го зам...
Дарко Илиевски за татковството: „Синот првата ноќ по раѓањето беше на мониторинг - јас не му ја испу... „За синот Матео, идејата за името беше на сопругата, а неговото средно име го из...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg