Српска актерка искрена за вонтелесното оплодување: „Се обидовме петпати, загубив едно од бебињата во сообраќајка“

„Постојано имав страв од неуспех, но не дозволив духовно да паднам. На последното вонтелесно оплодување, малку се смирив“ – актерката Јелисавета Орашанин открива како изгледал нејзиниот тежок пат до потомство. Заради тромбофилијата таа морала да оди на вонтелесно оплодување, но и патот до мајчинство не бил лесен.

srpska-akterka-iskrena-za-vontelesnoto-oploduvanje-se-obidovme-petpati-zagubiv-edno-od-bebinjata-vo-soobrakjajka-01.jpg

Српската актерка Јелисавета Орашанин (34), позната е по тоа што во минатото беше во врска со Вук Костиќ, но и по експлицитните сцени што ги сними во серијата „Убице мог оца“.

srpska-akterka-iskrena-za-vontelesnoto-oploduvanje-se-obidovme-petpati-zagubiv-edno-od-bebinjata-vo-soobrakjajka-02.jpg

На приватен план, таа е мајка на 2 деца, ќерката Петра и синот Богдан и е во брак со кошаркарот Милош Теодосиќ, а честопати знае да ја сподели својата приказна за борбата за потомство со цел да ги охрабри сите жени што поминуваат низ слични периоди во животот.

srpska-akterka-iskrena-za-vontelesnoto-oploduvanje-se-obidovme-petpati-zagubiv-edno-od-bebinjata-vo-soobrakjajka-03.jpg

Претходно Јелисавета откри дека заради здравствената состојба позната како тромбофилија морала да оди на вонтелесно оплодување.

Сега Јелисавета говореше искрено за нејзината борба за потомство и откри неколку непознати детали. Таа рече дека за да го добијат првото дете со сопругот повеќепати се обиделе со ин витро оплодување.

„Петра ја добив за време на петтиот обид. Жените мора да бидат силни. За мене тој период траеше година и половина. Имав два неуспешни обиди, спонтан абортус и поминував низ најразлични фази“ – рече таа додека гостуваше во една емисија на српска телевизија.

srpska-akterka-iskrena-za-vontelesnoto-oploduvanje-se-obidovme-petpati-zagubiv-edno-od-bebinjata-vo-soobrakjajka-05.jpg

Јелисавета вели дека додека се обидувала да остане бремена со ин витро оплодување, паралелно се трудела да остане посветена и на својата актерска кариера.

„Снимањето и работата ми беа единствен начин да го преживеам тоа. Постојано имав страв од неуспех, но не дозволив духовно да паднам. На последното вонтелесно оплодување, малку се смирив, но имав сообраќајна несреќа. Носев близнаци, но остана само Петра“ – раскажува таа.

srpska-akterka-iskrena-za-vontelesnoto-oploduvanje-se-obidovme-petpati-zagubiv-edno-od-bebinjata-vo-soobrakjajka-06.jpg

Како што им се случува на голем број други жени, Јелисавета вели дека второто дете го добила по природен пат, а првите три месеци воопшто не знаела дека е бремена.

„Кај мене на крајот сѐ излезе како што треба. Со Богдан не знаев дека сум бремена 3 месеци“ – вели таа.

srpska-akterka-iskrena-za-vontelesnoto-oploduvanje-se-obidovme-petpati-zagubiv-edno-od-bebinjata-vo-soobrakjajka-04.jpg

Инаку, тромбофилијата е склоност на организмот да создава згрутчувања во крвта (тромб) што настанува како последица на вродено или стекнато пореметување на способноста за коагулација на крвта.

Постојат студии што тромбофилијата ја наведуваат како една од причините за стерилитет затоа што заради оваа состојба во телото на жената се создаваат голем број тромбови во ендометриумот и ја спречуваат имплантацијата на ембрионот.

Прочитајте и Љубовна врска со Вук Костиќ, експлицитни сцени во серијата „Убице мог оца“ – факти за српската актерка Јелисавета Орашанин

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Со малку оседена коса, има 54 години, 4 деца: Каде е и што прави денес евровизискиот миленик Сакис Р... Како млад работел и на градилиште за да се грижи за браќата, а гласините за него...
Односот на Мирка Васиљевиќ и Вујадин Савиќ: Таа сака и 5-то дете со него, тој ја изневери и со транс... „Ние го живееме нашиот живот, а не медиумски. Научив дека секое чудо трае три де...
Српска водителка со исповед: „Пред 12 години, на Бадник, лежев во болница и се молев на Бога за опер... Снежана Дакиќ имала комплексна интервенција на мозочните крвни садови во Германи...
Аца Амадеус ја обвини сопругата дека имала афера со ученик, ќерката го нападна: „Тато ме тепаше, се ... Нов скандал на Аца од Амадеус бенд, откако лани откри дека се разведува од сопру...

Најчитани неделава