Ана Ежова, модел: „Најтешки ангажмани ми беа со нуркање и во каменолом на 43°C, во Македонија се заработува од мода“

„Во Македонија во просек можете да заработите 200-500 евра месечно од модни ангажмани, но морам да нагласам дека ова не е гарантирана заработка. Кога наполнив 30, дури и си ја ‘погребав’ кариерата, свечено објавувајќи им на соработниците од модните агенции да не ме бараат веќе дека време е за пензија, но ете – ме бараат и на 35...“, споделува моделот Ана Ежова (35) за CRNOBELO.com.

ana-ezhova-model-najteshki-angazhmani-mi-bea-so-nurkanje-i-vo-kamenolom-na-43-c-vo-makedonija-se-zarabotuva-od-moda-01.jpg

Ана Ежова (35), магистер по правни науки и по професија правник, но значителен дел од кариерата поминав и работејќи маркетинг, копирајтинг и односи со јавност, преведувач од англиски на македонски јазик, ентузијаст за планинарење и јога и секако, модел.

Таа е едно од најпрепознатливите лица кога станува збор за ревии и модни ангажмани во Македонија.

Со неа поразговаравме за кариерата како модел, Ана за CRNOBELO.com споделува:

Колку години работиш како модел? Се заработува ли од оваа професија во Македонија?

Со оглед на тоа дека имам 35 години, а во оваа професија се започнува доста рано, уште од средношколска возраст, работам... Прилично долго.

Прашањето дали добро се заработува од оваа професија е многу често поставувано, претпоставувам поради тоа што никогаш не сте добиле конкретен одговор, но навистина е тешко да се даде одговор бидејќи сумите варираат.

ana-ezhova-model-najteshki-angazhmani-mi-bea-so-nurkanje-i-vo-kamenolom-na-43-c-vo-makedonija-se-zarabotuva-od-moda-13.jpg

Можам да кажам дека во Македонија во просек можете да заработите 200-500 евра месечно, но морам да нагласам дека ова не е гарантирана заработка, некогаш тие пари ќе ги заработите буквално за 2 дена, а некогаш може да поминете месец или два без никаков ангажман.

Затоа и оваа професија најмногу им одговара на младите луѓе, кога сè уште имаат повеќе избор и слободно време.

Јас веќе 10 години си работам за плата во канцеларија од 9 до 5, а дополнително работам како модел.

ana-ezhova-model-najteshki-angazhmani-mi-bea-so-nurkanje-i-vo-kamenolom-na-43-c-vo-makedonija-se-zarabotuva-od-moda-18.jpg

Кои се критериумите да се биде добар модел?

Физичките критериуми постојано се менуваат, како што се менуваат светските модни трендови.

Посебно ми е драго што денес во модата има место за сите, без оглед на големината, возраста или расата, како што треба да биде.

ana-ezhova-model-najteshki-angazhmani-mi-bea-so-nurkanje-i-vo-kamenolom-na-43-c-vo-makedonija-se-zarabotuva-od-moda-06.jpg

Сепак, зборувајќи за манекенството од аспект на професија, има две константи - професионалноста и пристапноста. Точноста, ведриот дух и одговорноста да си легнеш во 22 часот вечер пред сликање, способноста да „кликнеш” со дизајнерот и да знаеш што сака да постигне, брзината, смиреноста и фокусот со кои мораш да го поднесеш притисокот кога имаш само 10 минути за комплетна промена на шминка, фризура и облека помеѓу две ревии...

Сите до еден професионални модели од Македонија што ги познавам, се прекрасни, пријатни и одговорни личности.

ana-ezhova-model-najteshki-angazhmani-mi-bea-so-nurkanje-i-vo-kamenolom-na-43-c-vo-makedonija-se-zarabotuva-od-moda-09.jpg

Што мислиш, кој е твојот најсилен адут при кастинзите?

Како што напоменав погоре, пред сè, професионалноста и енергијата.

Кога сум на снимање или на писта, таму сум затоа што сакам, затоа што уживам да сум дел од нешто што поттикнува креативност, што ги усреќува луѓето. Луѓето со кои работам се креативни и ги остваруваат своите соништа, а мојата улога е да им олеснам, не да им отежнам, да ги претставам во најдобро светло и со задоволство го правам тоа.

ana-ezhova-model-najteshki-angazhmani-mi-bea-so-nurkanje-i-vo-kamenolom-na-43-c-vo-makedonija-se-zarabotuva-od-moda-15.jpg

Најголемите успеси досега...

За сите овие години, толку многу работи се случија, што можам само да изразам голема, огромна благодарност на целата македонска модна сцена што ми дозволи да бидам дел од неа и што препозна нешто во мене. 

ana-ezhova-model-najteshki-angazhmani-mi-bea-so-nurkanje-i-vo-kamenolom-na-43-c-vo-makedonija-se-zarabotuva-od-moda-08.jpg

Држиш ли диета? Како ја одржуваш формата?

Не држам диета, а природно имам спортска градба која не бара многу одржување.

ana-ezhova-model-najteshki-angazhmani-mi-bea-so-nurkanje-i-vo-kamenolom-na-43-c-vo-makedonija-se-zarabotuva-od-moda-30.jpg

Најинтересен ангажман ти бил...

Ги има многу и со текот на времето се забораваат, но еве - снимање под вода (исклучително тешко и ми ги сруши сите идеи за тоа колку добар нуркач сум), bodypaint, сликање со колодиум техника...

Последен навистина интересен ангажман ми беше за ревијата на холандската хај-тек модна дизајнерка Анук Випрехт, која живее во Њујорк и чии креации се носат од познати актерки, а чија креација носев на ревијата во организација на Амбасадата на Кралството Холандија и професорката по моден дизајн Лидија Георгиева и нејзините студенти.

ana-ezhova-model-najteshki-angazhmani-mi-bea-so-nurkanje-i-vo-kamenolom-na-43-c-vo-makedonija-se-zarabotuva-od-moda-20.jpg

Фустанот имаше вградени сензори за движење, кои алармираат кога некој премногу ќе се приближи и активираат шилци кои изгледаат како крилја. Фустан што буквално вели „не се приближувај”.

ana-ezhova-model-najteshki-angazhmani-mi-bea-so-nurkanje-i-vo-kamenolom-na-43-c-vo-makedonija-se-zarabotuva-od-moda-21.jpg

ana-ezhova-model-najteshki-angazhmani-mi-bea-so-nurkanje-i-vo-kamenolom-na-43-c-vo-makedonija-se-zarabotuva-od-moda-19.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Интервју со дуото ДНК: Панчо во кафеана ја нарачува „Недеља“ од Џеј, Андреј вели дека уште се истите... Велат дека воопшто не се променети како луѓе во овие 20 години кариера, Андреј р...
Сестрите Татјана и Тамара (24) од Свети Николе изработуваат бајковити креации за мали принцези и мај... Сестрите близначки, Татјана и Тамара Маневи, вљубенички во модата и дизајнот, на...
Мирослав Митрашиновиќ: „Да се биде балетан е макотрпна, но прекрасна работа - го работам тоа веќе 15... „На нас балетаните дозволено ни е вежбање во фитнес центри, но не со големи тежи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg