„Бев да ми прават натална карта, внимателно го слушав астрологот Ивица Трповски - какво искуство беше ова?“

По интервјуто со астрологот Ивица Трповски, тој ми вели: „Мора да ти направам натална карта“, одговарам „Ох, не, не сакам да ми кажеш нешто лошо, па да ми остане на крајот во едно сокриено делче од мозокот, па потоа сама да направам таа судбина да се оствари“. Но, беше упорен и ме убеди... Какво искуство беше ова?

bev-da-mi-pravat-natalna-karta-vnimatelno-go-slushav-astrologot-ivica-trpovski-kakvo-iskustvo-beshe-ova-01.jpg

Пред извесен период правев интервју со астролог Ивица Трповски (43) од Скопје, кој веќе 20 години се занимава со астрологија, и соработката беше навистина лесна и пријатна, а тој вистински ми поттикна интерес за неговата професија.

Наука и читање на ѕвездите, звучи интересно, нели?

И ми вели: „Мора да ти направам натална карта“, одговарам „Ох, не, не сакам да ми кажеш нешто лошо, па да ми остане на крајот во едно сокриено делче од мозокот, па потоа сама да направам таа судбина да се оствари“...

bev-da-mi-pravat-natalna-karta-vnimatelno-go-slushav-astrologot-ivica-trpovski-kakvo-iskustvo-beshe-ova-09.jpg

Тој слатко се изнасмеа, но не се откажа. Неколку пати ми ја повтори идејата, беше упорен во тоа да ми покаже на дело како изгледа неговата работа.

Јас се обидував дури „да фатам врски“ кај колешките за тие да одат место мене, но на крајот се одлучив да се појавам.

Му пратив на Ивица: име и презиме, датум и место на раѓање, и точен час на раѓање.

Наредната седмица ме контактираше за читање на наталната карта со понуда „Онлајн или на кафе средба?“

Дефинитивно, второто! Не сум јас „онлајн човек“. Онлајн состаноци? Нема ништо полошо – толку ми е неприродно и исфорсирано.

И, ден потоа, се најдовме во кафуле во центарот на Скопје.

bev-da-mi-pravat-natalna-karta-vnimatelno-go-slushav-astrologot-ivica-trpovski-kakvo-iskustvo-beshe-ova-04.jpg

Тој насмеан, ведар и со одлична енергија. Си седнавме, кусо си поприкажавме за интервјуто и мора да признаам, иако сум отворен човек по природа, во случајов себично ги чував деталите од мојата приватност за себе.

Не сакав да го наведам на ништо. Дури и при читањето на наталната карта не поставував прашања. Можеби неправилно, но исто така намерата ми беше да не откријам што „ме боли“ во животот, а нели сите ние си имаме нешто што „нè боли“? Живот е!

И така Ивица со лаптопот пред себе, но и со испринтана верзија на хартија почна да ми ја чита наталната.

bev-da-mi-pravat-natalna-karta-vnimatelno-go-slushav-astrologot-ivica-trpovski-kakvo-iskustvo-beshe-ova-06.jpg

Не знам дали така е по распоред или со мене случајно беше така – започнавме од здравје, па преминавме на професија, па на љубов.

И, искрено да си кажам, се фатив како неколку пати си климам со главата, си имам миг на препознавање во себе... „Еј, да, навистина така е, навистина во бракот некогаш ставам разум пред срце“, „Навистина професионално се задоволувам со помалку од што сметам дека имам капацитет да дадам ако сум соодветно мотивирана, но секогаш наоѓам оправдување во државата, околностите и што уште не“...

И нема да навлегувам повеќе, сепак тоа е интимно.

bev-da-mi-pravat-natalna-karta-vnimatelno-go-slushav-astrologot-ivica-trpovski-kakvo-iskustvo-beshe-ova-02.jpg

Но, ми се допадна моментот што Ивица говореше за моите слаби/силни карактерни црти, кои си ги препознав и на кои сметам дека треба да работам.

И ми годеше да го слушнам тоа црно на бело, иако нели ние жените - другарки секоја на секоја сме ѝ психолог и сè си кажуваме. Но, идејата на Ивица со наталната карта да ме поттикне да бидам најдобрата верзија од себе ми се допадна.

Ме поттикна дефинитивно и од оваа средба си заминав со насмевка на лицето.

bev-da-mi-pravat-natalna-karta-vnimatelno-go-slushav-astrologot-ivica-trpovski-kakvo-iskustvo-beshe-ova-10.jpg

Наталната карта ми ја направи за наредните 10 години. Инаку, може да се направи и подетална за 1 година, се разбира, секој со своите желби.

Во разговорот имаше и клучни години и клучни денови во претстојниот период. Искрено, не запишав, а многумина и снимаат и запишуваат кога им се чита наталната, но ете – годините ги запомнив, па здравје за 10 години отсега ќе ви кажам дали наведените две од наредните 10 навистина ќе ми бидат најдобрите.

И, потоа, во разговор со другарки дознав дека некои од нив, кои веќе неколкупати имаат правено натална карта во животот, биле кај него и се презадоволни. Ми правеа споредба на повеќе астролози, па на пристапот, па на пријатноста на неговиот глас, а и симпатичните негови забелешки дека во животот се најважни благодарноста и простувањето.

Ивица е човек со убава енергија, кој се интересира за духовноста, и убаво е да се споделат гледишта со таков човек...

А за натална карта? Не знам одлучете сами! Јас не се покајав.

Доколку сте заинтересирани да го контактирате астрологот Ивица Трповски, побарајте го на Инстаграм.

Прочитајте и Ивица Трповски, астролог: „Ги кажувам и најлошите сценарија од наталните карти, ретроградниот Меркур навистина влијае“

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марија од Велес живее во Хамбург: „Се преселивме со другарка, Германците постојано ми бараат ајвар“ „Неодамна гости ми побараа ајвар. За среќа имав. Па, сега има проблем кога ќе им...
Марјан Петров, шминкер: „На 17 години отворив салон во домот во Мокриево, денес работам со големи ба... „Моите почетоци беа во село Мокриево, струмичко, местото каде го поминав детство...
Петар Андоновски, писател: „Сакам да им дадам глас на оние кои смеат да зборуваат само меѓу четири ѕ... Се додека постојат луѓе кои мислат дека жените ги имаат сите права како мажите и...
Поп Дуле од Битола: „Повеќето верници доаѓаат во црква од помодарство, за свештеници бракот е задолж... „Постојат многу грешки кои се прават во храмот, меѓутоа тие се од формална приро...
Ивона Јо: „Бев жртва на булинг уште во основно училиште за мојот физички изглед, емоциите ги смирува... „Јас растев со булинг кој не беше на социјални мрежи. Булинг кој може да го слуш...
Запознајте ја Андријана Илиоска - една од најубавите Македонки, која нè прави горди пред светот (фот... „Првата фотосесија беше на мои 14 години. Тогаш првпат бев на кастинг и бев одбр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg