Боро Мирчески ослабе 40kg: „Имав здравствени проблеми, но кога почина мајка ми одлучив да го трансформирам животот“

„Поради интензивен стрес, открив неколку сериозни здравствени дијагнози кај мене, но ситуацијата кулминираше со смртта на мојата мајка, по што на само 35 години останав без двајца родители, кои од овој свет заминаа на неполни 57 години. За жал, и двајцата беа со прекумерна тежина“ ја започнува својата приказна за CRNOBELO.com Боро Мирчески (36) од Скопје, кој имал 119 килограми, пред да го трансформира изгледот.

boro-mircheski-oslabe-40kg-imav-zdravstveni-problemi-no-koga-pochina-majka-mi-i-odluchiv-da-go-transformiram-zhivotot-01.jpg

Боро Мирчески (36) од Скопје, сопруг и татко на два сина, успеа да намали повеќе од 40 килограми од телесната тежина за само неколку месеци и тоа со здрава исхрана и интензивни тренинзи.

Боро моментално живее и работи во Германија, како конзул во македонската амбасада во Бон, а сака да ја сподели својата приказна за да инспирира и други луѓе дека тоа што се сака се може.

Тој ја споделува својата приказна за CRNOBELO.com:

„Мојата приказна за промена на начинот на живот започна во 2022 година, кога поради интензивен стрес, открив неколку сериозни здравствени дијагнози.

boro-mircheski-oslabe-40kg-imav-zdravstveni-problemi-no-koga-pochina-majka-mi-i-odluchiv-da-go-transformiram-zhivotot-11.jpg

Ситуацијата кулминираше со смртта на мојата мајка, по што на само 35 години останав без двајца родители, кои од овој свет заминаа на неполни 57 години.

За жал, и двајцата беа со прекумерна тежина.

boro-mircheski-oslabe-40kg-imav-zdravstveni-problemi-no-koga-pochina-majka-mi-i-odluchiv-da-go-transformiram-zhivotot-10.jpg

По неколку месеци справување со пост-трауматичниот стрес на големо инсистирање на мојата сопруга, одлучив да дојде клучниот момент за и јас да направам радикален чекор и да станам здрав и витален татко на Петар и Марко, татко кој нема да се бори со здравствени потешкотии предизвикани од зголемена телесна тежина.

boro-mircheski-oslabe-40kg-imav-zdravstveni-problemi-no-koga-pochina-majka-mi-i-odluchiv-da-go-transformiram-zhivotot-07.JPG

boro-mircheski-oslabe-40kg-imav-zdravstveni-problemi-no-koga-pochina-majka-mi-i-odluchiv-da-go-transformiram-zhivotot-09.jpg

За само осум месеци, од 119 килограми успеав да намалам повеќе од 40 килограми и во моментов тежам само 76 килограми.

boro-mircheski-oslabe-40kg-imav-zdravstveni-problemi-no-koga-pochina-majka-mi-i-odluchiv-da-go-transformiram-zhivotot-03.jpg

Радикална промена на која ќе ми треба долго време да се навикнам на новиот јас. Порано носев облека со број 3XL, денес носам М, носев панталони број 38, денес носам број 32. Имам значително повеќе енергија и се чувствувам многу поздраво.

boro-mircheski-oslabe-40kg-imav-zdravstveni-problemi-no-koga-pochina-majka-mi-i-odluchiv-da-go-transformiram-zhivotot-04.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Снежана Матовска: „На мојот син Цако (32) на 3 месеци му дијагностицираа Даунов синдром, но заврши ф... „Мојот сопруг уште дента кога му ја соопштив веста дека нашето бебе има дијагноз...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Ленче Манова: „Имав 39 години и бев на работ од смртта, пријател ми донираше дел од својот црн дроб ... „Поради автоимуна болест, која ми ја дијагностицираа на 32 години, црниот дроб м...
Српската актерка Сандра Силаѓев за CRNOBELO: „Родена сум во Штип, се ежам на ‘Македонско девојче’ и ... „Секое лето доаѓав во Скопје и Штип. Поминав навистина многу време во Македонија...
„Нема бенефит од доењето, постои само ризик од недоење“: Наташа Ц. Тодосовска, специјалист за доење ... „Сите слики од доење кои ги гледаме на социјалните медиуми се најчесто од мајка ...
Емра Куртишова: „Лена уште во стомакот реагираше на гласот на татко ѝ, а сега се топи кога тој ќе ѝ ... „Ликот на Исаура ми фали премногу. Навистина ми е жал што успеав да снимам само ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg