Солено кафе за добредојде - стар турски обичај со кои девојките ја тестирале љубовта на младоженецот

На турски овој обичај се нарекува Tuzlu kahve, а служел како тест со кој можело да се процени каков сопруг ќе биде момчето што доаѓа да ја побара раката на девојката.

soleno-kafe-za-dobredojde-star-turski-obichaj-so-koi-devojkite-ja-testirale-ljubovta-na-mladozhenecot-01.jpg

Во последните неколку години со доаѓањето на турските серии кај нас, се чини дека научивме многу за турските обичаи и култура, а честопати во нив може да се види како кога младоженецот оди да ја бара раката на саканата, таа ги пречекува со кафе.

Србинката Мима живее во Истанбул, а на својот Инстаграм профил @miminputokaz честопати споделува интересни фотографии од секојдневието во Турција, но и појаснува некои турски обичаи и изреки.

Во една од нејзините објави таа зборува за турскиот обичај познат како Tuzlu kahve или преведено како „солено кафе“.

Според обичајот, кога момчето ќе дојде во домот на девојката за да ја побара нејзината рака, таа треба да им свари кафе на стројниците и нему, но се случувало кафето што ќе му биде послужено на младоженецот да биде солено или луто.

soleno-kafe-za-dobredojde-star-turski-obichaj-so-koi-devojkite-ja-testirale-ljubovta-na-mladozhenecot-03.jpg

Младоженецот во тој случај треба да се насмевнува и да се преправа дека сѐ е во ред, додека другите го гледаат како се препотува и го пие пијалакот и му се потсмеваат на маката.

Според легендите, оваа традиција доаѓа уште од времето кога браковите биле договарани, а на тој начин девојката можела да покаже како се чувствува за момчето што првпат го гледа во животот.

Ако на девојката и на нејзиното семејство им се допаѓа момчето, тоа ќе добие благо кафе со шеќер, но ако не им се допадне, тогаш сигурно ќе добие кафе зачинето со сол или со бибер.

На тој начин, девојката културно му порачувала на момчето дека откако ќе го испие кафето, не треба да се враќа во нејзиниот дом.

soleno-kafe-za-dobredojde-star-turski-obichaj-so-koi-devojkite-ja-testirale-ljubovta-na-mladozhenecot-04.jpg

Според друга легенда, соленото или лутото кафе служеле како тест за тоа каков сопруг ќе биде младоженецот.

Доколку го испие пијалакот без да покаже каков било знак на непријатност, се сметало дека тој ја сака девојката и заради тоа ќе биде подготвен за неа да ги истрпи сите потешкотии што се симболизирани со соленото кафе.

soleno-kafe-za-dobredojde-star-turski-obichaj-so-koi-devojkite-ja-testirale-ljubovta-na-mladozhenecot-02.jpg

Според легендите, обичајот своите почетоци ги има во приказната за Осман Февзи Бег, кој бил во служба на султанот Абдулхамид Втори.

Бегот бил многу вљубен во девојка по име Рефика.

Кога дошол во нејзиниот дом да ја побара за жена, таа се збунила, па наместо шеќер му ставила сол во кафето.

Осман Фавзи Бег, за да не ја посрамоти својата љубена, рекол дека многу сака да пие солено кафе, затоа што така навикнал да го пие во војската.

soleno-kafe-za-dobredojde-star-turski-obichaj-so-koi-devojkite-ja-testirale-ljubovta-na-mladozhenecot-05.jpg

Рефика му поверувала и наредните 50 години постојано му варела солено кафе, а тој го пиел без да каже збор.

Наводно, признал дека тоа го правел од љубов кон својата сопруга дури во својот тестамент.

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прва изјава на Цеца: „Си отидов ден пред да се породи Анастасија, тие нека слават, јас едвај чекам д... „Јас сум богата жена. Одлично се и Анастасија и внукот. Морав да се вратам од Шп...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Девојката со крилја од Србија, родена без раце, е бремена вторпат – објави фотосесија со сопругот и ... Инспиративната Србинка која е родена без раце, позната како „девојка со крилја“,...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...

Најчитани неделава