Мајката, која д-р Чадиковски ја прогласи за херој: „Бев на тешка операција на срцето на ќерка ми (1) и се породив со синчето во 24 часа“

„Скршена од грижа чекав да се заврши операцијата, чекав добри вести. Напред девојченце мое, бори се како херој душо малецка. Додека таа се бореше во првите критични 24 часа, се роди нејзиното братче, Матео... А јас, мене ми се измешаа емоциите“ – вели за CRNOBELO.com Слободанка Димитровска, мајката херој која во 24 часа присуствуваше на тешка операција на ќеркичката, направена од магичните раце на доктор Владимир Чадиковски, а потоа роди уште едно здраво машко дете.

slobodanka-dimitrovska-za-crnobelo-com-bev-bremena-koga-doznavme-deka-kjerkata-ima-srceva-maana-vo-24-chasa-ja-operiraa-i-se-porodiv-01.jpg

Пред неколку дена цела Македонија слушна за Слободанка Димитровска, мајката херој која во само 24 часа присуствуваше на тешката операција на срцето на нејзиното 1-годишно девојче, а потоа се породи и на свет го донесе новородениот син.

Благодарение на Доктор Владимир Чадиковски кој на својот Инстаграм профил Слободанка ја нарече херој, цела Македонија дозна за голготата низ која оваа млада мајка морала да помине.

slobodanka-dimitrovska-za-crnobelo-com-bev-bremena-koga-doznavme-deka-kjerkata-ima-srceva-maana-vo-24-chasa-ja-operiraa-i-se-porodiv-02.jpg

Само две недели по породувањето, Слободанка даде ексклузивно интервју за CRNOBELO.com каде во емотивна исповед раскажува низ што се поминале таа и сопругот додека во исчекување на новиот член во семејството, морале да се борат за да го спасат животот на ќеркичката.

Кога ги читате нејзините зборови, на очи ви навираат солзи и сфаќате колку човек некогаш мора да биде силен и да го издржи она што животот му го носи, да најде енергија и да истрае во најтешките мигови.

Сфаќате колку е важна поддршката и љубовта од најблиските и семејството, за и во оние мигови кога ќе се најдете во безизлезна ситуација да имате на кого да се потпрете.

Нејзиното писмо со благодарност до доктор Чадиковски беше објавено на социјалните мрежи:

slobodanka-dimitrovska-za-crnobelo-com-bev-bremena-koga-doznavme-deka-kjerkata-ima-srceva-maana-vo-24-chasa-ja-operiraa-i-se-porodiv-03.jpg

Слободанка Димитровска по потекло е од Штип, а живее во Скопје неколку години, и работи во штипска фирма како администратор.

Таа е мајка на две дечиња, која одвои дел од своето време за да ја раскаже својата приказна за читателите на CRNOBELO.com.

Слободанка за CRNOBELO.com открива:

Дали имаше нормална бременост со првото дете и кога дозна дека ќеркичката има срцева мана што треба да се оперира?

Бременоста со првото дете во 2021 ми беше потполно нормална. Дури и оние пропратни појави кои ги имаат бремените жени, како што се повраќање, гадење и слично, кај мене беа присутни во сосема мал процент.

Поголем проблем имав во последните два месеци на бременоста кога плодот почна да притиска на ишијалгичниот нерв, па имав поголеми болки во кичмата, а повремено ми се кочеше и едната нога...

Но, сето тоа престана кога се роди Емили. Емили беше сосема нормално бебе, со здрав развој.

Редовно ги поминавме сите контроли кај матичниот педијатар, веќе имаше примено неколку вакцини со претходна проверка на нејзината здравствена состојба.

Беше дебелко и здраво бебе. Во ноември требаше да ја прими МРП вакцината, но поради повремено течење на носето јас како мајка си го одлагав терминот, со намера да почекам да биде потполно здрава.

Кога при крајот на јануари конечно ја одведовме да ја прими вакцината, докторката која ја прегледа (а која досега никогаш не се погодила на смена) нè праша што преземаме за проблемот што детето го има со срцето.

Јас и мојот сопруг на почетокот бевме изненадени и исплашени, но се тешевме дека нема шанси ова да е точно, затоа што колку доктори до сега го слушнале нејзиното срце и никој ништо не забележал...

Но, стравот од една страна и љубовта кон детето од друга страна нè натера веднаш да закажеме преглед кај кардиолог и уште истиот ден се потврди дијагнозата, дека Емили има вродена срцева мана.

slobodanka-dimitrovska-za-crnobelo-com-bev-bremena-koga-doznavme-deka-kjerkata-ima-srceva-maana-vo-24-chasa-ja-operiraa-i-se-porodiv-06.jpg

Кои беа првите симптоми?

Мојата ќерка немаше никакви симптоми дека има ваков проблем.

Единствено што можеби побрзо се изморуваше од другите деца на нејзина возраст, но сите мислевме дека тоа се случува поради тоа што беше дебелко бебенце.

Кога дозна дека си бремена по вторпат? Какви беа емоциите?

Во текот на летото 2022 дознав дека сум повторно бремена.

Ова беше сакана и планирана бременост, така што потврдата дека тоа навистина се случи, мене и на сопругот ни донесе многу радост.

slobodanka-dimitrovska-za-crnobelo-com-bev-bremena-koga-doznavme-deka-kjerkata-ima-srceva-maana-vo-24-chasa-ja-operiraa-i-se-porodiv-08.jpg

Колку најблиските беа тука за тебе во овие тешки мигови? Без чија помош и поддршка сметаш дека немаше да го издржиш овој тежок период?

Во тешките моменти секако дека најблиските беа со мене, и со моето семејство. Мајка ми остана со нас да ми помага физички, а да биде присутна и за моментите кога ќе ми треба поддршка, прегратка.

Не рекле за џабе дека поделената среќа се дуплира, а поделената тежина се намалува.

Јас како секоја мајка бдеев над моето чедо, се плашев за едното, но се плашев и за она другото, нероденото, чие срце чукаше точно под моето срце. Но, знаев дека морам да издржам, и за двајцата.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Кире Лазаров: „Со Каролина бевме партнери за матура, поради погрешна дијагноза мислев дека рано ќе ј... „Финалето на Светското клупско првенство беше мојот најтежок натпревар во кариер...
Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Јелена Розга за CRNOBELO: „Мислев ќе се срушам од убавина кога публиката ја пееше ‘Гинем’ на цел гла... „Утрото пред концертот имав некој чуден страв, па ѝ се јавив на другарка ми и ѝ ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg