Берк Бугариќ, македонски тенисер и студент на Универзитетот Јута во САД: „Ми недостигаат најблиските, но тука сум за да ги исполнам соништата“

„Бев државен првак во категорија до 12, 14, 16 и 18 години. Бев премногу среќен што секогаш ја претставував својата држава на најдобар и најсоодветен начин. Поради тоа ја добив стипендијата на престижниот Универзитет во Јута, САД. Деновите ми се исполнети со многу тренинзи, со малку време за одмор и уживање. Најмногу ми недостасуваат моите родители и моите најблиски. Но, подготвен сум на оваа жртва, бидејќи на крајот знам дека моите успеси се и нивни“ - вели во интервју за CRNOBELO.com, Берк Бугариќ младиот македонски тенисер кој успеа да земе стипендија на престижниот Универзитет во Јута, САД. 

berk-bugaric-dobiv-stipendija-na-prestizhniot-univerzitet-vo-juta-zhivotot-tuka-e-mnogu-aktiven-i-razlichen-od-makedonija-01.jpg

Берк Бугариќ е млад тенисер од Македонија, кој доби целосна стипендија на престижниот Универзитет во Јута, САДТој е четирикратен јуниорски македонски шампион и ја претставува Македонија во Дејвис купот.

Уште од млади години, Берк покажува особен интерес за тенисот. Поради неговата посветеност на теренот, тој успеа да достигне, и да биде јуниорски национален шампион во секоја возрасна категорија до 12, 14, 16 и 18 години.

Се рангираше дури на 149-то место на јуниорската ранг-листа на Меѓународната тениска федерација. Иако има многу, ќе издвоиме само неколку од неговите освоени шампионати како на пример, еден шампионат на Меѓународната тениска федерација во сингл (Ј5 Тирана 2020) и освои еден во двојки (Ј5 Скопје 2019) и стигна до две финалиња во сингл и шест финалиња во двојки.

За Берк, еден од неговите тренери вели:

„Првиот момент на неговото  дружење со рекетот и тениското топче почна точно од 2007 година. Тогаш Берк имаше 4.5 години. Уште од самиот почеток се наметна со неговата дисциплина, амбициозност посветеност и упорност во реализирање на поставените задачи од страна на тренерот.“

Берк даде ексклузивно интервју за CRNOBELO.com во кое зборува за тоа како се снашол во САД, што е она што најмногу му недостига, како и за тоа кои се неговите идни планови.

Проследете го интервјуто со Берк во продолжение:

Berk-Bugariц-Dobiv-stipendija-na-prestizhniot-Univerzitet-vo-Juta-zhivotot-tuka-e-mnogu-aktiven-03.jpg

Како и зошто почна да се занимаваш со тенис и дали имало некој конкретен тенисер кој те инспирираше да започнеш со овој спорт?

Почнав поради мојот татко кој порано играше тенис. Тој е воедно и главната причина и мотив зошто почнав со овој прекрасен спорт. Секако, и Роџер Федерер кој беше еден од моите први идоли; како дете бев фасцинирам од неговата појава и умешност.

Тоа беа и се моите двигатели кои ме туркаат нанапред од самиот почеток. И поради нив сум тука каде што сум.

Како би се опишал себеси како тенисер? Дали посветеноста и истрајноста те донесе на ова место на кое си сега?

Би се опишал како играч кој е доста посветен спрема овој спорт. Како што растев и созревав, сè повеќе и повеќе го засакував тенисот и тоа ми даваше голема мотивација да го дадам својот максимум (па и повеќе од тоа) за време на припремите и натпреварите.

Поради таа моја посветеност бев државен првак, и поради тоа успеав да обезбедам целосна стипендија на еден од најпрестижните Универзитети во САД.

Berk-Bugariц-Dobiv-stipendija-na-prestizhniot-Univerzitet-vo-Juta-zhivotot-tuka-e-mnogu-aktiven-04.jpg

Доби целосна стипендија на престижниот Универзитет во Јута. Може ли да ни раскажеш како се случи сето тоа?

Бев државен првак во категорија до 12, 14, 16 и 18 години. Бев премногу среќен што секогаш ја претставував својата држава на најдобар и најсоодветен начин. Кога ја претставував Македонија на Европското првенство до 18 години во Клостерс, Швајцарија, за време на моите мечеви, доста тренери од различни универзитети ме гледаа.

На тој начин, се погоди и да се запознам со тренерот од Универзитетот на Јута, Роланд Братенау. Лично ме следеше неколку години наназад на неколку турнири низ светот. После тоа. тренерот лично дојде во Македонија да се запознае со мене и мојата фамилија, пред да ми ја доделат стипендијата.

Добивав понуди од Универзитети од Америка уште од прва година средно. Морам да признам дека имав голем број на интересни понуди, како на пример од познатиот и престижен Универзитет Браун кој е на 13 место. Но не сакав да ја прифатам таа понуда бидејќи таму фокусот на тренирање и играње тенис беше помал од оној на Универзитетот во Јута.

Го избрав Универзитетот во Јута затоа што верувам дека програмата и нејзините тренери можат да ми помогнат да ги достигнам моите соништа и цели за да играм тенис на следно ниво. Убеден сум дека тоа ќе ми донесе успех и среќа што ги посакувам.

Berk-Bugariц-Dobiv-stipendija-na-prestizhniot-Univerzitet-vo-Juta-zhivotot-tuka-e-mnogu-aktiven-05.jpg

Како изгледа еден твој ден? Што сè Берк прави во текот на денот?

Се будам околу 6 часот изутрина. Прво што правам е соодветна хидратација и пиење на потребните витамини. Потоа обично готвам некој лесен оброк пред мојот тренинг.

Тренингот ми започнува во 07.30, каде што почнувам со лесно загревање и масажа со мојот физиотерапевт. Во 08.00 часот сум веќе на терен каде што тренирам тенис околу 3 часа.

Потоа одам во теретана каде останувам некои час и пол. Потоа повторно се среќавам со својот физиотерапевт за масажа и опоравување на мускулите.

Откако сето тоа ќе го завршам гледам да јадам добар оброк пред да ми почнат обврските на Универзитет.

На Универзитет сум околу 3 часа и понекогаш и повеќе. Потоа одам дома и одмарам одреден период и го посветувам времето на завршување на обврските од Универзитет од тој ден. Попладневните и вечерните часови ги посветувам за себеси, да зготвам некој добар протеински одмор и да го поминам времето со пријателите. 

Каков е животот во Америка? Кои разлики ги согледуваш помеѓу оваа земја и Македонија? Дали се приспособуваш лесно?

Животот во Америка би кажал дека е доста активен.

Има повеќе работи кои би можеле да ти го исполнат слободното време во споредба со Македонија. Има повеќе места за забава, едукација, спорт, рекреација. Има многу голем избор ако знаеш што сакаш, и ако си усмерен. Главната разлика што ја гледам е кај луѓето.

Таму секој сака да ти помогне, секој сака да се дружи, сите се насмеани и задоволни. Тука во Америка е сосема друга култура, и многу поразлична од нашата.

Јас патувам низ светот од мои 11 години низ различни земји, и тоа дефинитивно ми ја даде способноста добро да се прилагодам на нови места. Така можам да заклучам дека прилично лесно се прилагодив.

berk-bugaric-dobiv-stipendija-na-prestizhniot-univerzitet-vo-juta-zhivotot-tuka-e-mnogu-aktiven-i-razlichen-od-makedonija-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Хелена Роза по 4 години се врати од Нов Зеланд: „Заминав на 39 години, завршив факултет и сега со со... „2022 ми беше една од најубавите години - конечно зедов дозвола за возење мотор ...
„Пред 45 години успеав да ја заведам единствената жена која посакав да ми роди деца“ – Жељко Самарџи... „Во брак сме 45 години и заедно пребродивме многу убави, но и тешки животни моме...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg