Гоца Тржан отворено проговори за распадот на првиот брак: „Почна да се коцка, се пропи - си ги спакував куферите“

„Се разведовме затоа што тој е еден неработник, кој се коцкаше и ја прокоцка целата наша заштеда. Се разведовме затоа што се пропи. Се разведовме затоа што ме понижуваше и во моментите на пијанство правеше сцени...“, ја започнува емотивната исповед Гоца Тржан.

goca-trzhan-otvoreno-progovori-za-raspadot-na-prviot-brak-pochna-da-se-kocka-da-pie-si-gi-spakuvav-kuferite-01_copy.jpg

Гоца Тржан повеќе од една деценија ужива во љубовта со 14 години помладиот сопруг Рашо Новаковиќ, но таа зад себе има уште еден брак.

Станува збор за бракот со Иван Маринковиќ, кој сега стана ријалити ѕвезда во Србија. Таа од бракот со него ја доби ќерката Лена.

Гоца за „К1 телевизија“ вели дека во тој период мислела дека станува збор за љубов за цел живот, но во 2011 година српските медиуми ја пренесоа веста за нивниот развод.

Бракот не им траел долго, а брзо по првиот роденден на ќерката Лена почнале сериозни семејни конфликти, кои иако Гоца се обидувала да ги реши, не успевала.

Таа не можела да го трпи тоа што се случувало, ги спакувала куферите и заминала со ќерка ѝ, која денес нема никаков контакт со својот биолошки татко.

Парот бил во брак четири години и иако Гоца никогаш не сакаше јавно да изнесува зошто се распаднал, сепак за српските медиуми проговори.

Нејзината емотивна исповед за гласи:

„Се разведовме затоа што тој е еден неработник, кој се коцкаше и ја прокоцка целата наша заштеда. Се разведовме затоа што се пропи. Се разведовме затоа што ме понижуваше и во моментите на пијанство правеше сцени, за што можат да посведочат многу наши пријатели.

Беше тоа невидена немоќ. Се чувствував очајно, немоќно, безвредно. Не знаев кој пат да го фатам.

Најчесто одев со емотивна уцена: 'Ако не престанеш да пиеш и да се коцкаш, ќе се разведеме'. Најчесто тоа не даваше никаков ефект и на крајот се разведовме, му благодарам на Бога. Не можеш на некој на сила да му кажеш дека мора да се лечи. Го условив, но залудно.

Жал ми е што го избра тој пат затоа што мислам дека тоа не е неговиот пат, но тоа е негов избор. Прво сакав да му помогнам, но кога сфатив дека не сака помош и не гледа проблем, јас помислив на тоа дека имам дете за кое морам да се грижам.

Кој имал таков тип на проблем, знае на што мислам. Тоа што е најневеројатно во целата приказна е дека родителите го минимизираат целиот проблем околу зависноста“.

Гоца Тржан и нејзиниот втор сопруг, со кого е среќно вљубена и во обид да добие детенце мина низ повеќе ин витро процедури:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ќерката на Гоца Тржан порасна – позира разголена со новиот дечко фудбалер, тој ја бакнува кај мајка ... Гоца Тржан откри дека ја носела ќерката со себе на свои настапи уште кога била б...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...
Се сврши Кија Коцкар - прстен од 10.500€, го крие партнерот „Сакам цвеќе и букети, па сега на раката имам цвет кој ќе трае малку подолго“, р...
Спиел со преку 350 жени, има деца со 3 од нив - Кои се најголемите љубови на Дарко Лазиќ? Една го обвини дека ја малтретирал, друга, наводно, го остави поради неверство, ...
Жељко Бебек има 4 деца од 3 брака - втората ќерка се крие од јавноста, најмалите деца ги крсти по ро... Жељко Бебек, кој неодамна го прослави 80-тиот роденден е горд татко на 4 деца - ...

Најчитани неделава