„Тој почина, а таа сè уште му пишува писма“ - Јосипа Лисац и Карло Метикош, најтрагичната љубовна приказна во Југославија

Со многу топлина за нивната љубов зборуваше и Карло.

„Кога се вратив во Загреб, сфатив дека музичката сцена е сменета. Дојдоа други луѓе, растеа како печурки после дожд, воопшто не знаев кој е, што е.

Некако се стопив во таа рутина, имав свирки и еднаш отидов во Петриња, каде што ја сретнав Јосипа Лисац.

Нашите погледи се сретнаа, како во приказна, и оттогаш сме неразделни. Тоа беше 1971 година.

Бев воодушевен од нејзиното пеење и начинот на кој се однесуваше. Веднаш се заљубив. Се качивме во автобус од Петриња до Загреб, седнав до неа и почнав да испуштам позитивни вибрации.

Јосипа подоцна ми призна дека како мала отишла да види каде живеам, иако по грешка ѝ кажале дека живеам во улицата ‘Моше Пијаде“. Се возела со трамвај и гледала во нечиј прозорец мислејќи дека е мојот.

Првата плоча што таа ја купила во животот била плоча на Мет Колинс. Ете, судбина...“, рече своевремено Метикош.

Нивната љубов е опеана во легендарниот албум „Dnevnik jedne ljubavi“ од 1973 година.

Во неколку интервјуа подоцна Јосипа раскажа дека нивната љубов била толку голема, што тие никогаш не си кажале лош збор во лутина.

„Никогаш не разговаравме толку монструозно како што слушам дека зборуваат денес. Никогаш не се пцуевме еден на друг и не трескавме врата.

Што имавме да кажеме, ќе го кажевме веднаш, не оставивме за подоцна. Сè решававме со разговор. Ако едниот беше изнемоштен или под стрес, другиот ќе го кренеше, така се менувавме и функциониравме“, знаеше да каже пејачката во своите интервјуа.

Карло почина во 1991 година од срцев удар на 51 година, а Јосипа вели дека сè уште не го преболела. Тагата што ја носи во себе ја оживува на секој концерт и секоја песна му ја посветува нему.

„Љубов како нашата и треба да биде опеана во песните“, рече одамна Лисац.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Сузана и Саша Поповиќ - првиот брак ѝ траел 7 месеци, Саша ја освоил со еден г... „Тогаш уште немаше мобилни телефони, па ми го даде бројот од својот пејџер, а ја...
Јелена Карлеуша со емотивно сеќавање за Тоше: „Никогаш не сум плачела толку многу како дента кога за... „Тоше беше неуморен. И пееше како некоја виша сила да го тера да пее цело време,...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Едниот син таа го пронајде мртов, другиот се предозира во Израел: Трагедиите во семејството на Марин... Во 2008 година, ненадејно почина помладиот син на Марина Туцаковиќ. Во 2021-ва т...
Се огласи ќерката на Аца од „Амадеус бенд“ кој се откажа од неа: „Тој ги објави голите фотки на мајк... „Едно утро во 4 часот, веројатно пијан, ми испрати порака дека сфатил дека не го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg