„Без филтер“ со Владимир Четкар: „Луѓето не веруваат дека знам да правам четки, татко ми е последниот четкар на Балканот“
- Детали
- понеделник, 20 октомври 2025
„Ако турбофолкот и кичот се персона, тие би биле број еден на мојата црна листа“, вели џез-музичарот Владимир Четкар и ни одговори на уште десетина интересни прашања.

Најпознатиот македонски џез-музичар, Владимир Василевски - Четкар, својот прекар го добил преку татко му, кој е долгогодишен занаетчија во Охрид, и според Владимир, последниот четкар на Балканот, а можеби и во Европа.
Музиката му е во крвта, но во видео-интервјуто ни откри дека и тој знае да прави четки, иако луѓето често не му веруваат.

На Инстаграм често објавува видеа во кои за себе знае да каже дека е многу жежок. Па на прашањето, дали е навистина така, низ смеа вели:
„Тоа е дефинитивно дел од мојот живот, да си правам хумористични видеа на точак или пешки, меѓутоа во секоја шега има и малку вистина“.
Погледнете го целото видео со забавните прашања за Четкар:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело