Ивица Трповски, астролог: „Ги кажувам и најлошите сценарија од наталните карти, ретроградниот Меркур навистина влијае“

„Карактеристично за периодот во кој има ретрограден Меркур се непредвидливи ситуации, откажување поради непредвидени околности што го нарушуваат ритамот, неможност за исполнување на плановите онака како што сме замислиле и проблеми во организирањето на денот“, споделува Ивица Трповски од Скопје, кој веќе 20 години работи како астролог.

ivica-trpovski-astrolog-01.jpg

Ивица Трповски (43) од Скопје веќе 20 години се занимава со астрологија.

Вели дека интересирањето за науката за ѕвездите кај него започнало од многу рана возраст.

Во интервју за CRNOBELO.com споделува детали за својата професија:

Зошто токму астрологија и како се станува астролог?

Астрологијата со своите правила на функционирање и точноста која ја нуди дава одговор на многу прашања, на кој вообичаено би било тешко да се даде одговор.

Оттаму е интересирањето и желбата кај многу луѓе за астрологијата, така и кај мене за изучување и примена на истата.

Како и за секоја работа, така и човек да стане астролог, потребно е да има одредени предиспозиции за тоа, да има талент за астрологија т.е. да има добра планетарна поставеност и интерес за астрологија.

Останатото е да одлучи кој тип на астрологија го интересира и да се посвети на изучување на истиот.

Можам да направам споредба со времето кога јас почнував со изучување на астрологијата. Во тоа време изворите на знаење беа многу ограничени и лимитирани.

Сега постојат голем број на организации и институти, кои нудат формално или неформално образование, кое во голем број земји е признаено, како и секое друго образование.

Изучувањето најчесто е и целосно онлајн и на крај се добива валиден сертификат за степенот на познавање на астрологијата.

ivica-trpovski-astrolog-03.jpg

Што си во хороскоп? Колку сметаш дека хороскопот ти влијае на карактерот, ги носиш ли карактерните црти на својот знак?

Јас сум Девица во хороскоп, и сум карактеристична Девица, со знак, подзнак, Месечина, Меркур, Јупитер, Сатурн во Девица… Со други зборови сè она што ќе прочитате за Девица, тоа сум јас.

Колку е значаен подзнакот за една личност? На кои полиња од животот е доминантен хороскопскиот подзнак? И како се пресметува подзнак?

Асцедентот, односно подзнакот, е почетокот на првата куќа, која ја претставува личноста, надворешниот изглед, генетското наследство, односот кон луѓето и животот, однесувањето, психата, интелектот, темпераментот, позитивните страни и маните.

Да се биде роден во знак на Стрелец со асцедент во Риби, значи личноста да има особини и на Стрелец и на Риби. Често се случува да доминира асцедентот, во која мера ќе биде тоа зависи од поставеноста и аспектираноста на првото поле.

За да го пресметаме подзнакот покрај датата на раѓање, потребно е да го знаеме времето и местото на раѓање.

Потоа со употреба на software (има голем број на интернет страници кои ова го нудат како опција која е бесплатна) само со внесување на податоците го добиваме подзнакот.

ivica-trpovski-astrolog-04.jpg

Во кој хороскопски знак се родени најзаводливите жени?

Не би можел да кажам кој знак е најзаводлив, самата астрологија е малку покомплексна за таква констатација, но нешто што по мене носи многу убав момент, по прашање на заводливоста и еротскиот импулс во целост е доколку во личниот хороскоп месечината е поставена во Скорпија кај жени, и доколку е Венера во Бик кај мажи.

Секако, доколку се хармонично поставени во самата натална карта.

Во кој хороскопски знак се родени најамбициoзните мажи?

Повторно астрологијата е покомплексна од констатација за амбициозност само кај одредени знаци, постојат многу успешни и амбициозни мажи од сите хороскопски знаци, но заедничко за сите е што во нивните натални карти доминира јака креативна енергија, која е симболична за Овен, Лав, Скорпија.

ivica-trpovski-astrolog-06.jpg

Колку време изработуваш една натална карта? И дали ги кажуваш „најцрните сценарија“ што ќе ги видиш на клиентите?

Откако ќе ги добијам податоците за некоја натална карта, пред да се слушнам со клиентот, посветувам време на анализирање, на развивање на наталната карта.

Во зависност од тежината, комплексноста на самата карта, времето за анализа може да биде различно, но во просек е два до три часа.

Откако ќе ја спремам наталната карта, самиот разговор со клиентот е еден и пол до два часа.

Самата астрологија дава можност за предвидување на работите, а основното правило на предикциите е дека сè што може да се предвиди во одредена мера може и да се влијае на истото.

Така што мојот став не е да скријам црно сценарио, туку точно да го детерминирам проблемот и да го најдам начинот и периодот кој е најповолен за влијание на тој процес.

ivica-trpovski-astrolog-02.jpg

Што е ретрограден Меркур и зошто прави толкави промени во животот?

Ретрогнадно движење e всушност привидно движење наназад на некоја планета.

За да биде појасно ќе земам еден пример. Земјата ротира околу Сонцето со одредена брзина. Јупитер, исто така. Бидејќи Земјата се врти околу Сонцето побрзо од Јупитер, ние во голема мера го следиме правилниот пат на Јупитер додека тие патуваат низ космосот рамо до рамо.

Но, во еден момент, Земјата и Јупитер се наоѓаат на паралелна патека. Поточно, нашата планета стигнува до Јупитер патувајќи по сопствен пат и во еден момент тие стигнуваат целосно паралелно, еден спроти друг.

Бидејќи Земјата е побрза, во следниот момент го престигнува Јупитер, кој почнува да се задржува зад Земјата, што на набљудувачот му дава впечаток дека Јупитер прво застанал во еден момент, а потоа почнал да се движи наназад.

Кога е Меркур ретрограден, трпи или се наоѓа во блокада со сè она со кое владее Меркур, сообраќај, комуникација, договори, разбирање со околината, било да е со колегите или семејството.

Карактеристично за периодот во кој има ретрограден Меркур се непредвидливи ситуации, откажување поради непредвидени околности кој го нарушуваат ритамот, неможност за исполнување на плановите онака како што сме замислиле и проблеми во организирањето на денот. Исто така како нешто што е карактеристично за ретрограден Меркур е дека во овој период многу почесто се расипуваат електрични апарати, телефони, компјутери и сл.

Во која мера ќе има влијание ретроградниот Меркур врз промена на текот на нормалното функционирање и нарушување на плановите кај некое лице во принцип зависи од знакот во кој е Меркур ретрограден и во самата поставеност на наталната карта.

ivica-trpovski-astrolog-05.jpg

Кој е најкомплицираниот хороскопски знак и зошто?

Мојот, Девица … Се шегувам.

Секој знак има свои позитивни и негативни страни, па доколку во наталната карта не постои баланс, и се пренагласени дисхармонични аспекти, тогаш сите комплицирани особености на знакот или знаците кој се доминантни во наталната карта ќе дојдат до израз.

Дали си имал некаков проблем или инцидент со клиент кој дознал нешто непријатно од натална карта?

Не може да одвојам некоја непријатна случка или инцидент со клиентите. Најчесто се работи за негодување кога клиентот доаѓа со веќе спремен одговор на некое прашање, а астрологијата не го потврдува истото.

Па, добивам реакции од типот, е како сега така, а не може ли поинаку и сл.

ivica-trpovski-astrolog-07.jpg

Веруваат ли Македонците во астрологија?

Македонците прилично веруваат во астрологија и воопшто имаат интересирање за сите езотерични гранки.

Можам да кажам дека во Македонија постојат доста добри астролози и луѓе кој имаат познавање од езотерија, но за жал ништо од тоа не е систематизирано и ставено во некоја рамка и форма, се надевам дека во иднина тоа ќе се смени.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Виктор Апостоловски по свадбата и медениот месец на Лефкада: „Најмагично ми беше кога ја видов Милен... „Размислував дали да носам капче на свадбата и кога прашав почнаа повозрасните: ...
Таско за татковството: „Најстресно ми беше кога Лукијан првпат се разболе“ „Првиот момент кога го видов Лукијан, тој беше стар дури цели 2 минути. Низ мене...
Коста Петров: „Кога се сакаш себеси, кога ќе научиш да си простиш себеси, кога ги прифаќаш сите свои... „Детето во мене никогаш не беше проблемот. Проблемот беше товарот што детето го ...
Љубовната приказна на Симона и Кристијан: „Се венчавме во манастирот Бигорски, направивме свадба во ... „Црковното венчавање го направивме пред една година во манастирот Бигорски,...
Драгана од Скопје: „Имам над 1.000 барбики, омилената ја платив 400 евра, заради филмот Barbie интер... „Моментално омилена ми е куклата Elina од филмот Barbie Fairytopia од 2006 годин...
Антониа Гиговска за CRNOBELO: „Киан ни дојде во вистински момент, најтешко ми е станувањето рано, ба... „Живееме сами, но мајка му и татко му на Роберт живеат еден кат над нас и тие се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg