Мајката, која д-р Чадиковски ја прогласи за херој: „Бев на тешка операција на срцето на ќерка ми (1) и се породив со синчето во 24 часа“

Имаше една операција со првото дете, и породување со второто во 24 часа? Раскажи ни што се случи поточно?

Сите овие случувања се поклопија со моето влегување во деветтиот месец на бременоста, кога од страна на докторот ни беше потврдено дека операцијата е неопходна во најкраток можен рок.

Веќе немаше што да се чека, сакавме само што побрзо да се заврши, да се ослободам емоционално од грижата и да се посветам на раѓањето на другото дете.

Но, од објективни причини, операцијата се одложи за една недела, се поклопија термините, и јас и мојот сопруг се  најдовме на крстопат - треба да избереш насока, а богами не знаеш како, ниту што.

Не сакав да се ставам во позиција да бидам во кревет и да не можам да си го видам оперираното девојченце.

И затоа во договор со докторот решивме прво да заврши операцијата на Емили, а после тоа да биде моето породување.

slobodanka-dimitrovska-za-crnobelo-com-bev-bremena-koga-doznavme-deka-kjerkata-ima-srceva-maana-vo-24-chasa-ja-operiraa-i-se-porodiv-09.jpg

Како мајка, како се чувствуваше во тие мигови? Ти дозволија ли веднаш по породувањето да одиш да го видиш првото дете?

Како да ви кажам како се чувствував јас како мајка во тие мигови? Скршена од грижа чекав да се заврши операцијата, чекав добри вести... Се терав самата себе да мислам позитивно. Операцијата заврши, добро изведена, хируршки прецизно. Но што сега?

Сега ќе чекаме малечкиот организам да се прилагоди на новите услови, да почне да работи како што треба. А за сето тоа, треба да се избори. Напред девојченце мое, бори се како херој душо малецка.

Додека таа се бореше во првите критични 24 часа, се роди нејзиното братче, Матео.

А јас, мене ми се измешаа емоциите. И се радував и плачев во исто време.

Го гушкав бебето, а го придушував плачот, видов дека тој е во ред, па мислите ми лутаа постојано кај Емили.

Уште истиот ден кога се породив, вечерта сестрите со дозвола на докторот ме однесоа кај Емили, на интензивна нега...

Не можев да направам ништо освен да ја гледам приклучена на апарати и да се молам за неа.

Како да бев дел од некоја докторска серија на телевизија, само што ова не беше реално шоу.

Додека бев на акушерското одделение, секој ден по двапати со количка некоја од сестрите ме носеше на интензивна нега, каде што го гледав мојот мал борец.

Не беше секогаш добро, имаше и кризи кои јас ги доживував како свои, ама не паднав со духот.

slobodanka-dimitrovska-za-crnobelo-com-bev-bremena-koga-doznavme-deka-kjerkata-ima-srceva-maana-vo-24-chasa-ja-operiraa-i-se-porodiv-07.jpg

Кој беше со Емили додека ти беше на породување?

После операцијата, никој од семејството не смееше да остане со Емили.

За нејзиниот престој на интензивната нега беше задолжена сестра која ја следеше секоја промена кај неа.

Иако на мене и на мојот сопруг ни беше дозволено двапати на ден да ја посетуваме, во ретки моменти можевме да ја држиме само за рачето.

Таа не беше свесна што се случува околу неа, и постојано спиеше, додека нејзиниот организам се бореше.

Деветтиот ден после операцијата Емили беше преместена во соба, а со неа остана нејзиниот татко затоа што јас и бебето веќе бевме отпуштени од болница, а јас во овој момент повеќе му бев потребна на бебето.

Какви беа емоциите откако заврши сѐ? Што посака да направиш прво откако си замина од болница?

Какви беа емоциите кога се заврши сè? Па знаете дека мајките постојано се грижат, дури и кога ќе заврши сè, дури и кога децата ќе пораснат и ќе имаат свои деца.

Среќата е неизмерна кога семејството е повторно заедно. Тоа се моменти за кои вреди да се живее. Така се пишува историјата на едно семејство.

Тоа е она што го посакав кога јас си дојдов од болница, сè да биде во ред, Емили да се врати дома, да бидеме сите заедно. И желбата ми се исполни, една недела покасно.

slobodanka-dimitrovska-za-crnobelo-com-bev-bremena-koga-doznavme-deka-kjerkata-ima-srceva-maana-vo-24-chasa-ja-operiraa-i-se-porodiv-04.jpg

Како се одвиваат сега деновите? Имаш ли помош и поддршка од некого додека се грижиш за двете деца?

Сега деновите се одвиваат со малку намалено темпо, речиси нормално. Секако дека имам помош, како инаку би издржала со две мали деца, од кои едното има само две недели, а другото преживеа тешка операција на срцето?

Најголема поддршка во сето ова добивав од мојот сопруг, знам дека ова беше многу тежок период и за него, но сите заедно го преживеавме...

Не рекле за џабе - она што не нè убива, нè прави посилни...

slobodanka-dimitrovska-za-crnobelo-com-bev-bremena-koga-doznavme-deka-kjerkata-ima-srceva-maana-vo-24-chasa-ja-operiraa-i-se-porodiv-10.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Кире Лазаров: „Со Каролина бевме партнери за матура, поради погрешна дијагноза мислев дека рано ќе ј... „Финалето на Светското клупско првенство беше мојот најтежок натпревар во кариер...
Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Јелена Розга за CRNOBELO: „Мислев ќе се срушам од убавина кога публиката ја пееше ‘Гинем’ на цел гла... „Утрото пред концертот имав некој чуден страв, па ѝ се јавив на другарка ми и ѝ ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg