Тончи Хуљиќ искрено за зетот Петар Грашо: „Тој е лош пример за сите мажи – никој не сака да гледа што прави дома“

„Тој мајчински инстинкт е навистина неверојатен, таа сакаше да биде мајка и тоа ѝ се оствари“ – Тончи Хуљиќ отворено зборува за тоа каква мајка е неговата ќерка Хана, но и за тоа како Петар Грашо се снашол во улогата на сопруг, татко и зет, откако претходно 24 години тврдеше дека не верува во бракот како институција, додека беше со Данијела Мартиновиќ.

tonchi-huljikj-kazha-kakov-zet-e-petar-grasho-toj-e-losh-primer-za-site-mazhi-nikoj-ne-saka-da-gleda-shto-pravi-doma-01.jpg

По 24 години заеднички живот, Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ се разделија во 2021-ва година. Долго години парот тврдеше дека не им треба парче хартија за да бидат среќни, но очигледно нештата се менуваат.

Данијела деновиве е топ тема во хрватските медиуми откако повторно најде љубов и почна врска со инспекторот Јосип, па рече дека е отворена за сите опции, па и за брак, а Петар минатата година се ожени со Хана, ќерката на својот долгогодишен пријател Тончи Хуљиќ и заедно ја добија ќеркичката Алба.

Петар Грашо и Хана се еден од најпопуларните парови во Хрватска и регионот, а познати се по тоа дека ретко зборуваат за својот приватен живот.

Но, Тончи Хуљиќ честопати знае да проговори во јавноста и да открие повеќе детали од приватниот живот на неговата ќерка и зетот.

Тончи неодамна откри дека Хана наскоро повторно ќе се врати на сцената, откако подолго време немаше настапи затоа што беше на породилно боледување, по раѓањето на ќеркичката Алба.

Тој исто така сподели и дека малата Алба на Хана и Петар им одзема премногу време, па неговата сопруга Вјекослава помага за Хана да може да се одмори.

Хуљиќ неодамна зборуваше во едно интервју и рече дека веќе се заситил од музичката кариера и сака да ужива во улогата на дедо.

„Немаш време да работиш и не успеваш да се сконцентрираш. Секогаш треба да бидеш подготвен да помогнеш, денешните деца имаат големи барања, особено ако имаат енергија како ова.

Алба не е како сите деца, но изгледа секој дедо така зборува за својата внука, а таа е мошне музикална личност, екстремно“ – рече Тончи.

Тој е горд на тоа каква мајка е неговата ќерка Хана и рече дека малку е загрижен за неа.

„Таа се претвора од девојче во грижлива мајка, на кое мораме да внимаваме, затоа што ќе дозволи ќерката да ја изеде во целост... Тој мајчински инстинкт е навистина неверојатен, таа сакаше да биде мајка и тоа ѝ се оствари“ – рече тој.

За крај Тончи зборуваше и за тоа каков зет и сопруг е Петар Грашо, кој долги години му беше пријател пред да стане член на семејството.

„Тој е лош пример за сите мажи. Толку е брилијантен во домот, па сите пријатели што ги однесов таму со сопругите ми рекоа да не ги носам веќе за да не гледаат што се случува.

Човекот навистина знае да готви и тоа е неверојатно. Затоа нема зошто да му делам совети, а и нема полошо од тоа бабата и дедото постојано да се мешаат кај децата – мешај се толку колку што бараат од тебе“ – рече тој.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...

Најчитани неделава